Сите кои ги знам и пушат марихуана, се загрижени за своето здравје и пробуваат да превземат колку што е можно повеќе мерки за да го зачуваат. Пустите, се жртвуваат со тоа што пушат марихуана која воедно не им се допаѓа по вкус и мирис.
Ниту еден од тие кои пушат ганџа, не ја пушат пошто им е јако и сакаат да се издрогираат ко стоки. Сите го праат тоа ради здравјето. Некои од нив кои воедно продолжуваат со други дроги, они слушнале дека ствари ко кокаин и хероин се здрави за крвотокот и џигерот, па си викаат...Зошто да не? Се во име на здравјето. Не пушат цигари, не пијат алкохол во преголеми количини, спортуваат и сето тоа.
Марихуана пушат само, али пошто прочитале дека лечи од астма и превентира рак на дојка. Нус ефектите како повраќање, главоболки и слични ствари по конзумирањето на марихуаната кај некои луѓе, се само знак дека заздравувањето на ракот започнало.
Ганџата лечи рак, депресија, сите болести и интелигенција.
Евиденцијата која укажува дека ризиците од проблеми со срцето и срцев удар, губење на краткотрајната меморија, намалување на крвниот притисок, развивање на симптоми на шизофренија, намалување на когнитивните способности, бронхитис и пнеумонија, анксиозност/депресија, рак на белите дробови и тумори се зголемуваат со пушењето на марихуана е глупава и начин за владите да не манипулираат и оттргнат од големата вистина!
МАРИХУАНАТА ЛЕЧИ СЕ’!