- Член од
- 23 декември 2011
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 1.365
Whose Line е скеч шоу започнато отпрвин како програма на Британско радио кое подоцна во 1988 г. добива и своја тв верзија која ке трае 10 сезони, а со нејзиниот завршетокот се започнува и со снимање на Американска верзија во 1998 која ке трае до 2007 г. Секоја епизода се состои од 4 учесници најчесто сочинети од импровизациони комичари на коишто водителот им дава различни задачи и игри да ги импровизираат кои понекогаш се помогнати и од луѓе во публиката и е доста забавно за да се гледа. За разлика од други Британски серии кои се префлуваат на Американско тло и испаѓаат само бледи копии, во овој случај Американската верзија е далеку посупериорна верзија од оригиналот. Како пример, кај Британската верзија изведувачите се менуваат од епизода во епизода, додека пак кај Американската верзија 3-ца од изведувачите се редовни со што се придонесува да има поголема "хемија" меѓу нив затоа што знаат кои им се тиковите и со што можат да се зафркаваат меѓусебно додека пак кај Британциве целиот хумор е некако дрвен. Водителот во Американската серија е Дру Кери а изведувачите се Вејн Брејди, Колин Мокхри и Рајан Стајлс (последните двајца се преземени од Бритинската серија зашто се неверојатно добри) додека 4-от се менува помеѓу Чип Естен, Грег Прупс и Бред Шервуд а има и епизоди со Робин Вилиамс и Вупи Голдберг. Се на се вреди да се гледа затоа што е неверојатно забавна за гледање и лесно можат да се најдат цели епизоди по ЈуТуб или пак сезони по торенти.
Инаку по пауза од 6 години пак се враќа серијава на тв овојпат водена од Ајша Тајлер (Лана од Арчер) и има веќе 3 епизоди искочени во кои форматот е малку сменет но сеуште е добро.