Сагава со Руни почнува да ме нервира и да ме навраќа на неуспешни трансфери од претходно, кои се тегнеле цело лето. Робињо, Нејмар, Модриќ итн.
Не е проблем тоа, проблем е што на крај, ќе има неколку непожелни сценарија.
Ќе нема кој да се купи друг и ќе останеме покуси за играч од таков калибар.
Или пак, во последен ден, ќе се купува панично, ќе се фрлаат многу пари за некој играч, колку да се купи нешто. Третото, ќе се продаде некој од постоечкиве напаѓачи, а ќе се остане со таквото во раце. Случајот лански, ако ви текнува.
Ама ситуацијата е јасна. Јунајтед не сака да го продаде еден од најдобрите играчи на најголемиот директен конкурент, затоа што индиректно можеби и му подарува шампионска титула. Но, по секоја цена сака да го продаде надвор од Англија, а Руни е концизен дека сака во Челзи и да работи со Мурињо.
Од друга страна, ''помалку би болело'' ако на пример во Јунајтед дојде звучно име како Фабрегас, кое би го ставило во сенка заминувањето на Руни.