Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Каде има за урамување на портрети?
не е лошо и цена да пишете ако веќе знаете :P
 
Здраво дечки,
Сакам да прашам каде можам да најдам батерија за лаптоп MSI CR620 ?
Веќе одамна како го користам компјутеров само со адаптер, па време е за нова батерија :)
Фала, поздрав...
 
Дали знае некој кај можам да најдам Potassium nitrate или KNO3 ?
 
:eek: Што ќе правиш бе? Димни бомби? :icon_lol:

Физичко лице не може да купи хемикалија! Распрашај се на е-магаре, таму имаш бомбаши and stuff.
 
Не го лажи.

Дали знае некој кај можам да најдам Potassium nitrate или KNO3 ?
Земјоделска аптека, нечист. Нема да ти заврши голема работа за димни или било што друго од пиротехника.
 
Да не знае некој дали невработено лице треба да плаќа за здравствено осигурување?И колку чини?Овие од ФЗОМ немаат контакт телефон,а неможам да излегувам од работа за да прашам
 
Се предават документи здравствена книшка лична карта барање за осигурување и уплатница од 200 ден мислам дека толку беа и после тоа не плаќаш ништо.
 
Каде можат да се најде камена плоча за печење пица и леб? Мермери и гранити и слично не вршат работа, каменот треба да е намески за да издржи високи температури, а во исто време и релативно порозен (да впива влага од тестото).

Каде можат да се најдат неглазирани керамички садови за готвење?
Како на сликите доле. Или можеби контакт со некој што ги прави рачно?

gallery_8703_615_1105930174.jpg
07-450x320.jpg
mbdj5zvgn3jepAvmGdE1wBA.jpg

Здраво дечки,
Сакам да прашам каде можам да најдам батерија за лаптоп MSI CR620 ?
Веќе одамна како го користам компјутеров само со адаптер, па време е за нова батерија :)
Фала, поздрав...
Најпаметно од Amazon/Ebay, не е зијан да прашаш прво по нашиве комп. фирми (ама очекувај 2 до 3 пати повисока цена). Teшко да држат батерии за застарен модел, ама се можно (плус можеби има компатибилни батерии од понови модели). Ако добро се сеќавам Риверсофт (и/или Нико) држеа MSI хардвер.
Прашај подобро во подфорумот за хардвер, има поупатени ликови таму.
 
Епа ајде бидејќи е темава каде можам да најдам.... ме интересира каде може да најдам натриум хлорит или sodium chlorite MMS (NaClO2). Каде може да се најде за да се купи во Скопје?
Фала ви однапред.
 
Епа ајде бидејќи е темава каде можам да најдам.... ме интересира каде може да најдам натриум хлорит или sodium chlorite MMS (NaCl02). Каде може да се најде за да се купи во Скопје?
Фала ви однапред.

Во Македонија никаде, посебно не како физичко лице.

Можеш преку Sigma Aldrich, или Merck.
 
Каде има за урамување на портрети?
не е лошо и цена да пишете ако веќе знаете :P

За урамување на слики има еден специјализиран дуќан, во Карпош 2, на раскрсницата кај Симпо салонот (заборавив како се викаше).
Кога идеш од кај ГТЦ, ти доаѓа од левата страна, на приземје од една црвеникава куќа. А ако си од Ѓорче, само вртиш десно на раскрсницата. Нема шанси да промашиш.

Цени не знам напамет, ама знам дека истите зависат од димензиите на сликата која ја урамуваш.
 
Каде можат да се најде камена плоча за печење пица и леб? Мермери и гранити и слично не вршат работа, каменот треба да е намески за да издржи високи температури, а во исто време и релативно порозен (да впива влага од тестото).

Каде можат да се најдат неглазирани керамички садови за готвење?
Како на сликите доле. Или можеби контакт со некој што ги прави рачно?

gallery_8703_615_1105930174.jpg
07-450x320.jpg
mbdj5zvgn3jepAvmGdE1wBA.jpg

Најпаметно од Amazon/Ebay, не е зијан да прашаш прво по нашиве комп. фирми (ама очекувај 2 до 3 пати повисока цена). Teшко да држат батерии за застарен модел, ама се можно (плус можеби има компатибилни батерии од понови модели). Ако добро се сеќавам Риверсофт (и/или Нико) држеа MSI хардвер.
Прашај подобро во подфорумот за хардвер, има поупатени ликови таму.

неглазираните керамички производи се токсични и несмеат да доаѓаат во контакт со храна на високи температури
 
Не си разбрал баш најдобро.

Керамичките садови можат да бидат токсични баш кога се глазирани со глазура која содржи жива и кадмиум. Овие (и други токсични материи) метали се мешаат со храната на високи температури ама и уште повеќе кога садовите се во допир со храна со висока киселост. Друга опасност се боите (со кои се украсуваат садовите) кои содржат исто можат да содржат токсични метали (и други страња).
Ако глазурата не содржи жива и кадмиум (и/или други токсични материи), тогаш тој сад е безбеден за употреба.

Инаку неглазираните керамички садови не само што се безбедни туку се одлични за печење леб и секакви пецива (нема сега тука да пишувам зошто). Нормално безбедни се ако глината од која се направени е соодветна за употреба со храна, а ако во глината има контаминанти тогаш е друга приказна. Ама од чиста неконтаминирана глина се прават безбедни керамички садови кои ние луѓето безбедно ги употребуваме уште од прапочетоците на човештвото.

Така да... би бил благодарен за контакт со грнчар (сакам плоча од керамика, по мерка). Или воопшто информации каде се продаваат вакви неглазирани керамички садови.
 
На патеката кон водно има грнчарско студио Анима Мунди ...изработуваат по нарачка

ул. Салвадор Аљенде 50, 1000 Скопје
Тел.+38970 50 50 80 | +38971 33 33 41
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom