Ноќна фотографија (ваши дела)

  • Креатор на темата Креатор на темата Junior
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ме навлечете на фотографија, тоа ќе биде од оваа тема...

Сега научив што се blue hour и golden hour


Ако се навлечеш, brace yourself, џебот ќе те чешка. :)
 
Со Скопско астрономско друштво најчесто правиме набљудувања на делот од селото Брезница до сртот над Козјак. Зависно од условите, кога нема ветер се седи поблиску до сртот, а кога е ветровито на некоја ливада меѓу елките покрај патот.
Светлосно загадување на таа локација има само према исток, односно према Скопје, но не е страшно. А за останатите делови од Македонија најмалку загадени се дефинитивно малешевијата и Мариовскиот предел.
 
Utre ke se odi na teren (Kozjak).
Se cekame vo 19:30 pred Dare Dzambaz.

Za potvrda dali ke se odi javete se posle 18 casot kaj Radan na 076 439 027
Moze da se ostanuva do 1-2 casot koga ke izgree mesecinata.


Pozdrav,
Martin


www.astronomija.com.mk
Превозот е во сопствена режија, ако има вишок коли некои ќе се остават на паркинг во Скопје.
 
Utre ke se odi na teren (Kozjak).
Se cekame vo 19:30 pred Dare Dzambaz.

Za potvrda dali ke se odi javete se posle 18 casot kaj Radan na 076 439 027
Moze da se ostanuva do 1-2 casot koga ke izgree mesecinata.


Pozdrav,
Martin


www.astronomija.com.mk
Превозот е во сопствена режија, ако има вишок коли некои ќе се остават на паркинг во Скопје.

Ти ќе одиш вечер? Каде е планот да се застане, во Брезница или Козјак?
Други од форумов има заинтересирани? Него, какво ќе биде небото? Гледам доста е облачно сабајлево... :)
 
hypertech
Исто така, ме интересира кој начин на фотографирање на star trails го користиш ти?

Дали фотографираш со BULB и најниско можно ISO, или на пример - со правење еден куп фотографии со 30 секунди експозиција на повисоко ISO (да речеме 1600) кои потоа во постпродукција би ги споил во една фотографија?
И едниот и друиот начин би требало да се ефективни, со тоа што, при првиот начин сигурно има повеќе шум и мачно процесирање на апаратот, а при вториот би имал повеќе контрола во однос на фотографијата во постпродукција (вадење несакани загадувања од светлина, авиони и тн) но повеќе работа на компјутер... Тебе што ти е подобро и што практикуваш?
 
Мене ми излегоја други планови денес, па нема да одам.
Инаку ако остане чисто времето до приквечер сигурно ќе се оди на Козјак.
За стар-трејл најчесто практикувам серија од кратки експозиции (2-4 минути, при iso1600) заради избегнување на неколку ефекти:
- на мојот апарат при експозиција подолга од 5 минути се појавува осветлување на сензорот заради термички шум по рамките на сликата.
- често при фотографирање во ладни услови батериите траат многу пократко па може да се случи долгата експозиција да се прекине заради испразнета батерија и воопшто да не се зачува.
- многу полесно се "погодува" осветленоста и општо има помалку шум кога ќе се спојат голем број на фотографии.

Спојувањето се прави со методот на максимум од сите снимени фотографии, односно секој пиксел од конечната слика е максимум од пикселите на истата позиција од поединечните слики. На овој начин светлите линии од ѕвездите се надоврзуваат додека остатокот од сликата останува темен. Има едно софтверче "Startrails" од некој германски автор што супер си ја брка работата, ама може до некаде да се направи и скрипта во фотошоп која ќе ги лепи сликите како леери со максимум логика.
 
Можам да ви кажам дека фотографирањето на ѕвездени траги навечер, на место кај што нема „грам светлина“ е уникатно искуство :)
Бев вчера на Козјак, независно од астрономите, но ги најдов и им се приклучив :)

Небото од Козјак е неверојатно. За тој саат време додека бев таму, видов барем 3 метеори, а ѕвездите се гледаат како да си во вселена... Малку работа заеба облачноста, ама се на се - задоволен како за прв пат :)


Star Trails by MLazarevski, on Flickr

Еве и едно кратко time-lapse видео (full screen + HD):
 
Еве нешто тазе:
9416636743_537d74eb76_b.jpg
 
540303_10201129343969738_730948055_n.jpg


Сликано со фото-апаратот на другарчето Никон D5100, без сталак, со многу мака, една од моите први вечерни фотографии...
 
Чисто за споредба...

Ѕвезди во околина загадена од градското светло (Скопје):

The Sky over Skopje by MLazarevski, on Flickr


И во околина далеку од градското светло (Козјак):

Star Trails by MLazarevski, on Flickr

И покрај облаците и скоро дупло пократката експозиција, ѕвездите над Козјак се далеку позабележителни.
 
mg_81729.jpg


Фоткава страдаше многу ради ноис и неквалитетна кит леќа, ама освен тоа мислам дека испадна океј. Let 3 ти шо велиш? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom