Германскиот парламентарец Холгер Хајбах ја критикуваше Бугарија за непочитување на човековите права Хајбах ги информира своите колеги-парламентарци дека ОМО „Илинден“ – ПИРИН, и покрај двата обида за регистрација по пресудата од Стразбур, повторно не успеала да се регистрира. Според него, бугарските власти автоматски и' наметнувале нови, построги барања, предвидени со Законот за политички партии. Истовремено, овие критериуми не се однесувале за другите политички партии кои постоеле во моментот кога беше констатирано кршењето на Европската конвенција во случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кои и понатаму ги продолжиле нивните активности, без да ги исполнат новите обврски кои се барало да ги исполни партијата на Македонците.
Германскиот парламентарец, кој инаку е од редовите на ЦДУ-ЦСУ,
констатира дека бугарските власти и' наметнале нови правила на партијата ОМО „Илинден“ - ПИРИН, кои бугарската држава не ќе можела да ги наметне ако не ја прекршела Конвенцијата за правата на човекот. „Ваквата ситуација е неприфатлива во поглед на Европската конвенција за правата на човекот“, пишува Хајбах. Тој забележува дека пресудата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, не е единствена што не ја почитува Софија и дека има серија други пресуди на Европскиот суд за правата на човекот во кои е констатирано кршење на правото на слободно собирање и здружување во Бугарија.
-“ Комитетот на министрите го контролира спроведувањето на пресудата за ОМО „Илинден“- ПИРИН од страна на Бугарија. Софија од своја страна даде цврста определба да ја спроведе пресудата во целост и без одлагање, со што ќе се спречат сите нови кршења на правото на слободно здружување на граѓаните“ -изјава на претседавачот на Комитетот на министрите на Советот на Европа.
(Утрински-3.10.07)
________________________________
И што им останува на бугарчињата ?
Може да креваат глас (само не ги слушам нешто),може да ја соберат и да мафтаат со сета нивна црна великобугарска шовинистичка пропаганда(што си ја викаат “блгарска историја“)и пак само ќе си свиткаат опашка .
Пред судска пресуда паѓаат ничкум , а ќе бидуваат и натаму ничкосувани бааги....
Следно....Чувашите цимолат...
Посета на министерката за внатрешни работи Јанкуловска на Бугарија во Сандански :
„Во тек е иницијатива за отварање канцеларија за размена на информации меѓу двете полиции во областа на меѓуграничниот криминал, што планираме да ја отвориме на граничниот премин Ѓуешево“, изјави по средбата бугарскиот министер за внатрешни работи.
Домаќинот, кој ја организираше средбата на високо ниво, направи гаф, преведувајќи ги само изјавите на Јанкуловска.
Веднаш потоа следуваа прашања кои немаа никаква врска со вчерашната средба. Еден од бугарските новинари ја праша Јанкуловска
„за каква соработка на граѓаните на двете земји станува збор кога во Скопје се води засилена антибугарска пропаганда“.(???) Петков веднаш реагираше, посочувајќи дека „двете министерства имаат исклучително добри односи“, што го потврди Јанкуловска.
Друг новинар се интересираше „што прави македонската полиција за да ги спречи блоговите и форумите со антибугарска пропаганда кои, наводно, се појавувале во Македонија“.(????)
(Утрински 08.10.07)
Ете ја бугарската објективност и принципиелност:
кога некои бугарчиња тимски ,со предумисла(ни поканети, а богам ни ни малку сакани) истураат валканици по форумите и блоговите(кајгана не е исклучок) најпримитивно навредувајќи ги МАКЕДОНЦИТЕ тоа било во ред, а кога МАКЕДОНЦИТЕ ќе им ги одбијат нивните валканици разобличувајќи го нивниот великобугарски шовинизам и примитивизам ,тоа било “антибугарска пропаганда“!??
Ем шуто , ем
сака да боде ..... И затоа ќе си се набодат самите!