Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Му билдат на Двојче рејтинг во Босна :icon_lol: другите локални избори градоначалник на Сараево :cool:

Цело време се труби дека не е од општината, кај разбра незнам...или е војник(партиски) или е глуп.
 
goran16ta мојш сега комотно на темата мак.првенство да му го допишиш и босанчето :icon_lol:

Чекај бе овие нашите се избудалија да не земат уште некој(милевски ...) па да копирам пак :D
Улав аспи со тоа ми се допаѓа се логирам и гледам двасет и кусур известувања ,реков касј на светот е а тоа ти си бил се радваш на(засилувањата) титулата и мизеријата на скопјаништата и нивните браќа :pos:
Цело време се труби дека не е од општината, кај разбра незнам...или е војник(партиски) или е глуп.

Брат гарант е скопјанец :P
Инаку многу позитивни коментари за Рики многу го сакале во Мостар се надевам дека ќе се покажи и кај нас па ќе пишеме историја и за прв пат ќе ја земиме титулата во Битола !Како флаг на тортата дојде ;)
Сега е на слатки маки Бочески кој да игра и шо формација да поставува усвари не е важно важно е да победваме !
 
Крајот на сезоната најубаво ќе си покаже кој што земал ;)

Денот по утрото се познава :P
Ние да ви бегаме на полусезона дестина бода ќе го видите крајот не ова турново или миравци па ај милум ,силум ќе ги стегни партија ффм па да попуштиме ...
Сепак да прајме реално мубабет има време ќе видиме како ќе се одвиваат работите а посебно во есенскиот дел ...
 
Добар изгледа според клипчето. Штета шо не дојде побрзо, да се вклопи подобро во тимот.
 
Не се базирајте на клипчиња денес кој стигна си напрај..ќе го видиме на жешкиот терен :D
 
Ќе ги видиме со млекарите,дали ќе му го "туриме"млекото или не....:)
Како и да е,фалеа вакви засилувања,колку ќе се покажат ќе видиме,има време...
Можеби требаше порано да дојди овај Босанецо,ама има време,и сега е таман,да се навикни малце па ќе го имаме за наредните кола..
Ако не се лажам после има пауза за купот,па ќе има време да се навикни....
 
47672_10151525905560636_649122115_n.jpg

Ekипата :)

П.С. Нека ги изват и оние столчиња шо останаја.
 
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/07/blog-post_31.html
Пелистер организационо подготвен за новата сезона


ПРВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ СТАРТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО

​
Во пресрет на домашното деби во новиот шампионат, управата на ФК Пелистер вчера одржа прес-конференција на која беше обелоденет организациониот план за новата натпреварувачка сезона и беше претставена новата официјална веб страна на клубот. Спортскиот директор Миле Димов потврди дека целта во новото првенство е секој меч под Тумбе кафе да биде спектакл и навивачите како во старите добри времиња да можат да уживаат во мечевите во Битола „Заедно со нашиот спонзор Пелистерка се погриживме на гледачите в недела да им биде пријатно кога ќе гледаат првенствен натпревар на нивната омилена екипа. Се обидовме да го уредиме стадионот, трибините, по подолго време донесовме и пијалоци за гледачите. Ќе бидат поставени и 4 тоалети во гледачката зона. Морам да потенцирам дека дел од приходот од влезниците на мечот со Еуромилк ќе оди во хуманитарни цели за децата од Домот за доенчиња„ потенцираше Димов. Битолчани веќе можат да ги добијат и сезонските билети за есенскиот дел од новиот шампионат, во кој Пелистер ќе има најмлад ростер во својата историја и во кој има многу големи измени од тимот кој во јуни преку бараж го обезбеди опстанокот со 10 место во Првата фудбалска лига. По подолго време Пелистер ќе има официјална веб страна која од вчера започна со работа. Таа ќе ги сублимира сите информации поврзани со клубот од Битола, а предвидени се директни преноси од домашните мечеви и продажба на официјални продукти на клубот, за кои постои голем интерес. Веб страната ќе ја уредува портпатолот на клубот Зоран Мишевски. Утре од 13 часот свое обраќање во јавноста ќе имаат фудбалерите и стручниот штаб на чело со Драган Бочевски.--- надополнето: 31 јули 2013 во 16:29 ---

http://www.pelisterfc.com/index.php/pvesti/211-pelister-organizaciono-podgotven-za-novata-sezona
ps.инаку на пресот освен за страната и шанкот ,хуманитарната акција беа повикани Чкембарите да дојдат во што поглем број во Недела за првата победа и беше најавено дека утре ќе има нова прес кофенреција со засилувањата тренерот и планот за следната сезона излез во европа ...
 
Уште Брдаровски да клај еден потпис , тогаш комплетни ќе бидиме.:sneaky::cool:

п.с. Како можи бе на официјална прес-конференција ваква маица да клај бе господе...:facepalm:
pelister%20pres%20golema.jpg
 
Back
На врв Bottom