Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Пелистер најавува насмевки на лицата на своите навивачи


ПО ИГРАТА СО ПОБЕДА И МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ДОБРО ИЗГЛЕДА ПРЕД ПРВЕНСТВЕНОТО ДЕБИ СО ЕУРОМИЛК

​
Во Битола владее нов бран на еуфорија по формирањето на екипата за новата натпреварувачка сезона и последните партии со Победа и Македонија Ѓ.П. дополнително ја „загреаа„ атмосферата. Вториот дел со прилепскиот второлигаш и првото полувреме со „лавовите„ беа посебно позитивни и тренерот Бочевски со целиот ростер го очекува првото коло и дебито под Тумбе кафе со новиот прволигаш Еуромилк. Една од најпозитивните вести е одличното враќање во форма на Марјан Алтипармаковски, кој се врати во матичниот клуб од грчкиот прволигаш Ксанти и откако во Бугарија не одигра ни минута, одигра повеќе од солидно на четирите теста во нашата земја„Мислам дека се наоѓаме на вистинскиот пат. Од натпревар во натпревар играме се подобро, а истото се однесува и за мене. Мислам дека како доаѓа стартот на првенството, сите сме мотивирани и физички и ментално спремни за предизвиците кои ги носи дресот на Пелистер. Мислам дека имаме млада, добро селектирана екипа. На последните тестови фунционираме како што стручниот штаб што посакува. Рано е за прогнози, но овој Пелистер ме потсеќа на оној од пред неколку години, кога играше главна улога во македонскиот фудбал. Се надевам дека и на теренот така ќе изгледаме„ ни рече Алтипармаковски. Против Победа и Македонија Ѓ.П. овој фудбалер се најде во нападот на пелистерци заедно со Стенио Жуниор и двајцата одлично фунционираа. Пелистер никогаш немал помлад и поветувачки напад и со двајца фудбалери со меѓународно искуство. А покрај нив тука е искусниот Благојче Марковски и бившиот фудбалер на ОФК Београд и Краснодар, Сашко Дуков, кој исто така се наметнува. Некаде во вториот дел од првенството во офанзивната линија ќе се придодаде Благојче Главевски, кој го започна долгиот процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Оваа недела управата на клубот ќе ги претстави новите дресови со кои пелистерци ќе дебитираат в недела, а исто така предвидено е и официјализирање на клубскиот веб сајт, кој од почетокот на наредниот месец ќе биде достапен за сите навивачи на битолскиот клуб. Деновиве ќе бидат пуштени во оптек и сезонските билети за есенскиот дел од првенството, во кој Пелистер игра 9 домашни натпревари, а поголемиот дел од нив се дерби мечеви: со Вардар, Металург, Хоризонт Турново, Работнички.
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/07/blog-post_29.html
 
:)Изгледа овај е тој КРЕАТИВЕЦО шо сите го барате:pipi:

Пелистер потпиша со Риад Демиќ


СО ЗАСИЛУВАЊЕ ОД БиХ, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ГО ЗАТВОРИ ПРЕОДНИОТ РОК И Е СПРЕМЕН ЗА ПРВЕНСТВЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
riad+demic.jpg

На неколку дена до почетокот на новиот фудбалски шампионат на Македонија, битолски Пелистер доведе уште едно засилување во својот ростер. Се работи за 24 годишниот Риад Демиќ кој доаѓа од БиХ, но во последната сезона настапуваше во Иран за екипата Алуминуим Хормозган. Се работи за поливалентен фудбалер од средниот ред, кој е роден во Мостар и поникнал во школата на Вележ. Три сезони настапуваше за својот матичен клуб и беше еден од најдобрите фудбалери.
riad+demic+2.jpg


Во тој период 5 пари настапуваше и за младата репрезентација на БиХ. Два шампионати мина во Иран и сега како слободен фудбалер му пристапува на Пелистер. Демиќ располага со силен шут и често во БиХ беше стрелец за Вележ и долг период е омилен меѓу навивачите на оваа екипа, заради серијата на добри партии и голови во дерби средбите.
 
http://www.transfermarkt.co.uk/en/rijad-demic/profil/spieler_129801.html
Потпиша и босанецот .:)
Готово со засилувањата , сега е време за победи.
Изненаден сум од досегашната работа на новата управа , ако се работи вака во наредниот период ќе се врати публиката на стадион 100 % .
Долго време чекавме , ама изглеа ќе се исплати .
Со среќа нека ни е и сите недела на стадион.
Пелистер - Еуромилк 2-0 :D

http://www.youtube.com/watch?v=835-3vgEmgo

САМО ЕДНО ИМЕ ЗНАМ - ПЕЛИСТЕР БИТОЛА !!!!
 
Го гледав сега на клипчето и батето е топ спремен :vozbud:.Баш за ова сите чекавме и зборавме,измислена позција да го играт полушпиц и да му дава топки ма Мацата и Жуниор.И јас сум изненаден од работите кои одат на добро (да признајме не сме учени ние на вака-за разлика од некој други кои 20 год ги милуват) ,само да тргни работата како шо треба да се воиграт играчите.Во недела треба шо поголема мобилизација да му дајме подршка на играчите.На стадион од она споредната врата долу кај шо е гледам чакал туриле ги истргале тие тревите и земјата и има послано чакал дали ќе се прај тука нешто ќе видиме...Според мене уба формација би била 4-3-1-2 ,а и втор план да си има една до две резервни,за ротација со играчи и не дај боже повредени.Тука најверојатно завршуват со земање играчи,сега на ред треба да се игра и победува!!!
 
Небото ќе ни биде граница а ?!(y)

По се изгледа дојдоја нашите пет минути а се надевам дека ќе бидат цела вечност !;)

Тимот е добар за разлика од другите во лигата и не би требало да биде ставено под знак прашање излезот во европа а да се надеваме и на чекор погоре па за прв пат да ја крениме и титулата во Битола ,со уште еден два играчи на зима бек/крило би требало да не стравуваме и се разбира мора сега играчите да си го одработат своето како шо направи управата и да победваме посебно во првите кола односно есенскиот дел да собериме што повеќе бодови ,па после ќе биде по лесно !

Се разбира и МОРА општината да го потпише тој фамозен договор со новиот спознор ,па општината да почне и со стадионот па да биде комплетна сликата :D
 
Дека тргнаааа работааа сите имате лајкој од менеее :D.Мора да се држиме :) .Ќе живее независна Битола :D
 
добар овај Риад, знае да повлече, несебичен - ужива да додава и тоа го прави точно на кратки и на долги пасови,очигледно се работи за солиден играч од средниот ред........нек се угоде (y)
 
За почеток очекувам три бода со Еуромилк.

Од она шо можев да го видам (од тобоганот :D) со Победа е дека нападот ни е друг муабет од лани, Мацата и Жуниор ги очекувам како тандем да растурат.
Назад Менде (Видиќ :giggle:) е можеби најјакиот стопер во лигата, плус Пашето е каде каде посигурен од Корунот... Драгаро, Томасо и Кире ја комплетират 4ката, плус Лескароски како замена...
Едино левата страна ми е (не би рекол слаба) не толку јака, тука чекам крило/бек на зима евентуално.

Ако успеј Боче да ја смири екипата и да ја држи на земја цела сезона тогаш очекувам многу, имаја припреми, веројатно и редовни примања ќе имат...
Важно, недела да почниме со победа :)
 
Го гледав сега на клипчето и батето е топ спремен :vozbud:.Баш за ова сите чекавме и зборавме,измислена позција да го играт полушпиц и да му дава топки ма Мацата и Жуниор.И јас сум изненаден од работите кои одат на добро (да признајме не сме учени ние на вака-за разлика од некој други кои 20 год ги милуват) ,само да тргни работата како шо треба да се воиграт играчите.Во недела треба шо поголема мобилизација да му дајме подршка на играчите.На стадион од она споредната врата долу кај шо е гледам чакал туриле ги истргале тие тревите и земјата и има послано чакал дали ќе се прај тука нешто ќе видиме...Според мене уба формација би била 4-3-1-2 ,а и втор план да си има една до две резервни,за ротација со играчи и не дај боже повредени.Тука најверојатно завршуват со земање играчи,сега на ред треба да се игра и победува!!!


Imase ponazad goran napisano ke se postavuva standce za pijaloci....
 
За вашиот Босанец позитивни коментари, за Вардаровиот негативни :icon_mrgr:

http://forum.balkan-sport.net/viewtopic.php?f=57&t=3455&start=270

За тој од Вардар како може да имаат релевантно мислење кога истиот најголемиот дел од кариерата го има поминато во српски клубови. Во Босна има многу краток период настапувано или скоро ич.
 
За тој од Вардар како може да имаат релевантно мислење кога истиот најголемиот дел од кариерата го има поминато во српски клубови. Во Босна има многу краток период настапувано или скоро ич.


Прашањето постави го на друго место, јас само го наведов изворот.
 
За вашиот Босанец позитивни коментари, за Вардаровиот негативни :icon_mrgr:

http://forum.balkan-sport.net/viewtopic.php?f=57&t=3455&start=270

Оп одма грешка, инекција пиши некој дека има од општината ама не е точно.

За тој од Вардар како може да имаат релевантно мислење кога истиот најголемиот дел од кариерата го има поминато во српски клубови. Во Босна има многу краток период настапувано или скоро ич.

Позвучни зеаме од вас скапете :D
 
Back
На врв Bottom