Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?

  • Вкупно гласачи
    205
Цениве не ги измислив, туку некој што бил на двете места си кажува. Инаку, викендов бев во викендица на другар ми во Трпејца, и поминавме по тие кафичите да видиме што е како е.... „Плажа“ со должина од 80цм, мала лименка скопско, пепси и кока-кола, сите по 100 денари...

Еве сликичка од тост за 90 во охриТ:
643908_10201492905546036_1083967508_n.jpg
Овај на плажа го имаш купено тостов .. така ? Имаш сендвичари каде што овој ти е 60 денари во центар е сега на плажа и во чаршија не е исто и во грција по плажите е поскапо отколку во обична сендвичара .
 
Кога одиш на одмор, одиш да се одмориш, а не да се замараш да бараш поевтина храна 3 километри од плажа. Во грција и Албанија, на плажа е 3 пати поевтно од нешто на плажа во Охрид, проверено. Плус ти ги носат до лежалката која патем, е бесплатна.
 
Абе и во Скопје имаш Карфур во кој можеш пола кило крем да купиш за 49 денари, ама не е тоа поентата на дискусијата...
 
Знам дека не е тоа поентата ама скопјани за тоа се инаетат што било скапо да платат пиво 120 денари на плажа во Охрид а толку го плаќаат по цела година во скопје во било кој локал...
 
Мислам дека не ја свати поентата, и зошто цело време скопјани се спомнуваат? Само скопјани ли одат во охриТ?
 
Не се спомнуваат скопјани туку тие ја почнаа оваа антипропаганда ... скопските портали а на тоа се приклучија скопјаништата со коментари .
 
Ботскиов антископјани сајт е налик севернокорејскине пропаганда флаери за Јужна Кореја, Јапонија и САД, само што тие барем се професионално изработени :icon_lol:
 
мојш слободно да се фатиш за сајтот уствари неморат , НЕ ЧИТАЈ ГО ПОЈКЕ
 
А јас па мислев охриѓанец ќе прифати критика, silly me. Не читај го појке бе :icon_lol:
 
Многу уба вест стигна денес за Гејлада , читај
Ова било, е и ќе биди.. секое лето е истото само ова сезона видоја дека има помалку туристи во охрид и ги зачестија овие вести со цел да ја грдат грција.. како инаку би ги убедиле туристите да одат на одмор на некое од македонските езера?!
Јас сум од Битола и гарантирам дека од 10тина грчки коли шо ќе влезат во градот, барем 1 е изгребана или слично, па то не го кажват на медиумите како главна вест.
Зато се става лепенка на ознаката мк и никој нема да ти ја гиба.. а и да ти ја оштетат осигурана си е.
 
Цениве не ги измислив, туку некој што бил на двете места си кажува. Инаку, викендов бев во викендица на другар ми во Трпејца, и поминавме по тие кафичите да видиме што е како е.... „Плажа“ со должина од 80цм, мала лименка скопско, пепси и кока-кола, сите по 100 денари...

Еве сликичка од тост за 90 во охриТ:
643908_10201492905546036_1083967508_n.jpg

Ај тостот ок (да речиме дека вервам ете го закрпиле негде, од друга страна ми е ко домашна направија), ама ова пивава скапи демек се?Па цела година ние истите цени ги плаќаме, најдобро сме свесни за цените, не се секирај...

Кога одиш на одмор, одиш да се одмориш, а не да се замараш да бараш поевтина храна 3 километри од плажа. Во грција и Албанија, на плажа е 3 пати поевтно од нешто на плажа во Охрид, проверено. Плус ти ги носат до лежалката која патем, е бесплатна.

Очигледно не е така.Ај прочитај си го пак првото цитирано.Кај си јадел тост за 1 евро или помалку во комшилак, освен во Албанија?И каде во Македонија е тостот поефтин од 40 денари, мислам на нормален тост?
Одете бе пред плажа во Жито Леб 40 обичен, 50 денари тост во багет да се нахраниш добро, нека не ве лажа комунистине.
 
Не гледам никаква разлика помегу двата ривала, со ниту еден од наведените не можеш да се разбереш ко шо доликува, едните те гледаат ко евро(во случајов грците)гледаат на секој начин шо повеке да измолзат... се разбира евра и затоа не бират начин како тоа ке го изведат, додека домашниве ориганите те гледаат ко идиот кој дошол да арчи пари и да им кибицира понежниот пол и се трудат од петни жили како да ти напакостат.........
ПС... а дали може да се гласа и за двајцата??
 
Знам дека не е тоа поентата ама скопјани за тоа се инаетат што било скапо да платат пиво 120 денари на плажа во Охрид а толку го плаќаат по цела година во скопје во било кој локал...

Во Неи Пори имаш 2 лежалки и сламен чадор, надополнето со две фрапеа и две шишиња со вода (0,5) за 6 евра.
Цена за истото во Охрид?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom