Ауфвидерзен Македонијо!

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
На технолошки даваат стипендија ако се запишеш, на физика на ПМФ има по 5 студенти годишно, нашиве хемичари (тие што ги знам) се навистина спремни, ама ко шо викаш, нема индустрија штоќе ги апсорбира.
А, леба ми, нема ни услови човек да си започне свој бизнис ако нема веќе големо азно в ризница.

Сите лекари што заминаа за Германија (и оние што се спремаат да одат) од моето опкружување или работеа по 10тина години како волонтери за 4000 денари, или некој газда на ординација им кроеше политики со непријавување стаж, уценување и мизерна плата.

Луѓето се преродија во Германија. Можеби сеуште се под импресии па не ги гледаат мааните таму, ама сигурен сум дека се позадоволни од тоа што средината им го пружа и на лично и на професионално ниво.

Да не повторувам по сто пати она то веќе е кажано - технократските мерки и веселата игра со бројки на нашите министерства ќе ја исцедат државава, па згора и ќе ги оцрнуваат оние што си отишле...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Пријателе веројатно си од постарата генерација и како чичко Анчо живееш во некое друго време. три години работев во селска амбуланта...зборуваме во селкса амбуланта каде што нема контакт со цивилизацијата па дури ни превоз. одв во понеделник се враќав во петок. детето го гледав повеќе на фејсбук, жена ми го сликаше и ми праќање слики. така го израснавме. и се изнагледав што ли не, луѓе ми умираа во раце, констатирав смрт и не можев да спијам и да јадам после гледката, она што го знаете вие од ваше време, ораси му носат на учителот и на докторот умрено е. немаа 100 денари да платат за домашна посета. одев во околните села, кога имаше снег дури и со коњ. 100-те денари беа проблем. во исто време ме гонеше и инспекција...зошто така сум ги пуштал...и наредниот пат ќе имало казна. бев спремен на казна, од нив наместо да ме казни господ, одев кај деца болни од епилепсија, од аутизам...уште неможа, да се средам со главата. последните 4 месеца по математиката што ја направив ми излегуваа 14 000 чисти, многу се радував кога ќе наидев на превоз најчесто од прекупци на стока...па си одев заедно со кравите и воловите во град, за да не плаќам воз или такси.
Кај мене во фамилијата се доктори и знам колку е ценета и вреднувана професијата и во какви мизерни услови се работи, со уште помизерен народ. Ко ќе видам и споредам како истите доктори работат и живеат тука во Германија, ми иди да рикам да плачам.
Ама некој идиот ко valvoline ќе те убедува дека во Македонија со 500 евра плата и во Германија со 2500 да живееш е потполно исто, а самиот тој никогаш не живеел во странство. Ние идиоти сме на темава сите шо упорно обратното го пишуваме од ЛИЧНО искуство, само тој е најпаметен оти трипати отишол во Германија да довлечка крнтии од некој плац во сопственост на Турчин.
И во Македонија да земаш 2500 евра во месецот чисти, а има луѓе шо ги земаат и самиот познавам такви, никогаш нема да го имаш тоа ниво и квалитет на живот како во една Германија. Милион пати сум го дискутирал ова и по други теми. Ама што има јас да објаснувам, кога некои како valvolinе се’ си знаат.
Кога ќе прочитам ваков одговор од некој што незнае ни на карта дека е Германија ми се темни. Ајде пиши ми што е поскапо таму , освен гуми да балансираш ? Еве јас ќе ти кажам ако сакаш да јадеш по ресторани е скапо, доста скапо, кафиќите исто така, заболекар е оган, ама во маркетите цените се исти , а за некој и поефтини од овде.
500 евра пријател плаќа стан со сите сметки покриени. Знаеш дека му враќаат пари од парното затоа што троши помалку бидејки е на работа и е сам во трособен стан кој си го уреди тој како сака. Од такви како тебе ми се кења што се праваат smart ass демек таму цените се оган и опаљ а не си поминал граница.
Плата му е 2 300 евра.
Уште еден пример six pack пива 2.5 евра, од кога ги враќаш шишињата враќаат едно евро, значи земаш 6 пива мали за евро и половина.
Храната во маркети чини исто како и во Скопје, а ме зачуди колку многу продукти се поевтини отколку кај нас, конкретно продукти како чоколада или за лична хигиена итн. Овошјето и зеленчукот се за најмногу 2 пати поскапи.
Да не е досадно, еднаш месечно на кондиција го фаќаме.
Јас се’ си мислам дека боледува од напредна фаза на „македонски синдром“. Сакам да кажам, зависта го гризи одвнатре. Сака сите останати како него да преживуваат со влечкање на крнтии од Германија и изигравање прематари. И кога ќе сфати дека има многу што живеат подобро и поубаво од него, не можи едноставно да се помири со тоа. Го сфаќам како му е.... и мене на почеток многумина ме прашуваа како живеам, дали ми е убаво и слично, иако знам дека не ги интересирало никогаш... и кога сфатија и се разочараа дека не живеам полошо од нив, престанаа воопшто да ме контактираат. Тоа ти е тој типичен македонски синдром, да се ситиш на несреќата на „комшијата“.
Малку ќе забегаме ама ова е точно, кај нас инженериве можат да работат на лента и да лемат... Пример хемискиве инженери се на 5то место најбарани во Светот, кај нас не можеш работа да најдеш што поради немање индустрија, што поради несистематизирани насоки (па некој со биологија, биохемија се вработува на катализатори).

Верувам дека е така и со другите технички факултети.

И како ќе се развива економијата на една држава, ако нема индустрија? Со даноци, патарини, незнам што мислат...
Па и не е до толку да нема кај нас работа за инженери. Од генерацијата што дипломиравме во рок од неколку месеци ме зачудува како скоро сите успеаја да се вработат. Ама верувај дека не сакаш да знаеш за колку работат. Жалосно е :place:
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Zimi ta**kov se prerodile. Nema so koj na kafe da sedne,site na niv so prst pokazuvaat. Nema prijateli,drugari,drugarki,nema nisto,samo ponekoja para (i toa ne site). Dojdenec e dojdenec kako sakas vrti go poimot. Sekojpat ke bide graganin od vtor red. Na zapad gi mrazat balkancite,bez razlika za koja licnost se odnesuva.
Ko so rekov mislete mu ja. Doktorite ajde de neka trazat ksmet tamu,ama drugive bogami gabe vremeto ke si go izgubat.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Zimi ta**kov se prerodile. Nema so koj na kafe da sedne,site na niv so prst pokazuvaat. Nema prijateli,drugari,drugarki,nema nisto,samo ponekoja para (i toa ne site). Dojdenec e dojdenec kako sakas vrti go poimot. Sekojpat ke bide graganin od vtor red. Na zapad gi mrazat balkancite,bez razlika za koja licnost se odnesuva.
Ko so rekov mislete mu ja. Doktorite ajde de neka trazat ksmet tamu,ama drugive bogami gabe vremeto ke si go izgubat.
:facepalm::facepalm::facepalm:
Ај молимте врати си се на темата во автомобилизам и објаснувај си се таму како турбо-дизел моторите на фолксваген, технологија стара 20 години, се најдобрите мотори и најиздржливи на свет.
Не дека и таму не траскаш глупости, ама овде веќе ја надмина границата во блебетење. Сега сфаќам зошто сметаш дека во Германија мразат Балканци. Па кој нормален би сакал личност како тебе?!?!?!
Прашај дали некој од нас останативе го мразат.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.029
Поени од реакции
954
Zimi ta**kov se prerodile. Nema so koj na kafe da sedne,site na niv so prst pokazuvaat. Nema prijateli,drugari,drugarki,nema nisto,samo ponekoja para (i toa ne site). Dojdenec e dojdenec kako sakas vrti go poimot. Sekojpat ke bide graganin od vtor red. Na zapad gi mrazat balkancite,bez razlika za koja licnost se odnesuva.
Ko so rekov mislete mu ja. Doktorite ajde de neka trazat ksmet tamu,ama drugive bogami gabe vremeto ke si go izgubat.
од тоа полошо нема во животот, џабе пара, џабе се кога нема со кој на кафе да седнеш!
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Sekojpat ke bide graganin od vtor red.
Овде во Македонија 99% од граѓаните се третираат како животни веќе 24 години од страна на две партии. Минчо го труе цело Скопје со број на жители од близу 1 милион,а владата на РМ 2 пати му продожува дозвола за труење 1 до 2014 и најново до 2019 и ти ми зборуваш за граѓани од 2 ред дека си во Германија. Тоа споредено со МК е како да си директор на катастар.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.176
2700 € niska plata bila?

Pa vie treba da ja racunate brutoplatata pa vo zavisnost od zivotnite okolnosti izlaga neto platata. Za neto plata od 2700€ treba da zemas 55.000 - 60.000 € bruto plata. Toa e malce za pocetok? Ne zafrkavajte. Posebno vo grad kako Greifswald so tie pari mozes odlicno da zivees. Plus sekoja godina ti pokacuvaat plata, plus nokni smeni, vikendi, prekuvremeno...
500€ vo Makedonija ne se ni priblizno isto kako 2700€ vo Germanija. Toa se bajki za nekoj koj ne znaat.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Па кога самиот министер за образование кажа дека дека 60% ( отприлика ) oд младите денес бегале во странство да работат после дипломирањето , сигурно и сам е свесен зошто е тоа така. Само што тоа ( по нив ) не би било убаво да се каже јавно.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Уфф ,тема за мерак, мислам мерак за расправање а инаку за плачење е.

- Ауфидерзен. Во однос на ова не сум некој поддржувач на тезата за бегање, арно ама морам да кажам дека на државата ич не и е гајле за квалитетот на живот на луѓето тука. Верувам дека квалитетот на живот треба да го градиме самите ама чисто сумљам дека има услови и воља во мојот животен век да ги видам работите да се движат на подобро. Платите се проблем ама не најголем, проблемот веќе станваат бедните услови за живот и фактот дека за некоја година попријатно ќе биди да се живее во Африка отколку кај нас. Ќе нафрлам тазе пример. Пред извесно време бев во Охрид и патот е дотолку руиниран шо искрено ме тераше да се осеќам тотално несигурен во кола, сум возел и другпат и по искршени улици али ова беше врв. На патниов правец последен пат се турало асфалт во времето на Тито. Дали ќе дојди ден да видиме пристојни услови за транспорт? Вториот пример ми е во согласност со темава, болницата повеќе ме потсеќа на сцена за некој хорор филм отколку место на кое треба да се лечам.... повеќе во продолжение

- Лекарска професија. И покрај тоа што ова ми кандидат за е една однајгнасните професии со кои можи да се занимава човек, секоја чест на одие кои ќе се решат да се занимаваат со неа. Професијата бара исклучителна посветеност и тој фактор го ценам, тргнувам од тоа колку посветеност бара мојата професија па можам да им бидам во кожа и на лекарите по оваа точка. Факултетот не е ни малку лесен, ниту па краток и оној кој планира да се занимава со оваа професија заслужува безрезервна поддршка.

- Македонски лекари. Да ова го издвоив како посебна точка. Бидејќи со тек на време, а особено, во последните неколку години македонските лекари за мене се подолу од ѓубре. Секоја чест на ретките исклучоци ама искуството ме тера да го имам ова мислење. Македонските лекари се се освен лекари, нивното понашање е на толку бедно ниво што не заслужуваат да го носат белиот мантил. Неприфатливо е нивното ЕГО да доаѓа над пациентот и пациентот да биди онај кој треба да ги трпи фрустрациите на лекарот. Без разлика кои се причините за фрустрација лекарот мора да биди професионален пред пациентот а не гневот врз онај над него да го истура на недолжен човек. Тука ќе додадам и дека сум преголем скептик за способноста на лекарите. Не ретко сум слушал глупави размислувања и дијагнози или пак еден со друг да се побиваат. Нивната неумешност пак паѓа на товар на пациентите а последците се од секакви размери. Кога ќе сумирам се тука и оваа плата шо ја земаат им е премија, барем на повеќето. Па оттука воопшто не се потресувам ако некој(а) земала 16к за да дреми во амбуланта да пие кафе и да мери притисок на баби и дедовци. ДА ДА МЕРИ ПРИТИСОК, и ништо повеќе, во ваквите амбуланти најкомплицирана работа им е да определат на која рецка се наоѓа стрелката. Со оваа работа не гледам ниту една причина за овие да земаат повисока плата од некој зидар на пример.

- Студентски Квоти. Последниот пат кога ги гледав списоците за специјализации и прием на лекари во болница имаше ненормална хиперпродукција на тазе дипломирани лекари. Како додаток на ова ќе ги ставам и уписите на медицина каде секое лето има огромни гужви за прием на нови студенти. Шо е проблемот, сите се тепаат да бидат доктори за после да цимолат пред фзо дека ниска им била платата? Или им одговара за нула замарање да имаат ценета работна позиција каде можат да го демонстрираат своето его. Како капак на ова ќе го поставам и прашањето колку квалификувани кадри излегуваат? Со ваква хиперпродукција не очекувам апсолутно никаков квалитет. Секоја чест на исклучоците кои навистина учеле али шо е целта на дипломата ако масовно произведваме неспособен медицински кадар. Со вакви услови пак ќе се вратам на преходната констатација дека неможи никој да очекува висока плата.

- Излез. Законот за плаќање по перформанси беше надежен ама преблаг. Во секоја друга професија во вакви услови пазарната економија им го наоѓа соодветното место на сите. Не буквално соодветно ама отприликка ќе се истакнат оние кои вредат од оние кои не вредат и кои се шлепаат преку синдикални цимолења. Ако државата се ослободи од ѓубрето ќе има услови да ги плати оние кои вредат и да инвестира во услови за работа. Проблемот е шо не гледам интерес од лекарската екипа да прифатат вакви предлози и си се држат во сигурна зона на стабилни и релативно високи примања за наши услови.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Иначе, паралелава на valvoline тука во Германија се Турците прематари, што држат плацеви за коли. Е тие можеш да речиш дека живеат како граѓани од втор ред, оти на секој начин одбиваат да се интегрираат во општеството. Не сакаат јазикот да го научат, не сакаат начинот на живот да го прилагодат, не сакаат навиките да ги сменат. И нормално дека создаваат одбивност.
Горе-долу, истото важи и за типови на луѓе како нашиов форумџија... со ниско образование, веројатно соодветно и културата, кои сакаат балканските навики и начин на живот да ги тераат во Германија и кога после неколку години сеуште нема да успеат да се интегрираат во општеството, ќе викаат упорно дека не чини тука, дека не е сјајно... Па се трудат и сите останати да ги убедат во нивната теза, бидејќи знаеме сите дека најтешко е да го признаеш сопствениот пораз и да речиш, „Да, не можам да се прилагодам на тој живот“.
Ги сфаќам како им е, си викаат, „подобро со 500 евра ќе преживувам во Македонија, ама со орјатите во сабота ќе излезам еднаш на ракија во селската биртија... отколку тука никој не ме сака, лоши се Германциве, како е можно да не сакаат цвеќенце како мене.“
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Храната во маркети чини исто како и во Скопје, а ме зачуди колку многу продукти се поевтини отколку кај нас, конкретно продукти како чоколада или за лична хигиена итн.
А така, а во споредбата на цените кога ќе ги додадеш и елементите од тип: контрола на квалитет, стандардизација, производи од прва класа (не растурот кој стига кај нас), задолжителна поддршка и беспрекорен сервис и др. тогаш мислам дека споредбата на цените е апсолутно безсмислена па и кога истите би биле повисоки „таму“.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
А чек, кога го даде Илиевски кошот против Литванија, нели убаво и беше во Македонија?

Ај, не се секирајте и Вие и таа, сега пак првенство, и писмово нема да важи.
Аууу да, се сеќавам на тие златни времиња кога ја даде тројката. Убаво беше тогаш да живееш... стандардот нагло рипна. Памтам дека сите летувавме на Мајорка, како порано што беше во Лептокарија. Тие поимашните и на Бали одеа. Коли сите возевме не постари од 5 години. Секој викенд одевме на патување и шопинг во Милано....
Убави времиња беа, ама пошто Илиевски престана да дава тројки, престана да течи медот и за нас.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 13:36 ---
А така, а во споредбата на цените кога ќе ги додадеш и елементите од тип: контрола на квалитет, стандардизација, производи од прва класа (не растурот кој стига кај нас), задолжителна поддршка и беспрекорен сервис и др. тогаш мислам дека споредбата на цените е апсолутно безсмислена па и кога истите би биле повисоки „таму“.
Патем, 99% од храната е прозведена дома, т.е. во Германија.
И најевтиното нешто да го купиш е неколку класи подобро отколку кај нас производи од среден ранг.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Овде во Македонија 99% од граѓаните се третираат како животни веќе 24 години од страна на две партии. Минчо го труе цело Скопје со број на жители од близу 1 милион,а владата на РМ 2 пати му продожува дозвола за труење 1 до 2014 и најново до 2019 и ти ми зборуваш за граѓани од 2 ред дека си во Германија. Тоа споредено со МК е како да си директор на катастар.
:pos::tapp:
hehe,e i ova si drži. Ama barem voda za pienje uste ima, vo Germanija ni toa go nema.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom