Камена градба

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Имам забележано дека речиси сите стари куќи се градени од камен, а нивниот век е 150 години, а можеби и повеќе.
Тие не се градени како денешните куќи, со бетонски столбови и плочи, арматура..., туку само со дрво, кал и камен.
Пример за тоа е Беговата куќа.

Како точно се градени овие куќи?
Дали во денешно време куќите кои се градат со камен се квалитетни, бидејќи имам приметено црквите градени од камен траат многу долго без реновирање?

:)
 
А што ќе ти е да направиш куќа од камен ? Да не очекуваш да живееш повеќе 500 години :D

Инаку куќа од камен е поквелитетно и поеконмично, зимско време е топло (внатре) ,а лете е поладно како кај пештерите на кромањонци и неадренталци ;)
 
Мојата до прв спрат е од камен градена па нагоре е како да речам .... стандард градба а низ струга речиси сите постари куќи се така градени
 
Имам забележано дека речиси сите стари куќи се градени од камен, а нивниот век е 150 години, а можеби и повеќе.
Тие не се градени како денешните куќи, со бетонски столбови и плочи, арматура..., туку само со дрво, кал и камен.
Пример за тоа е Беговата куќа.

Како точно се градени овие куќи?
Дали во денешно време куќите кои се градат со камен се квалитетни, бидејќи имам приметено црквите градени од камен траат многу долго без реновирање?

:)

Стари куќи...тука е одговорот, а со што би ги правеле тогаш тоа време пред 1-2века.
Со Кнауф, Перфекс, Плочки,Пвц,Титан,Арматура,Монти,Блог,Стиропол,Пл-лим и др.
Ги правеле со тој градежен материјал-бидеиќи и само тој го имале во околината.
Камен и дрво (прачки и лепешки од добитокот)
Галичник пример па и сите други населени места во Македонја.
 
А што ќе ти е да направиш коќа од камен ? Да не очекуваш да живееш повеќе 500 години :D
За да трае многу многу долго и во неа да живеат многу генерации :)

Стари куќи...тука е одговорот, а со што би ги правеле тогаш тоа време пред 1-2века.
Со Кнауф, Перфекс, Плочки,Пвц,Титан,Арматура,Монти,Блог,Стиропол,Пл-лим и др.
Ги правеле со тој градежен материјал-бидеиќи и само тој го имале во околината.
Камен и дрво (прачки и лепешки од добитокот)
Галичник пример па и сите други населени места во Македонја.
Но денешното градење со камен е многу понеквлитетно, одколку тоа порано.
Дали тоа е до дебелината на sидот?
Дали е тоа, бидејќи денешните куќи имаат бетонски столбови, а тие порано само камен?
:)
 
Јас имам куќа во село од камен која била на мојот прапра дедо тоа е некаде 1800 и некоја година и сеуште не е мрднала има сигурно над 150 години многу силна градба е куќа од камен :vozbud::vozbud:
 
Јас имам куќа во село од камен која била на мојот прапра дедо тоа е некаде 1800 и некоја година и сеуште не е мрднала има сигурно над 150 години многу силна градба е куќа од камен :vozbud::vozbud:
Сакаш да кажеш 200 години... секоја чест на мајсторите што ја граделе куќата :)
 
Не знам што ќе ти е куќа од камен во 21 век.единствено изолацијата од слама и кал е корисна,која е 5 пати подобра и поефективна од оваа современава.
 
Не знам што ќе ти е куќа од камен во 21 век.единствено изолацијата од слама и кал е корисна,која е 5 пати подобра и поефективна од оваа современава.
Епа куќата од камен трае многу подолго од куќата од шупливи блокови, а и каква врска има кој век сме? :)
За изолацијата да не збориме, чекам ден кога стиропорон ќе падне од зградине :D

само ќерамидите не се баш најдобри а инаку куќата не е мрднала
Кровот може и да се смени, најбитна е градбата :)
 
Куќата од камен и црвена кал е најдобра само треба добро да ја заштитиш од атмосферски влијанија односно добар кров и да не дојде до поткопување на истата. Како студент живеам во таква куќа односно јас сум на приземје и ѕидот е сигурно 80цм и претпоставувам дека е од камен, и летно време внатре е свежо. Кога би правел куќа би ја градел со камен и бетон, мислам дека би било одличен спој.
 
И јас истото го мислам, но една работа ме чуди... некои куќи немаат бетонски столбови, туку целосно се изградени од камен ...., а има некои куќи кои имаат бетонски столбови, а sидовите им се градени од камен, наместо цигла.

Која варијанта е поквалитетна и подолготрајна? :)
 
мојата стара куќа во дворот што се сруши сега бидејќи не го поправивме покривот и течеше нема никаков столб а траеше повеќе од 100 години. Зависи дали сакаш да и направиш плоча како во денешно време или пак таванската конструкција да е од некој материјал со помала тежина. Доколку се одлучиш за плоча мора да имаш столбови во спротивно напрегањата од плочата ќе ги срушат ѕидовите бидејќи столбовите ги превземаат напрегањата. Ако куќата биде на еден спрат или евентуално поткровје тогаш би можело да иде без столбови со гредоред како меѓукатна конструкција, па потоа да се направи со гипс картон и талпи. Сепак иако сум иден градежен инженер ова е само моја претпоставка не сум толку стручен.
 
нај трајнија градеж за зид е од тухла единичка или кам'к, но нај неустојчив при земетр'с. римлјаните са строили с малки тухлички подобни на керемиди и техните стени са били изклјучително трајни.
модерните к'шти от железобетон са предпочитани поради по лесното строителство и дост'пните материали и не на последно мјасто заради земетр'соустојчовост.
навремето пода е бил направо на земјата и се засипвал с бјал пјас'к и говежда тор
вс'штност говеждата тор се е ползвала и като замаска
 
куќа од камен е цврста но сеизмички е полошо решение од куќа со столбови од блок или тула. Ако зидаш со обли речни камења ситуацијата е уште пчолоша, таков камен нема големи рамни делови за да налегнува туку се пополнува меѓу него со поситни камења па на одредена висина оди ред два тули за рамнање на зидот , обработен камен е подобар но и поскап, и за двете варијанти постои “наука“ како се зида какви камења одат во ќошовите какви околу врати и прозори, мајстори кои знаат да зидаат со камен ги има се помалце, цената на работната рака е висока а градбата бавна, инаку и куќа од блок и малтер ќе траи со децении ипа и век два, јас не знам од што би пропаднала куќа доколку некој живее внатре и ја одржува, куќа од камен нема столбови (старите) зидовите се носечки и еднаш кога ќе се направи мошне тешко скапо и ризично е да вршиш преправки внатре во смисла на отварање прозори, менување зидови и соби внатре.... то е проблем кај старите куќи јас сега живеам во таква градена од камен со салон долг 5 метри и широк 2 кој ми е непотребен а би сакал да проширам другите соби околу али не можам ни да мрднам, само отварањето на една врата на надворешен зид ме чинеше нерви пари и време. Ако планираш да траи куќата 200 години треба да планираш и да во тие 200 години твоите потомци сакаат да ја реновираат изменат нешто внатре додадат или одземат. Јас кога би правел куќа сега, би ја направил рам конструкција (сеизмички сигурна) би ја изидал со блок или некој пододобар изолациионен материјал а внатре би ја поделил со кинески преградни зидови, и речиси без ич мебел, значи некој јапонски стил, сакаш имаш огромна просторија кога ќе ги отвориш преградите - сакач затвори и подели на соби
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom