Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Има ли некој на форумов што лично му залепиле налепница? Не на вујко ми комшија, на пријател другар, на побратим братучедка, дали има воопшто некој кој е личен сведок дека баш него му залепиле налепница?


Порано лепеа бели налепници на коли кои имаа МК ознаки на задно стакло и слично. Ми текнува случај како мал кога сакаше со клуч да му го гребе тоа МК, ама беше навистина одамна тоа. Мислам дека веќе не се случува тоа.

Него, спомна некој на темава дека во Грција имало МАКЕДОНСКИ менија. Може ли да ми каже на кое туристичко место е тоа, да презентира слика и да размисли случајно СРПСКО мени да не било?
Не верувам дека јавно има македонско мени во Грција, поготово не во овие поблиските градчиња до Солун на краците...
--- надополнето: 28 јули 2013 во 19:41 ---
За оваа што зборувам конкретно во постов, е на Тасос, а за други би ми било тешко да ти кажам точно каде и кога, од причина што цел живот одам во Грција и сум била на доста места.


Оф ете кој видел македонско мени. :D
Ај размисли малце, мислам дека ќе сфатиш дека било српско. Има фини грци, али не се глупи да го јадат стапот од своите ако некој види.
 
Порано лепеа бели налепници на коли кои имаа МК ознаки на задно стакло и слично. Ми текнува случај како мал кога сакаше со клуч да му го гребе тоа МК, ама беше навистина одамна тоа. Мислам дека веќе не се случува тоа.

Вас ви го гребеа?
 
Прашање до охриѓаните на темава (а и до останатите, нормално):
- Дали сте биле на одмор во Грција и каде?
- Со какви конкретно непријатности сте се соочиле за време на вашиот престој таму? Услугата не ја бивало? Газдите биле гадови?

Мислам дека е сосема фер и вие да кажете некоја ваша случка од престојот во Грција, кога ние веќе изнаредивме еден куп случки од нашиот престој во Охрид.
И не ми кажувајте дека не сте биле таму на одмор, зошто до сега број еден ми биле токму охридските таблици на турстичките места кои сум ги посетил.


Еве еден искрен одговор од Охриѓанец:
Да биден сум Грција пред неколку години во близина на Атина (пред то биден сум и во Солун). Престојував во хотел. Персоланот знаеше дека сме од Македонија и немаше никаков проблем со тоа. Единствен проблем шо го имавме таму беше шо еден кустос од еден музеј и го дрецна од земи апаратот на една моја другарка зошто та му кажа дека сме од Македонија.

Сега некој збор за Охрид.
Јас како и повеќето фамилии од Охрид имам апартмани за издавање што се наоѓаат во куќата кај што живееме. Според Гугл мапс од езерото одалечени се 1,7 км. Арно ама нас заработката од нив ни е само дополнителен приход, а не како на скоро сите останати единствена заработувачка и сакаме тие да се на високо ниво и не чекаме луѓе на автобуска ко сите останати туку се е со најави и со препораки од познаници или гости шо веќе седеле кај нас.Цените се во зависност од периодот и луѓето од 900 до 1200 денари за апартман со 3/4 кревети. Бојлери такви работа се уклучват 1-2 сати пред да дојдат туристите и не се исклучват се дур не заминат. Единствен пат шо сме појдени кај шо се апартманите а имало луѓе беше кога комшиите ни се јавија дека е касно и многу гласно пуштале музика и дека ако не престанеле ќе се јавеле в полиција. Дур сме кај полицијата. Туристите секогаш се пријавуваат в полиција и се плаќа туристичка такса за нив.
Знам дека многу ќе речат е негово е па се фалит и се претставуват во најдобро светло ама фактите се тие.

Сега за цените. Охрид е СКАП за човек шо живејт во него. Ама пак е туристичко место. Цените се горе долу исти ко во повеќето соседни земји ама мое мислење е дека се за нијанса поефтини. Некој ќе речит имат разлика да пиеш кафе на езеро и на море ама јас ќе речам дека за некој луѓе поубо е на езеро за некој на море. На море на келнерот ак не му остајш бакшиш утре ќе ти плукнит во кафето пред да ти го донесит и ќе те услужит после сите други....

Имат споредби колку и да сакаш и колку е поубо на едно место зависит од човекот, неговите искуства и неговите очекувања, арно ама мое мислење е дека Охриѓани требит да си го сменат понашањето за да имат појќе туристи од Македонија (странци имат и то во голем број) и да се прилагодат некои кафичи/ресторани/барови за посиромашни а некои за луѓе со подлабок џеб.
 
За храна е изгор во Паралиа, една семејна пица капричиоза и 3 кока коли 3 800 денари. За останато да не правам муабет, паковка сладолет од естле е 900ден.
Ова беше пред 5 години, од тогаш одиме во Анталија, за мирна душа.


Ве начекале така наивни дека не барате мени и цени пред рака, па ќе ве колат.
Пицата сега им е 10 евра фамилијарна во НАЈСКАПИТЕ кафичи поред плажа, а не пак пред 5 години.

15 евра сладолед пак...што да ти кажам друже, или ти не лажеш нас или тебе те лажеле додека ти ги кажувале цениве.
Не ми е јасно зашто толку преувеличување има од двете страни на дискусијава?
--- надополнето: 28 јули 2013 во 19:45 ---
Вас ви го гребеа?


Не, на некоја кола пред нас беше тоа. Јас не сум имал МК налепница на кола никогаш, па не можам ништо да тврдам од прва рака, само тоа што сум видел кај други.
 
Ве начекале така наивни дека не барате мени и цени пред рака, па ќе ве колат.
Пицата сега им е 10 евра фамилијарна во НАЈСКАПИТЕ кафичи поред плажа, а не пак пред 5 години.

15 евра сладолед пак...што да ти кажам друже, или ти не лажеш нас или тебе те лажеле додека ти ги кажувале цениве.
Не ми е јасно зашто толку преувеличување има од двете страни на дискусијава?

Зборам за пред 5 години, а ти викаш за сега. Сега доста се намалени цените за разлика од тогаш.
Никој на никого не начекал дека менито е едно за сите, еден Германец дури и се зачуди кога му стигна сметка, вика во Берлин е дупло поевтино од тука во елитен ресторан.
 
Зборам за пред 5 години, а ти викаш за сега. Сега доста се намалени цените за разлика од тогаш.
Никој на никого не начекал дека менито е едно за сите, еден Германец дури и се зачуди кога му стигна сметка, вика во Берлин е дупло поевтино од тука во елитен ресторан.


Дека во Берлин или било каде во Германија во елитен ресторант било поефтино, мало морген :)
 
Зборам за пред 5 години, а ти викаш за сега. Сега доста се намалени цените за разлика од тогаш.
Никој на никого не начекал дека менито е едно за сите, еден Германец дури и се зачуди кога му стигна сметка, вика во Берлин е дупло поевтино од тука во елитен ресторан.


Пред 5 години цените беа поефтини од сега.
Јас не знам кај си седнал, ама ако си седнал во некој елитен ресторан каков што имало само еден во градот, не мора на темата да правиш филмови дали било скапо или не било.
Во Неи Пори за 10 евра имаш фамилијарна пица, две кока коли, две лежалки и сламен чадор. Тоа се 600 денари за прв ред на море, на песочна плажа која е најмалку 20 пати поубава од генералните плажи во Охрид каде што колат.
Нема потреба да споредуваме цени, но ако веќе споредуваме, бидете реални и не одете во екстреми.
 
Дека во Берлин или било каде во Германија во елитен ресторант било поефтино, мало морген :)
15 евра цела Германија преврти ја нема да најдеш сладолед толку скап :)
 
Дека во Берлин или било каде во Германија во елитен ресторант било поефтино, мало морген :)

Знаеш колку е поевтино во Берлин, макар и во некој елитен ресторан.
Не се толку цените кренати до небо, како на нашите и Грчките хотелиери.

Пред 5 години цените беа поефтини од сега.
Јас не знам кај си седнал, ама ако си седнал во некој елитен ресторан каков што имало само еден во градот, не мора на темата да правиш филмови дали било скапо или не било.

Јас не правам филм дека било скапо него Acid ппраша и јас кажав, а ресторанот го држеше некој Американец.
 
Споредба Охрид услуга и Грција ко Зомби и Луѓе, ма да треба да биде обратно но што да правиш сите тие што одат за грција изгледе не ги бере у Охрид. До кога ќе се препукавте тука или таму. И не мешајте патриоти оти Охриѓани требе да се патриоти и да им излезат у пресрет на тие што неможат да одат на одмор, нели за Патриотизам лафме. Дека е патриотизмот на Охриѓани. Треба да Отворте тема Колку се Охриѓани Патриоти.:) а
 
У Г 'чку не сам бија никад, не дека патриот до јаја, али искрено бш там не сам бија, Бугарију и Црну Гору да, али доле не. Не сам патриот, ја сам локал патриот
Само едно не ми е јасно, како можеф Ориѓани да не третираф како да смо странци, орајт кољајте сс цене ама не нас, кољајте ги скандиафци и оланѓани, НЕ НАС
Ја зиам плату 200 евра , а за 7 дна у Охрид ке ми треа 300 евра. Па наши смо си, скара да не ви е праена сс царско месо
У сокови и кафе цимет и лаванду да не стављате
А услуга ви е катастрофа, искрено и Ориѓани после Штипјани су ми најтфрд народ, сфе на карање да се удара...
поздраф нездраф
Киду у Трпејцу на 3-4 дна кулирање
 
Златна зора ги пречекува македонските туристи во Грција

Добро дојдовте во грчката Македонија“. Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“. „Македонија е грчка“ – скандираат Златнозорците. Златнозроците најавуваат дека ова е само почеток....

http://denesen.mk/web/2013/07/28/zlatna-zora-gi-precekuva-makedonskite-turisti-vo-grcij/
 
Во Охрид, газдарицата ни крадеше кремсир и сок, дур бевме на плажа. Исто имаше начекано кеса патлиџани, кои другарчево по грешка ги оставил на тераса враќајки се од маркет, па она си земала си ги спремила за ручек у тавче. Откако другарчево ја праша зошто се таму патлиџаните, она му одговори: "Јас за да не ви се расипат надвор земав ви ги исецкав тука во тавчево". Мислам и дека му имаше здиплено неколку парчиња свински врат на другарче, ова најозбилно.

Додека пак во Грција, секогаш, без исклучоци, сум добивал третман каков што треба да добие некој кој ти го пуни џебот. Искрено, мило ми е за Охриѓаниве што имаат лоша сезона, малку треба да се спуштат на земја и да се превоспитаат.
 
Мене ова поделба скопјани охриѓани ми е дебилна..
Проблемот е што охриѓани не ги третираат македонците ко туристи... и набиваат цени за странци. Што е глупаво малце... Треба некоја средина и за едните и за другите. Примедби за цените има од цела Македонија, така да не е во прашање инает од страна на скопјаните! Глупа е споредбава зошто грците многупати ни покажаа колку се пријателски настроени према нас македонците, додека нормално е на море да е поевтино од причина што има мнооогу избор... додека овде за летување Охрид е најдобра дестинација, имаше заинтерсираност и овие си земаа замав. Не знам само едно... како може некој да се сити на слабиот туризам во Ох. ако не ти одговара не иди.. не мораш.. но да возвишуваш гркот за инает на охриѓанецот ми е безвезе... што да не ке им дојде памет на охриѓаните? Не им оди и ке осетат.
Мене лично не ме тангираат цените у Ох зошто кога одам на одмор или одам со многу пари или дома седам.
 
Тоа е локал патриотизам. Охриѓани можеби не ги бива за туризам, меѓутоа проблемот треба да се бара и во државата и во институциите...
Не дриблај сеа и ти, дека Охриѓани не ги бива за туризам, не е можеби туку е сигурно. Kaква држава какви бакрачи спомнуваш, што и да направи државата луѓето се отров... туку ај со ред да почнам.


Прво конкретен одговор за прашањето од насловот: Ни Охриѓаните ни Грците не се пријателски настроени домаќини.
Ма мислам дека авторот на темава провоцира сеир дискусија, прашањево е во стилот: „кои се подобри домашни миленици, хиените или лавовите?„. До сеа само пар блиц герила постови бутнав, сеа иам време натенане да ви напишам за темава.


Во Охридско сум барем месец дена во годината, не во градот туку во автокампот Градиште. Градот го избегнувам колку можам, но порано сум поминувал доста одмори со сместување во самиот град па кадарен сум да пишувам за „домаќинството„ на Охриѓаните.
Сум имал секакви глупости за искуства. Почнувајќи од ситуација кога домаќинот френетично ти лупа на врата за кога успаничено ќе излезеш да прашаш што гори, замотан со пешкир (со жмучка доле), да ти каже да не тропаш толку со креветот, пошто ќе се оштетел (да не ја опишувам сеа целосно ситуацијата, ама да, ситуацијата инволвираше девојка во собата). Продолжуваќи со безброј угостителски ситуации од видот, „па зарем ти нарача јадење?!?„ откако по четврт пат прашуваш дали е готово јадењето...
Од друга страна имам и многу добар пријател Охриѓанец кој е одличен домаќин, но и тој како таков е само исклучок кој го потврдува правилото.


Грчиштата, се за нијанса подобри бизнисмени.
Што не ги прави по автоматизам пријателски настроени домаќини, но за воља на вистината изгледите за главоболки се прилично помали. Имало разни провокации како теткици од некоја мала продавничка наспроти смештајот, кога купуваш вода те провоцираат зошто само вода купуваш (демек зошто се друго купуваш од супермаркетот во соседната улица, каде се е дупло поевтино). Ама па никој не упаѓал во смештај да те предупредува да го штедиш креветот при секс. А и самиот смештај е вообичаено за добра класа-две подобар, нормално зависно и од цената и од локацијата.
Генерално за слични пари многу повеќе добиваш во Грција, а јас на Охридско одам зошто ја сакам природата таму и затоа што имам(е) фиксна приколка со сите удобности во кампот Градиште. Но не можам да ги разберам луѓето што плаќаат смештај во градот Охрид, а доаѓаат заради забава. Порано немаше многу избор, ама сега има... И Албанија и Бугарија нудат повеќе за слични пари.


Како заклучок, можам да кажам дека пошто ни Охриѓаните ни Грците не се пријателски настроени домаќини... гледам да си го поминам одморот а да им оставам што помалку од моите пари. Не знам за вас останатите, ама јас сум благословен со работа каде годиштниот одмор го доделуваат по законот, па имам 26 работни денови одмор во годината. Пошто работам во смени, со заменување (со колеги) добивам и дополнителни денови, често и до два цели месеци (ама после кога ги враќам замените наебувам како вол). Значи имам денови и за Охрид и за Егејска Македонија и за дестинација во Европа.
Охридско и Грција ми се летни одмори, за чилоут на плажа, со Sennheiser слушалки на уши, ладна лименка пиво во едната рака, и добра книга во другата рака. Покрај мене во ранецот има термоизолациона ташничка полна со пиво и со смрзнати пакувања амонијак, додека фрижидерот во смештајот е полн со резерви алкохол од разни видови, и материјал за мезиња.
Лежалки не сакам, си носам свои удобни столчиња-лежалки. Лежалките во кафичите не се скапи, но не се ни хигиенски, а не сакам ни да ја слушам музиката од кафичите, ни да ми се мафтаат деца и непознати на неколку сантиметри од мене. Ма на летен одмор сакам да сум што подалеку од луѓе кога тоа е можно, во Охрид сум благословен со еден времешен но сочуван Маестрал чамец кој во комбинација со една стара Томос пента ме носи на диви плажи, чилоут зони без конкуренција (треба некоја слика да поставам, па да завидувате). :)
Ова важи и за Охрид и за Грција. Пари за угостителство оставање минимум, генерално ни услугата ни производот не се ништо посебно. Зошто треба да се заштедат парите за...

... ПРАГА, БУДИМПЕШТА, РИМ!!!
ОК, Рим е малку скапичок ама Будимпешта и посебно ПРАГА... е тоа се места каде со кеиф се трошат парите. Тука пивото течит ’в криглите, а ’в пајнца лизгат јадењата, тука забава има убава, со убави луѓе до доцна во ноќта. Ќе мислите дека претерувам кога кажувам дека има културни пабови каде за едно евро добивате пола-литарска кригла Старопрамен, Pilsner Urquell, Бадвајзер ама оној правиот -Будварскиот (не таа водичката од САД), па Гамбринус, Козел итн итн прекрасни пива во сите нијанси на жолто, црно, и се помеѓу, провидно или матно weissbier... Прави пива бре, не овие нашиве денешни пива кои еволуираа во тупа течност за подждригување.
Ресторание им се супер во Прага, цените се нешто слични како нашите а јадењата вкусни и обилни. Предност е ако научиш пар Чешки зборови за нарачување и да си плаќаш во кеш по секоја тура (иначе знаат да поткраднуваат), и нормално да не влегуваш во луксузните рестораните во строгиот центар.

Сериозно, знам идам ОФФ, ама сакам да нагласам дека ИЗБОРОТ НЕ СЕ САМО ОХРИЃАНИНЕ И ГРЧИШЧАНА!
Денес имаме поевтини авионски карти од било кога, искористете ги, има многу интересни и достапни места за посетување.



Да е само он вака добро ќе да е. :pos:
Идеш на одмор за од дома да носиш грав, компир или патлиџани и коцка сирење за таму шопска салата да правиш. :icon_mrgr:
Па да му се сневиди цела година работиш за да не можеш една недела да уживаш како господин. Некои повеќе пари даваат за цигари, а на одмор носат јадење од дома. :tapp:
Нели им е срам да носат јадење? :confused:
Никој не ти вели да носиш вреќи со пиперки и патлиџан бе заебан! :)

Ама зошто да не земам сирење и кашкавал од тука, кога во Грција се неколку пати поскапи (и неколку пати полоши). Ти пофраер си ако купиш од Гркот?
Што ме кошта да си земам литар од жолтата што дома ја правиме? Зошто да не земам некоја флаша Џим Бим или 4 Рози бурбонче од фри-шоп? (а бадемите и индиските оревчиња од пазар кај нас)
Ти пофраер си ако купиш од Гркот за дупло (или тродупло) поскапо? ;)

Што е за тебе „уживање како господин„, јадење 3 пати на ден во ресторан? ;-)
Мене не ме мрзи да си земам таму неколку кила од големите школки па да направам школки во бузара, со пар литри Рицина за бунар, ни 15евра нема да дојдат. Или некое кило Ципура од рибарница... ем лесно за подготвување ем вкусно. Грав треба да си глуп да вариш таму, ама има летни убави јадења и свежа морска храна која е штета да не искористиш додека си таму (а пар готови јадења од Карнекс не се наодмет за резерва).
Плажа и ѓезмиња, тоа е летен одмор за мене.

За забава и ноќен живот, ќе одиш во места како Прага, и ќе си „уживаш како господин„. Нормално, ако не си ги спичкал парите на Охриѓаните или на Грчиштата... ;)
Секој со своето бе батка. Парите не се бесконечни. Некој сака „господин„ да биде во тупавата Грчка, некој сака да се прошета и на други места.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom