Тоа е локал патриотизам. Охриѓани можеби не ги бива за туризам, меѓутоа проблемот треба да се бара и во државата и во институциите...
Не дриблај сеа и ти, дека Охриѓани не ги бива за туризам, не е можеби туку е сигурно. Kaква држава какви бакрачи спомнуваш, што и да направи државата луѓето се отров... туку ај со ред да почнам.
Прво конкретен одговор за прашањето од насловот: Ни Охриѓаните ни Грците не се пријателски настроени домаќини.
Ма мислам дека авторот на темава провоцира сеир дискусија, прашањево е во стилот: „кои се подобри домашни миленици, хиените или лавовите?„. До сеа само пар блиц герила постови бутнав, сеа иам време натенане да ви напишам за темава.
Во Охридско сум барем месец дена во годината, не во градот туку во автокампот Градиште. Градот го избегнувам колку можам, но порано сум поминувал доста одмори со сместување во самиот град па кадарен сум да пишувам за „домаќинството„ на Охриѓаните.
Сум имал секакви глупости за искуства. Почнувајќи од ситуација кога домаќинот френетично ти лупа на врата за кога успаничено ќе излезеш да прашаш што гори, замотан со пешкир (со жмучка доле), да ти каже да не тропаш толку со креветот, пошто ќе се оштетел (да не ја опишувам сеа целосно ситуацијата, ама да, ситуацијата инволвираше девојка во собата). Продолжуваќи со безброј угостителски ситуации од видот, „па зарем ти нарача јадење?!?„ откако по четврт пат прашуваш дали е готово јадењето...
Од друга страна имам и многу добар пријател Охриѓанец кој е одличен домаќин, но и тој како таков е само исклучок кој го потврдува правилото.
Грчиштата, се за нијанса подобри бизнисмени.
Што не ги прави по автоматизам пријателски настроени домаќини, но за воља на вистината изгледите за главоболки се прилично помали. Имало разни провокации како теткици од некоја мала продавничка наспроти смештајот, кога купуваш вода те провоцираат зошто само вода купуваш (демек зошто се друго купуваш од супермаркетот во соседната улица, каде се е дупло поевтино). Ама па никој не упаѓал во смештај да те предупредува да го штедиш креветот при секс. А и самиот смештај е вообичаено за добра класа-две подобар, нормално зависно и од цената и од локацијата.
Генерално за слични пари многу повеќе добиваш во Грција, а јас на Охридско одам зошто ја сакам природата таму и затоа што имам(е) фиксна приколка со сите удобности во кампот Градиште. Но не можам да ги разберам луѓето што плаќаат смештај во градот Охрид, а доаѓаат заради забава. Порано немаше многу избор, ама сега има... И Албанија и Бугарија нудат повеќе за слични пари.
Како заклучок, можам да кажам дека пошто ни Охриѓаните ни Грците не се пријателски настроени домаќини... гледам да си го поминам одморот а да им оставам што помалку од моите пари. Не знам за вас останатите, ама јас сум благословен со работа каде годиштниот одмор го доделуваат по законот, па имам 26 работни денови одмор во годината. Пошто работам во смени, со заменување (со колеги) добивам и дополнителни денови, често и до два цели месеци (ама после кога ги враќам замените наебувам како вол). Значи имам денови и за Охрид и за Егејска Македонија и за дестинација во Европа.
Охридско и Грција ми се летни одмори, за чилоут на плажа, со Sennheiser слушалки на уши, ладна лименка пиво во едната рака, и добра книга во другата рака. Покрај мене во ранецот има термоизолациона ташничка полна со пиво и со смрзнати пакувања амонијак, додека фрижидерот во смештајот е полн со резерви алкохол од разни видови, и материјал за мезиња.
Лежалки не сакам, си носам свои удобни столчиња-лежалки. Лежалките во кафичите не се скапи, но не се ни хигиенски, а не сакам ни да ја слушам музиката од кафичите, ни да ми се мафтаат деца и непознати на неколку сантиметри од мене. Ма на летен одмор сакам да сум што подалеку од луѓе кога тоа е можно, во Охрид сум благословен со еден времешен но сочуван Маестрал чамец кој во комбинација со една стара Томос пента ме носи на диви плажи, чилоут зони без конкуренција (треба некоја слика да поставам, па да завидувате).

Ова важи и за Охрид и за Грција. Пари за угостителство оставање минимум, генерално ни услугата ни производот не се ништо посебно. Зошто треба да се заштедат парите за...
... ПРАГА, БУДИМПЕШТА, РИМ!!!
ОК, Рим е малку скапичок ама Будимпешта и посебно
ПРАГА... е тоа се места каде со кеиф се трошат парите. Тука пивото течит ’в криглите, а ’в пајнца лизгат јадењата, тука забава има убава, со убави луѓе до доцна во ноќта. Ќе мислите дека претерувам кога кажувам дека има културни пабови каде за едно евро добивате пола-литарска кригла Старопрамен, Pilsner Urquell, Бадвајзер ама оној правиот -Будварскиот (не таа водичката од САД), па Гамбринус, Козел итн итн прекрасни пива во сите нијанси на жолто, црно, и се помеѓу, провидно или матно weissbier... Прави пива бре, не овие нашиве денешни пива кои еволуираа во тупа течност за подждригување.
Ресторание им се супер во Прага, цените се нешто слични како нашите а јадењата вкусни и обилни. Предност е ако научиш пар Чешки зборови за нарачување и да си плаќаш во кеш по секоја тура (иначе знаат да поткраднуваат), и нормално да не влегуваш во луксузните рестораните во строгиот центар.
Сериозно, знам идам ОФФ, ама сакам да нагласам дека ИЗБОРОТ НЕ СЕ САМО ОХРИЃАНИНЕ И ГРЧИШЧАНА!
Денес имаме поевтини авионски карти од било кога, искористете ги, има многу интересни и достапни места за посетување.
Да е само он вака добро ќе да е.

Идеш на одмор за од дома да носиш грав, компир или патлиџани и коцка сирење за таму шопска салата да правиш.

Па да му се сневиди цела година работиш за да не можеш една недела да уживаш како господин. Некои повеќе пари даваат за цигари, а на одмор носат јадење од дома.

Нели им е срам да носат јадење?
Никој не ти вели да носиш вреќи со пиперки и патлиџан бе заебан!
Ама зошто да не земам сирење и кашкавал од тука, кога во Грција се неколку пати поскапи (и неколку пати полоши). Ти пофраер си ако купиш од Гркот?
Што ме кошта да си земам литар од жолтата што дома ја правиме? Зошто да не земам некоја флаша Џим Бим или 4 Рози бурбонче од фри-шоп? (а бадемите и индиските оревчиња од пазар кај нас)
Ти пофраер си ако купиш од Гркот за дупло (или тродупло) поскапо?
Што е за тебе „уживање како господин„, јадење 3 пати на ден во ресторан? ;-)
Мене не ме мрзи да си земам таму неколку кила од големите школки па да направам школки во бузара, со пар литри Рицина за бунар, ни 15евра нема да дојдат. Или некое кило Ципура од рибарница... ем лесно за подготвување ем вкусно. Грав треба да си глуп да вариш таму, ама има летни убави јадења и свежа морска храна која е штета да не искористиш додека си таму (а пар готови јадења од Карнекс не се наодмет за резерва).
Плажа и ѓезмиња, тоа е летен одмор за мене.
За забава и ноќен живот, ќе одиш во места како Прага, и ќе си „уживаш како господин„. Нормално, ако не си ги спичкал парите на Охриѓаните или на Грчиштата...

Секој со своето бе батка. Парите не се бесконечни. Некој сака „господин„ да биде во тупавата Грчка, некој сака да се прошета и на други места.