Груевски пречекан во Ќустендил со "Македонија е бугарска".Владата бара да славиме заедно МК празници

Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.611
Не ме пали нешто многу оваа вест, на крајот на краиштата, од кога постои светот постојат провокатори и лажливци, а нашинците веќе се навикнти на стандардниот третман во Гејлада, па зошто би го избегнувале и ваквиот третман во Татарстан.

Но една работа ми текна во моментов.

Под претпоставка дека Република Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, не дај Боже, ние ќе живееме во заеднички економски и монетарни граници со овие луѓе.

Ако сега, додека сме сеуште надвор од ЕУ, и дај Боже да останеме надвор од ЕУ, ваков третман ги чека Македонците кај нивните соседи, каков третман треба да очекуваме доколку воопшто Република Македонија стане полноправна членка на ЕУ ?

Исто така ме интересира, со кој памет македонскиот премиер, без разлика дали е Никола Груевски или било кој друг, прифаќа заедничка седница на својата влада со странска влада на територија со која раководи истата таа странска влада, во вакви услови ?

И не ми одговарајте дека станува збор за толерантност и компромис, бидејќи во овој случај дефинитивно нема ни толерантност ни компромис, кога би имало толерантност и компромис, воопшто не би се ни појавиле ваквите ѓубриња од човечки суштества со вакви пароли и натписи, ако Македонците знаат да си ги чуваат својот гнев и своето незадоволство и да не ги изразуваат во јавност, тогаш и нивните соседи треба да го следат македонскиот пример, тоа е толерантност и компромис, а не оваа циркузијада.

Исто така не ми одговарајте дека станува збор за неформален состанок на министри без вратоврски, ова е платено со народни пари, македонскиот народ плаќа за ваков третман на македонски службени лица, и тоа не баш на било кои македонски службени лица, туку на македонскиот премиер и на членовите на неговата влада.

Дефинитивно некој треба да превземе одговорност за ова.

http://www.kapital.mk/MK/makedonija/96276/gruevski_prechekan_vo_kjustendil_so_transparenti_'makedonija_e_bugarska'.aspx

Груевски пречекан во Ќустендил со транспаренти "Македонија е бугарска"

Објавено 28 јули 2013, 11:43

Катерина Синадиновска, за Капитал од Ќустендил

Пред петнаесетина минути во општинската зграда во Ќустендил почна заедичката неформална седница на македонската и на буграската Влада, на чиј дневен ред ќе се најдат прашања за подобрување на политичката билатерала, но и на економските односи (поточно инфраструктурата и земјоделството).



Македонската делегација пристигна со четириесет минутно задоцнување од официјалниот старт, а премиерот Никола Груевски беше пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја "И претходно и сега, Македонија е бугарска". Иако собраните беа едвај петнаесетина на број, беа доволно гласни во моментот кога Орешарски и неговите министри ги пречекуваа гостите од Македонија и се правеа официјалните фотографии.

Заедно со премеирот Груевски, во Ќустендил дојдоа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за земјоделство Љупчо Димовски и за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Покрај заедничкиот состанок, планирана е и тет-а тет средба на двајцата премиери, но и на министрите со своите ресорски колеги.

Овој неформален состанок без вратоврски (министрите носеа само кошули и сакоа) е само најава за официјалната седница која треба да се одржи до крајот на годинава.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Не можам да прежалам што не сум бил таму и да ги легнам Каракачановци
па макар и биле наши (и дали воопшто некогаш ќе ми се исполни тоа)
так,так-а,так,трррр - таман биле на број за еден шаржер.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
јадни :pos:
овие пред некој ден напишаа писмо со 10-ина точки до Пламен што све да бара од Груевски на средбата :facepalm:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И мене не ми е јасно што бара таму.

Арно го пречекале, сигурно после состанок и заедно прославиле за пречекот.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Не можам да прежалам што не сум бил таму и да ги легнам Каракачановци
па макар и биле наши (и дали воопшто некогаш ќе ми се исполни тоа)
так,так-а,так,трррр - таман биле на број за еден шаржер.
зашто прво поединечно а на крај рафал маваш :D ова е АК-47?
фрли и една крушка на крај ...БООООМММММ:D
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
130
Поени од реакции
68
И тие 10-тина дебили заслужуваат посебна тема?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не разбирам веќе како не ви е досадно истите неколку луѓе да отварате исти теми цело време.ДОБРО МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ РАЗБРАВМЕ ДЕКА ВО ГРЦИЈА,БУГАРИЈА и меѓу АЛБАНЦИТЕ ИМА КРЕТЕНИ.

Повеќе ме загрижуваат дебиливе кај нас што се палат на некој пробисвети од пакистан и се облекуваат во стиропорни и пластични оклопи на фаланга одколку некој пробисвети на страна.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Поjaвуването на активисти на ВМРО-БНД предизвика смут во служителите на македонскиja протокол и безбедност, кои се пробаха да променат местото за влез во сградата на обштината на премиерот Груевски, за да избегнот контакт со представниците на бугарската организациja ВМРО-БНД.
http://bnr.bg/sites/horizont/Politics/World/Pages/bg_makedonia2807.aspx

Груевски е бил пречекан и со "Изгреj зора на слободата"
http://news.ibox.bg/news/id_886031503
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.611
И тие 10-тина дебили заслужуваат посебна тема?
Не заслужуваат посебна тема, но проблемот е во нашинците кои се поголеми дебили бидејќи прифаќаат ваков третман, проблемот не е во тоа што ова не е плукање само по службено лице од Македонија, туку ова е плукање општо по македонскиот народ, а нашите дебили го трпат тоа и го прифаќаат, со што само додаваат сол на раната.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.611
Не разбирам веќе како не ви е досадно истите неколку луѓе да отварате исти теми цело време.ДОБРО МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ РАЗБРАВМЕ ДЕКА ВО ГРЦИЈА,БУГАРИЈА и меѓу АЛБАНЦИТЕ ИМА КРЕТЕНИ.

Повеќе ме загрижуваат дебиливе кај нас што се палат на некој пробисвети од пакистан и се облекуваат во стиропорни и пластични оклопи на фаланга одколку некој пробисвети на страна.
Токму затоа и ја отворив темава, повеќе ме револтира молчењето на нашите дебили и нивната фаланга, отколку идиотската циркузијада на дебилите кај кои отишле на гости.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Груевски е бил пречекан и со "Изгреj зора на слободата"
http://news.ibox.bg/news/id_886031503
„Предполагам, че Груевски за п'рви п'т чува химна на Организацијата и п'рвија химн на Народна Република Македонија, т'ј като тези нешта не ги пиши в ср'бските учебници. Би било хубаво да го научи, все пак тој е председател на партија, чијато абревиатура е ВМРО", бјаха думите на заместник-председателја на ВМРО Ангел Джамбазки.


Овие имаат и ретардирана смисла за хумор. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom