Вработување на „постари“ лица

  • Креатор на темата Креатор на темата gox25
  • Време на започнување Време на започнување
Плански :icon_lol:, како има пропаднато Детроит во Америка шо ти одговорија? Исто и таму Волксваген, Мерцедес и Беемве ќе ги преселат фабриките во Кина и со нив сите пропратни дејности и шо остана од Германија?

Ама ти стварно не си глумел природно си ваков талент.
 
Колку е невработеноста на младите после завршување дипломирање во некои земји од ЕУ 50-60 проценти? Што ќе прават тие со нивните безвредни дипломи? Исто и кај нас многу полошо е.
 
Колку е невработеноста на младите после завршување дипломирање во некои земји од ЕУ 50-60 проценти? Што ќе прават тие со нивните безвредни дипломи? Исто и кај нас многу полошо е.

:facepalm:
Ќе те блокирам, ми умира дел од мозокот кога читам глупости.
 
:facepalm:
Ќе те блокирам, ми умира дел од мозокот кога читам глупости.

Кога не може човек да се соочи со вистината одлучува да ја игнорира :icon_lol:.
 
реков би можело да е небитно ... хипотетички, инаку се согласувам со тебе, ама ... дали сакаш повеќе да земаш 1200 еур без пензиско или 500 еур осигуран?

Зависи како на тоа гледаш. Ако планираш од денес за утре и живееш кампањски тогаш 1200 евра си се 1200 евра. Ако си паметен и планираш на подолг рок тогаш друга е приказната.
 
Луѓе малку избегавте од темава. Барав мислења за вработување на луѓе од 40 до 55 години. Јас лично имам 50 години и заднава година можеби имам аплицирано на преку 300 работни позиции ( ИТ, Електричар, Хаусмајстор, Возач за дистрибуција, Продавач........ ) и секаде ме одбија со образложение дека сум престар за тие работи. Не кажав дека бирам работа, иако сум по професија Техничар за мрежи и мрежни системи и компјутерски хардвер, ама што да правам годините се тие, и секоја година е година плус, и како да дочекам пензија, од кои пари да се преживее до пензија?
 
Па да можеби подобро би му било да кука, некој од децава ке се сожали и ке го вработи пошто бил експерт. И кој вели дека има искуство. Тој? Не мислиш дека некој друг треба да ја оцени неговата стручност, а колку е стварно стручен кажува неговата невработеност. И за крај што ако учел во ИТ секторот. Некој фактор е тоа, или пак доктор завршил па сега ајде срамота било да копа по ниви или да меша малтер. Демек другите за фрлање се ама пак овие експертите испод части му било да ја работи таа работа. Од такви експрети сме тука каде што сме. Еден куп ги имаме експерти на хартија. Баш некни ни дојде едно чиче од 50 години експерт по возење виљушкар. Ми идеше на раце да го товарам и растоварам шлеперот, најверојатно и побрзо ке завршев работа.
А тоа дека не сака да работи друга работа туку упорно се пика кај што не го сакаат значи само дека не е гладен, да е гладен ке копа и ке му пукнат.
П.с и дали воопшто претпоставуваш што работам сега јас, а за што сум учел и завршил. Кога можев јас да се преорентирам пошто очигледно таму немаше лепче за мене, ке можи и тој и секој друг. Ако тоа значи дека ке меша малтер за да донеси дома парче леб, тогаш ке меша. И да не се лажиме како децата мали. Ако не го бива тука, нема да го бива никаде, посебно во ИТ секторот каде цел свет му е на дланка. Можеби звучи сурово но реалноста е таква.

Ама како може бре човече човек кој има 50 години да почне нова струка... нити знае како се малтерисува ниту пак ќе научи за брзо време... Кога збориме за помлад човек е друго... На 50 години кога организам откажува ти ќе му кажуваш да оди на друго... Јас би му рекол да оди странство и таму да си го бара чарето..

Башка ако одиме според твојата теорија тогаш зошто се образуваат младите? За да имаат полесна и подобра иднина.. Што мислиш мене или на некој друг му се фрлаат пари за факултет, сакаме да кинеме живци со професорите за на крај да испадне све тоа било за џабе? Ако некој сака да оди молер ќе си оди тоа... Ако некој сака земјоделие ќе си оди тоа... Школо многу нема да му помогне пошто таму повеќе е рмбањето неголи мислењето..
 
gox25 cuden si mi iskreno celo Kumanovo i staro i mlado otide za Avganistan Irak Djibuti ti nemase vrska hmm aj da kazeme ne si se snasol ok

Se slozuvam so Strenght za ova podolu ovde nema rabota i se potesko e

На 50 години кога организам откажува ти ќе му кажуваш да оди на друго... Јас би му рекол да оди странство и таму да си го бара чарето.

E sega i jas da pomognam ako mozam ce te upatam pa ti kako se snajdes neznam dali ima tema.Vidi vaka pravat site porabotat vo Germanija nekoja godina cekaat da dojdat za starosna penzija i si dojdat vo Mk i ja trosat penzijata ....Ne te poznavam od ist grad sme ama so sreca od se srce ..Ti si elektricar Nemacka trazi elektricari begaj dodeka ne se popolni kvota i pisi od Nemacka kako si se snasol..... Pozdrav

http://ekonomski.mk/?p=48784

Детали за вработување во Германија за граѓаните кои не се од земјите на ЕУ

24/07/2013 | Економија | 0 Коментари

Лекари, медицински сестри, ИТ експерти, електричари и маашиновозачи се занимањата кои им требаат на Германците. Со оглед на тоа што населението старее, земјата се одлучи да ја спасува ситуацијата со прием на работници од земјите кои не се членки на Унијата. Работниците кои ќе отидат таму ќе се стекнат со така наречената сина карта и ќе ги имаат истите права како и Германците.

Еве што е потребно за да се конкурира за работа:
- квалификации исти како тие во Германија,
- познавање на германски јазик на ниво Б2
- диплома од факултет ( за занимањата за кои е потребна)
Што се добива:
-Договор за работа во согласност со германското право
-Плата во висина од 34.944 до 44.800 евра
-Општ, санитарен и здравствен преглд
За странските ИТ експерти и инеженери нема да се бара признавање на дипломите, нострификацијата е потребна за лекарите, но процесот нема да биде подолг од три месеци. Ако дипломата не одговара, кандидатот ќе оди на доусовршување.
Повеќе детали за условите и аплицирањето има на следниот линк:
linkot e http://www.thelocal.de/jobs/

---------------------------------------------------------------------------
http://tocka.com.mk/1/101194/kako-na-rabota-vo-germanija-so-nasite-diplomi

Како на работа во Германија со нашите дипломи

екари, медицински сестри, ИТ, електричари, машиновозачи кои знаат германски јазик можат лесно да најдат работа во Германија под исти услови и со исти социјални права како и државјани на Европската унија, благодарение на воведување на плавата карта.
Работодавците во Германија можат да вработат работници надвор од ЕУ ако кандидатот има диплома од високо образование, ако договорот за вработување е во согласност со германските закони и доколку годишната бруто плата на странските експерти е повисока од 44,800 евра, односно 34,944 евра за струки каде најмногу недостасува работна сила. Висината на платата се утврдува со колективните договори, така што платата ќе биде иста како и за државјаните на таа држава.

За странските ИТ-експерти и инжењери не се бара признавање на дипломата. Признавање на дипломата е неопходно само за одредени професии, како што се лекари и тој процес се решава во рок од три месеци.Доколку дипломата не одговара на германските барања, можно е да се спроведе дополнителна обука или недостатоците да се надополнат со работно искуство.Посебен услов за странските државјани е познавање на германскиот јазик на ниво Б2.

Барани работни места во Германија:

- лекари, медицински сестри и негуватели

- ИТ експерти

- експерти од областа на роботиката

- електричари

- машиновозачи

Потребно за конкурирање:

- квалификации еднакви на оние во Германија

- познавање на германски јазик на ниво Б2

- диплома од високо образование

- договор за вработување во согласност со германските закони

- годишна бруто заработувачка повисока од 44.800евра

- општ, санитарен и здравствен преглед
 
Ама како може бре човече човек кој има 50 години да почне нова струка... нити знае како се малтерисува ниту пак ќе научи за брзо време... Кога збориме за помлад човек е друго... На 50 години кога организам откажува ти ќе му кажуваш да оди на друго... Јас би му рекол да оди странство и таму да си го бара чарето..

Башка ако одиме според твојата теорија тогаш зошто се образуваат младите? За да имаат полесна и подобра иднина.. Што мислиш мене или на некој друг му се фрлаат пари за факултет, сакаме да кинеме живци со професорите за на крај да испадне све тоа било за џабе? Ако некој сака да оди молер ќе си оди тоа... Ако некој сака земјоделие ќе си оди тоа... Школо многу нема да му помогне пошто таму повеќе е рмбањето неголи мислењето..

Сега да не звучам морбидно но ако не знае да малтерисува ке знае да меша малтер и да ги носи кантите што би рекле помошник или калфа. Не треба некоја голема стручност за тоа, а се учи со два збора. Мешаш три лопати песок една усје. Ова е лопата, ова е корито, овде имаш вода и толку. Ете видиш нема потреба од толку прекфалификации. Финтата е да не дојдеш до тоа на 50 години од канцеларија да мешаш малтер инаку и сам ке се изненадиш колку си бил способен за таа работа.
За вториот болд домашниот есап не излегува секогаш на пазар. Ете и тој учел, се образовал е арно ама не му испаднала математиката. Сега дали лоша карма, немал ксмет, не се снашол или го стапна технологијата и времето е небитно. Битно е дека треба од нешто да живее. Еден куп ги имаа испуштено технолошки вишок на негови години па што. Повеќето можеби беа канцелариски работници, потешко од стилото и телефонот немаја кренато, арно ама животот тркало е. Некој се снајдоја, некој се прекфалификуваа, некој мешаат малтер. Тоа е. Животот е суров
И кој тебе ти гарантира дека ке го работиш тоа за што си учел.
Знаеш колкав број пример медицински сестри излегуваат секоја година на пазар на трудот. И што мислиш, сите работат по болници или амбуланти? Дај малце пореално гледајте на тие работи. И јас со тоа што го завршив ако беше се идеално ке си го прчев цел живот, арно ама не било така.
 
Затоа е крива државата друже не ние... Ако се гледа дека неможе да се вработат луѓето зошто тогаш упорно не ги намалуваат квотите... Барем да не фрлаат за џабе луѓето пари... Секоја држава си превзема мерки за оние кадри кои им се во дефицит или пак премногу ги има... Нашава ко да не постои да ги изнамочам
 
Приказни за мали деца.
Не те сакале во Ит секторот дека си бил стар. Нивни пари , нивно право кој ке вработат. Ако не си кадар сам да си отвориш и да водиш бизнис како способен и со искуство( тоа со инспекциите не е повеќе во мода), а од друга страна тие што можат и водат не те сакаат тогаш имаш неколку опции.
Не е приказна, реалност е. На скоро 50 години, од едвај неколкуте огласи (регуларни, пошто и реални огласи скоро и да нема), само еднаш. Со голема стручност од теорија и пракса во својата област ама тие бараат или со средно или да си помлад. Од една страна да заштедат на плати, од друга како млад да му се истопорчат со "знаење и искуство" и да го командаат како сакат. Тоа е така, и во приватните фирми....освен за ичпари или на тезга.
Првата е:
Секогаш има работа во градежништво и во аргатлук,ама нејќеш таму да работиш понижувачки било за човек со такви способности, квалитети и искуство.
Втората е :
Да си се преорентираш во нешто друго и таму да си ја пробаш среќата.
.
Човекот давал големи пари, труд и време да го заврши тоа школо. Државата давала многу пари (со десетици и десетици илјади евра по лице). Ако е ваква работата и тезата, можеби да ги укинеме стручните факултети и средни школи и да имаме само општа гимназија и 2 факултети -еден за општествени, друг за природни науки. И на лицето му требаат пари за издршка и преквалификација во друга струка.
Сега едино ако некој бара продавач за ичпари, ако не во држави како Македонија подобро му е да се хххххх.
 
Луѓе малку избегавте од темава. Барав мислења за вработување на луѓе од 40 до 55 години. Јас лично имам 50 години и заднава година можеби имам аплицирано на преку 300 работни позиции ( ИТ, Електричар, Хаусмајстор, Возач за дистрибуција, Продавач........ ) и секаде ме одбија со образложение дека сум престар за тие работи. Не кажав дека бирам работа, иако сум по професија Техничар за мрежи и мрежни системи и компјутерски хардвер, ама што да правам годините се тие, и секоја година е година плус, и како да дочекам пензија, од кои пари да се преживее до пензија?

Ако имаш некој капитал најдобро пробај се во трговија. За увоз е лесно, а веројатно имаш и контакти на твои 50 години па преку пријатели може и ке биде нешто.
Друго што ми текнува е нешто со заварување, приватно нормално. На пример сега кај што живеам актуелно е овие што имаат дворови да си монтираат метални огради. Се утепаа од пари земање луѓево што им ги монтираат оградите.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 15:05 ---
Затоа е крива државата друже не ние... Ако се гледа дека неможе да се вработат луѓето зошто тогаш упорно не ги намалуваат квотите... Барем да не фрлаат за џабе луѓето пари... Секоја држава си превзема мерки за оние кадри кои им се во дефицит или пак премногу ги има... Нашава ко да не постои да ги изнамочам

Има два типа на невработени. Едните се тие што ги ебе системот, а другите тие што бараат работа.
 
Германската економија бара странски работници

На германскиот пазар на труд се потребни машински и електроинженери, доктори, електро и водоинсталатери, железничари, механичари... На секои 6 месеци ќе се актуелизира листата на занимања кои недостасуваат во Германија.
Германскиот пазар на труд и натаму се отвора за стручњаци, но и за квалификувана работна сила од земјите надвор од ЕУ. Претставниците на Сојузното министерство за труд и Сојузното министерство за економија претставија во Берлин листа на занимања до кои жителите од земјите надвор од ЕУ ќе имаат пристап на германскиот пазар на труд.

На списокот потребни кадри, покрај лекари, машински инженери и електротехничари, се најдоа и градежни техничари, електричари, електро и водоинсталатери, железничари-мехатроничари и бројни други занимања. На берзата на труд во најголемата европска економија шанса за работа добиваат и апсолвентите, односно студентите кои завршуваат или, пак, само што ги завршиле студиите.

За можностите за вработување и условите кои кандидатите треба да ги исполнат, Беате Рабе од Сојузната агенција за вработување вели:
„Мора да се поседува одредено образование. Мора да се поседува баранта квалификација за работното место, а се очекува и многу добро познавање на германскиот јазик. Исто така мораат да се испочитуваат и законските регулативи за стекнување право на престој во Германија. Постои можност да се добие работа во случај кога тие занимања се многу барани во Германија, а притоа да нема доволно домашни кандидати“.
Оние кои стекнале стручни звања во Германија полесно ќе добијат согласност за вработување. Условот е стекнувањето на квалификацијата да траело најмалку две години и тоа на некоја од познатите образовни установи. Кандидатите со дипломи од земјите надвор од ЕУ ќе мораат, во согласност со сојузните и покраински уредби, да извршат признавање на дипломите и стекнатите звања. Некои од нив, како што стои во параграфот 6 од Правилникот за вработување, ќе бидат признаени само во случајот кога ќе ги задоволат стандардите кои ги бара истото звање во германскиот образовен систем.

оа зависи од занимање до занимање. Постојат занимања, како што се медицинските или педагошките, за кои е доволно формално признавање, но мора да се поднесе официјално барање за нивно признавање. Постојат и некои занимања за кои не е потребно формално признавање, но може да се случи работодавачот да побара стручен превод на дипломата“, истакна Беате Рабе.
Сојузната агенција за вработување на секои шест месеци ќе ја актуелизира листата на потребни занимања. Следната анализа ќе биде објавена на 31 декември оваа година, а потоа на средината на јуни 2014 година. Меѓутоа, прилагодувањето на листата ќе следува само во слчај две последователни анализи да ја потврдат потребата за проширување или кратење на листата на професии. Понудата на работни места сите заинтересирани можат да ја погледнат на официјалната интернет страница на Сојузната германска агенција за вработување (www. arbeitsagentur.de).
 
Тоа за Германија е добра идеја ама да сум на 40 години. Ја со години го учев англискиот, кај сега да учам германски колку време ќе ми треба? А староста си доваѓа.
 
Тоа за Германија е добра идеја ама да сум на 40 години. Ја со години го учев англискиот, кај сега да учам германски колку време ќе ми треба? А староста си доваѓа.

Дедо ми на 80 и нешто почна да учи германски. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom