Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Drive не, и не ме нервирај. Мислев и тебе ти се свиѓат?

Освен шо е визуелно добар, го сакам поради доста други причини, една е дека не паузирав ни еднаш двата пати ко го гледав, приказната ми е многу добро раскажана, со темпо баш како шо би требало. Друго... не е холивудизиран со премногу акциони сцени. Две се, ама на точно место и не се over the top.
Трето, Гослинг изглуми за сите пари. Кажа малку, покажа многу.

Иначе, баш сега ми се доспушти Обливион. Шо кажа, добар е?
 
Не е како за 8ката од Ио добар, ама не е лош. 6-ка. Предвидлив, лош избор на глумци, КАТАСТРОФАЛНА музика..
Ефекти само, блокбастериш во обид за приказна уз заплет.


Стварно цели 3 месеци ништо не ми се има допаднато.. освен Evil Dead. :confused:
 
Мене ми беше како подобра верзија на Прометеус
 
Ууу, Дејвид Финчер ќе ја преточи книгата „Gone Girl“ или кај нас издадена како „Ејми во нема“ во филм! Очекувам одлична екранизација како и неверојатниот трилер роман. (y)
 
На wot ништо не му се допаѓа последниве неколку месеци. Зошто мислиш дека филм со 6.2 на имдб би му се допаднал? :D

Не, шала настрана од шо прочитав и шо гледав ривјуа досега, слушнав дека само визуелно бил одличен, а срање во све друго... така да веројатно знајш како се осеќам за вакви стилизирани брбушки (khmholymotorskhm).
Во последно време сите филмови ги доживува обратно од мене, затоа се плашам дека ќе го бендиса ова, а 6.2 е ненормално висока оцена за филмот.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 01:45 ---
Не е како за 8ката од Ио добар, ама не е лош. 6-ка. Предвидлив, лош избор на глумци, КАТАСТРОФАЛНА музика..
Ефекти само, блокбастериш во обид за приказна уз заплет.


Стварно цели 3 месеци ништо не ми се има допаднато.. освен Evil Dead. :confused:
Тежок мрчатор стана... и Ио се жалеше од музиката. За глумците што не ти е погодено? Сакаш Том Круз самиот да се ифрли од филмот? 8ка бил, 6ка бил, јака работа. Добро филмче е за гледање, лесно. Ти или мрчиш дека филмот бил претенциозен или дека не бил доволно претенциозен.

#wemissoldwot
 
приказната на oblivion е слична како Moon, само што Moon не е акција него класичен СФ и приказната е многу по тажна, што е + поен за Moon.
 
Не е како за 8ката од Ио добар, ама не е лош. 6-ка. Предвидлив, лош избор на глумци, КАТАСТРОФАЛНА музика..
Ефекти само, блокбастериш во обид за приказна уз заплет.


Стварно цели 3 месеци ништо не ми се има допаднато.. освен Evil Dead. :confused:

И Trance. Не лажи.
 
Еве да не пишувам рецензии, нуму пак да ми излета некој спојлер, препорака за следниве два филма, ептен ме бендисаа (y)

Night Train to Lisbon
Mud
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мене ми беше како подобра верзија на Прометеус

Мене ми се допадна Oblivion од аспект на блокбастер, солиден беше. Приказната беше лесна, веќе видена и предвидлива но тоа е очекувано од ваков тип на филм. Посебно ми се допадна како е претставена земјата посапокалиптично. Во главно од блокбастер и не очекувам нешто вау да ме мрдне од место. Акција и ефекти, тоа е тоа.

А дека бил подобар од Prometheus, не се согласувам. Prometheus можеби имаше нелогичности и отвори прашања за кои не добивме одговори (затоа што е предвидено да има продолжение) но е далеку поквалитетен филм од секој аспект. Prometheus има подобра приказна, повеќе мистерија и подопадливи ликови кои признавам можеа подобро да бидат разработени. Плус за разлика од Oblivion кој изгледа минималистички Prometheus има многу вложено во деталите, eye candy во секоја сцена.

Prometheus има многу фанови и подржувачи за разлика од Oblivion кој нема ни да се сеќаваш дека си го гледал година дена подоцна...
 
Кастингов во Oblivion беше убиј Боже. Морган Фриман мислам дека најголемо промашување имаше со улогава, Том Круз ко Том Круз, евентуално Ланистер беше колку-толку погоден.
 
Што се важни воопшто и Фримен и Ланистер? Колку минутажа имаа? Во блокбастер со Том Круз важен е Том Круз, сите други се статисти. Во World War Z Бред Пит беше цело време централна фигура, после него таа девојката што се појави одглуми нешто, сите други се за да пополнат дијалог. Што ќе ви променеше поинаква актерска екипа кога нема три реда текст за нив? Во ваков филм да се жалите на карактерите е како во 12 Angry Men да се жалите на ефектите.
 
Го гледав Mud. Meланхолија закачив.. неверувам кај секој така да се изрази, ама вбризгнете си 0.5мл среќни моменти пред гледање.
Не е до тебе (филмот), до мене е. :)

Што се важни воопшто и Фримен и Ланистер? Колку минутажа имаа? Во блокбастер со Том Круз важен е Том Круз, сите други се статисти. Во World War Z Бред Пит беше цело време централна фигура, после него таа девојката што се појави одглуми нешто, сите други се за да пополнат дијалог. Што ќе ви променеше поинаква актерска екипа кога нема три реда текст за нив? Во ваков филм да се жалите на карактерите е како во 12 Angry Men да се жалите на ефектите.


Та и Томето беше промашај де.. севкупно.
 
Mama, ептен е добар, нов е - 2013. хорор е, и ако сакате пеперутки нема да сакате веќе :) :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom