Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
"Царството божје е внатре во вас".
Под изразот „..Царството Небесно е во вас...„ се подразбира состојбата од човековата душа, .т.е дух, а тоа е состојба на непрекидна радост и веселба од духот човеков, кој е „затворен„ во материјално тело. Затоа и се вели дека тоа Царство е „...во вас...„ а не „...таму и некаде...„ Таа радост и веселба се од Бога и ради Бога а не ради некој личен успех или лично краткотрајно добро расположение.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали Царството божјо е опишано и претставено во материјална форма но тоа да биде конкретно и без ниту најмал простор за метафорично толкување?

Стиховите од Библијата кои ги постираше уште еднаш потврдуваат дека тоа царство не може да се види или да му се одреди локацијата,помистично од ова здравје.
Нема потреба од вакво или онакво толкување. Доволно е само да се прочита се што Исус поучувал за Царството Божјо. Севкупното учење ќе ни помогне полесно да ги разбереме деталите. Евреите немале проблем да разберат што е тоа Царство и што е тоа Бог. Оттука многу е јасно дека Царство Божјо е она Царство каде што Царот е Бог т.е. она каде што Бог владее, каде што Божјата воља се извршува неприкосновено, каде што припадниците на тоа царство го прифаќаат Бог како авторитет. Нема потреба од мистицизам. Царство си е Царство, Бог си е Бог.

Патем не заговарам ништо,но нели е очигледно дека можам да го толкувам Светото писмо и на различен начин од твојот,цело не секако но само одредени стихови.Кој е во право и кој е автентичен толкувач на Библијата?Црквата?

Ако на Библијата и е потребен толкувач, тогаш излегува дека човекот може појасно и поедносмислено да се изрази од самиот Бог. Јас искрено не верува во Бог кој што создал созданија кои што можат појасно и понедвосмислено да се изразат од Него Самиот. Библијата не објавува таков Бог кој што е поконфузен, понејасен од луѓето.
Значи Библијата е многу јасна за тој што ја чита без предрасуди и што ја чита со цел да ја разбере Божјата воља и да живее Богоугоден праведен живот. На прсти се бројат оние стихови (меѓу илјадниците Библиски стихови!) што се потешки за разбирање и сите тие се работи кои што не се есенцијални за нашата вера, туку го задираат чисто нашето нескротливо љубопитство.
Сепак не велам дека со едно читање на Библијата човек се ќе разбере од неа. Туку велам дека ако човек трпеливо чита, истражува низ Библијата, ги чита Библиските книги во нивниот историски, културен и јазичен контекст, се понизи пред Божјата мудрост и не го стави својот „генијален“ мозок за да ги суди Божјите постапкии или карактер во Библијата, тогаш Бог ќе му ги открива вистините во задоволувачка јаснотија.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас искрено не верува во Бог кој што создал созданија кои што можат појасно и понедвосмислено да се изразат од Него Самиот. Библијата не објавува таков Бог кој што е поконфузен, понејасен од луѓето.
Значи Библијата е многу јасна за тој што ја чита без предрасуди и што ја чита со цел да ја разбере Божјата воља и да живее Богоугоден праведен живот.
Тогаш зошто има толку многу варијанти на христијанството?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Христијанството има саде една "варијанта", а таа е онаа која е од Христа зададена, преку Неговата Црква:

„...А ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината...„.(Тимотеј, 3.15).

Рисјанските „варијанти„ почнаа да се множат од моментот кога одредени поединци помислија дека се поспособни од Црквата па се одвоија од неа, направија свои „цркви„, свои доктрини и вистини, битно поинакви од оние кои Црквата веќе ги има во себе.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тогаш зошто има толку многу варијанти на христијанството?

Причинините за разните варијанти и разделби меѓу црквите најмалку лежат во различното толкување на Библијата. Главните причини зошто постојат разни цркви кои што се декларираат како „христијански“ се:

1. Секој може да си собере група истомисленици и да си се регистрира како христијанска црква. Тоа го можат дури и најголемите сатанисти. Тоа го направил и царот Константин, тоа го направиле и источните цркви кога се отцепиле од Рим и си основале свои цркви кои подоцна се поделиле по национална основа. Тоа го направила и МПЦ кога се отцепила од СПЦ и си се само прогласила како црква. На тој начин настанале и протестантските цркви кои се отцепиле од застранетата инквизиторска Католичка црква. Значи тука станува збор за политички причини.

2. Различни цркви постојат и затоа што група верници си одлучуваат да не го следат Божјиот збор (Библијата), туку помило им е да си следат некои свои човечки преданија, човечки традиции измешани со народен фолклор и паганштини, свои концили каде што си донесувале дополнителни одлуки и ги ставале на исто рамниште како и Божјите заповеди. Значи тука не станува збор за различно толкување на Библијата, туку разликите се појавуваат од вметнување на дополнителни „свети писанија“ од каде што и потекнуваат разликите или пак тие писанија го присилуваат Светото Писмо кон поинакво вонконтекстуално мистично или метафоричко толкување. Ова главно важи за католичката црква и православните цркви, но исто и за адвентистичката црква (која покрај Библијата ги фаворизира и писанијата на Елена Вајт), потоа мормоните (кои си имаат своја мормонска Библија),

3. Причините заради кои се делеле христијанските цркви биле и чисто географски, јазични (источните цркви не сакале на латински да се служи во нивните цркви, туку на грчки, словенски)

Веројатно има и други причини, али неам време сега да пишувам. Позз
 
Зошто сатанисти би се нарекувале христијани? Зошто рандом група на истомисленици би се именувала како христијани? Ако причината не е толкувањето на библијата која според тебе е недвосмислена, јасна и неподложна на различно толкување, тогаш што е причината? Заговор или инает против протестантите?
 
Онака бе ради финта :) Поентата ми беше да ти покажам дека секуларните и демократските држави воопшто не им е гајле дали и како групата луѓе верува во Исус, тие можат да си изградат храм и да си се наречат вакви или онакви христијани. Дури и да се сатанисти или пак да се некои што се клањаат на магаре, бацуваат задник на магаре и со дрвена скулптура на магаре осветуваат вода рецимо со изговор дека Исус јавал на магаре, па со тоа демек ги осветил магарињата (сличен изговор имаат и католиците и православните за фетиширањето на крстот), тоа државата не ја интересира. Секој си има право на слободна вероисповед. А од која причина ќе се наречат христијани или муслимани, тоа не знам. Тоа зависи од случај до случај. Не сфаќам зошто би било за инает баш на православните, али не е битно. Поентата е таа.
 
Но прашањето е зошто би го правеле тоа ако е се толку јасно и недвосмислено? Од инат? Заговор против протестантите?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Но прашањето е зошто би го правеле тоа ако е се толку јасно и недвосмислено? Од инат? Заговор против протестантите?

Не знам на кое „тоа“ мислиш, али ако збориш за правењето на поделби, разни „варијанти“ на христијанството, тоа го објаснив погоре. До сега не сум сретнал група луѓе што оформиле црква за инат на некој друг.
 
Нема потреба од вакво или онакво толкување.

Ако на Библијата и е потребен толкувач, тогаш излегува дека човекот може појасно и поедносмислено да се изрази од самиот Бог. Јас искрено не верува во Бог кој што создал созданија кои што можат појасно и понедвосмислено да се изразат од Него Самиот.
Тогаш зошто има толку многу варијанти на христијанството?
1. Секој може да си собере група истомисленици и да си се регистрира како христијанска црква.

2. Различни цркви постојат и затоа што група верници си одлучуваат да не го следат Божјиот збор (Библијата), туку помило им е да си следат некои свои човечки преданија, човечки традиции измешани со народен фолклор и паганштини, свои концили каде што си донесувале дополнителни одлуки и ги ставале на исто рамниште како и Божјите заповеди.

Но прашањето е зошто би го правеле тоа ако е се толку јасно и недвосмислено? Од инат? Заговор против протестантите?
Сега e појасно на кое "тоа" мислев?
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
  1. И зборуваа: „Милостивиот си присвои дете!“
  2. Да, вие дојдовте со злогласна работа.
  3. Само што небесата не испукаа, а Земјата не се распарча, а планините не се урнаа,
  4. затоа што на Милостивиот дете Му припишуваа.
  5. А на Милостивиот не Му треба да зема дете.
  6. Сите оние кои се на небесата и на Земјата ќе Му дојдат на Милостивиот како робови.
  7. Он, секако, ги пореди и точно ги изброи.
  8. И секој од нив на Денот суден ќе дојде поединечно.
  9. За оние кои веруваа и кои работеа добри дела Милостивиот, навистина, ќе им подари љубов.
  10. Ние Кур'анот, навистина, го олеснивме со јазикот твој за да ги зарадуваш со него богобојазливите и со него да ги опоменеш спротиставувачите.
  11. И колку поколенија пред нив Ние уништивме? Знаеш ли некого од нив? Или, пак, им слушаш ли некаков глас?
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Има само една црква а тоа е Црквата која самиот Христос ја формирал кој беше едно до 1054 година кога се разделија поради мегаломанската власт и жедта за пари на папата.Сите преостанати цркви се произлезени од католицизмот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Има само една црква а тоа е Црквата која самиот Христос ја формирал кој беше едно до 1054 година кога се разделија поради мегаломанската власт и жедта за пари на папата.Сите преостанати цркви се произлезени од католицизмот.
“Црквата“ на Исус пропадна во 70 ста година од нова ера, се наоѓаше во Ерусалем, во неа беа Исусовите ученици и апостоли а ја водеше брат му на Исус, Јаков. Беше организирана како комунна, членовите мораа да продадат се и сите пари да му ги дадат на апостолите, се молеа во храмот, принесуваа жртви во храмот, се обрежуваа и си ги држеа старитозаветните закони и заповеди. Црквата за која ти кажуваш ја оформи Павле кој беше во конфликт и спротивставеност со Исусовите ученици и апостоли. Првата еретичка црква е Павловата (денес позната како Христијанска) црква
 
Член од
28 октомври 2012
Мислења
272
Поени од реакции
39
zoshto na isus go smetate za bog koga toj bil samo pratenik a cudata shto gi napravil gi napravil bog a ne isus isto kako shto napravil cuda mojsei i drugi pratenici. ocekuvam odgovor za toa zoshto go smetate na isus za bog.poz
 
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2. како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел,
кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.”
3. Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
4. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”
9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”evangelie po Marko.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom