Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
MIKI1 дали би знаел да пишеш нешто повеќе за исихазмот?Дали навистина е еден вид на медитација која ја практикуваат православните монаси?Дали го практикуваат нашите монаси итн.

Секако добродојдени се одговори и од други упатени членови.

Исихазмот е начин на битисување на монашкиот ум и срце, кои непрекидно ја повторуваат Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/та„. Оваа молитва смеат да ја практикуваат и мирјаните/верните, но со потребното внимане.

Православните монаси ја практикуваат, но не сите од нив ја достигнууваат состојбата на непрекидно молитвено расположение. Што се случува во имот и срцето од исихастичкиот монах, тоа го знае само монахот кој ја достигнал таа непрекидна молитва...Претпоставувам дека го доживуваат т.н. умиление, односно посебното молитвено расположение. Ретко кој може да дознае што навистина се случува во и со духот од монахот.

„...Молете се постојано!...„, вели Св. Ап. Павле, во солуњаните, 5.17.

Не можам да кажам дека се работи за медитација од источно-азијатски тип, но во Црквата, молитвата се нарекува „...разговор со Бога...„, а не своеглаво напрегање за достигнување до Бога, засновано исклучиво на своите сили.

Верувам и убеден сум дека и нашите монаси ја практикуваат умно-срдечната молитва.
 
Дали би било погрешно да се каже дека исихазмот на некој начин претставува пат кон спознавање на Бога?Дали ти лично би кажал дека тоа е мистицизам во православието?
 
MIKI1 Дали во православието се верува дека во пеколот има чистилиште
односно два дела еден за просветување еден за измачување?
Нешто како да прочитав дека католиците го имаат а православните не се слагаат со тоа толкување.
 
... дали би знаел да пишеш нешто повеќе за исихазмот?Дали навистина е еден вид на медитација која ја практикуваат православните монаси?Дали го практикуваат нашите монаси итн.

Секако добродојдени се одговори и од други упатени членови.

Да. Во православизмот се навлезени многу будистички елементи. Самото монаштво (кај католиците и православните) е будистичка интерполација, бидејќи монаштвото си постоело во будизмот 5 века пред да се роди Исус. Многу симболи се навлезени од будизмот, како што се прана мудрата, муладхара мудра, притви мудра (тоа се оние симболи што православните светци ги прават со рацете на иконите) и сл.
 
Ако говориме за медитацијата таа не е "будистички елемент".Има нешто постаро,пред будизмот.

"Царството божје е внатре во вас".Ова не можеш да го протолкуваш како будистички елемент?Ете ти си посветен на изворното христијанство,а ова го пишува во Еванѓелие по Лука 17:21.Како ти го толкуваш овој стих?
 
Во будизмот непостои "грев", се што е создадено има причина и смисла. Од друга страна, христијанството тврди дека човекот се раѓа со грев. Така да, сите останати споредби се излишни.
 
Ако говориме за медитацијата таа не е "будистички елемент".Има нешто постаро,пред будизмот.

Е ако де, нека биде постара и од будизмот. Сепак поентата ми беше дека е интерполација кај католичките и православните монаси.

"Царството божје е внатре во вас".Ова не можеш да го протолкуваш како будистички елемент?Ете ти си посветен на изворното христијанство,а ова го пишува во Еванѓелие по Лука 17:21.Како ти го толкуваш овој стих?

Контекстуално. Во евангелијата Исус дава десетина споредби/илустрации за Царството Божјо и никаде тоа не е претставено во некоја мистична форма, како нешто што човекот треба да го бара внатре во себе, демек човекот е Бог и царството треба да го бара во себе или сл.
Во контекстот Исус само им кажува да не чекаат Божјото царство да им дојде од некаде, туку дека тоа е во нивната средина.

„А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина.“ (Исус, ев. Лука 17:21, Библијата)

Божјо Царство е она царство каде што владее Бог. Ако се соберат 3-4 души кои ќе го признаат Бог за свој Господар и ќе му бидат послушни т.е. ќе дозволат Тој да владее со нив, тогаш тоа друштво е дел од Божјото Царство. Затоа Исус им вели да не чекаат Божјото Царство да дојде од некаде, туку тие да гледаат да станат самите дел од тоа царство со тоа што ќе ги следат принципите на тоа царство, ќе бидат послушни на Божјите заповеди.
 
Во будизмот непостои "грев", се што е создадено има причина и смисла. Од друга страна, христијанството тврди дека човекот се раѓа со грев. Така да, сите останати споредби се излишни.

Јасно,акција-реакција т.е.законот на кармата секоја наша акција дури и неакција-пасивност повлекува одредена последица бидејќи тоа е универзален закон,исплаќање на таа позитивна или негативна карма во овој живот или наредниот или неколкуте наредни итн. гревот не постои бидејќи не постои ни добро ниту зло за разлика од христијанството.

Јас и немав намера да ги споредувам или постоиветам будизмот и христијанството мене ме интересираше конкретно исихазмот,познато ли ти е ова движење во православието и дали сметаш дека има мистични па дури и гностички елементи?
 
MIKI1 Дали во православието се верува дека во пеколот има чистилиште
односно два дела еден за просветување еден за измачување?
Нешто како да прочитав дека католиците го имаат а православните не се слагаат со тоа толкување.

Да, римокатилиците го „воведоа„ т.н. чистилиште во своето учење, во кое (чистилиште) помалку грешните души ќе се „подиспечат„ и онака очистени од тоа „печење„, ќе можат раат да си влезат во Рајот.

Православната вера и Црква не познава чистилиште, затоа што чистилиштето нема никаква своја подлога во Светото Писмо или во било кој друг црковен запис. Црквата познава само две можни состојби од душите од упокените, а и после општото воскресение, и тоа: Рај за Богоугодниците и пекол за неправедниците.

Не пости „трета состојба„, како што е чистилиштето, ко е е само една од многуте новотарии кои ги воведе римската Црква и со тие новотаари ја зачна појавата на протестантизмот.

Доволно е да погледнеш во Матеј, 25.34 и 25.41 и ќе видиш дека Христос на страшниот Суд, не посочува „трета„ состојба, освен „лево„ и „десно„ од Него.
 
Да, римокатилиците го „воведоа„ т.н. чистилиште во своето учење, во кое (чистилиште) помалку грешните души ќе се „подиспечат„ и онака очисени од тоа „печење„, ќе можат раат да си влезат во Рајот.

Православната вера и Црква не познава чистилиште, затоа што чистилиштето нема никаква своја подлога во Светото Писмо или во било кој друг црковен запис.

Во Светото Писмо исто така не пишува никаде дека поповите треба да земаат пари од верниците за крштевки, венчавки, погреби, па земаат.

Иако се заветени дека се „лишуваат од се материјално“ и „својата награда ќе ја добијат на небесата“.
 
Контекстуално. Во евангелијата Исус дава десетина споредби/илустрации за Царството Божјо и никаде тоа не е претставено во некоја мистична форма, како нешто што човекот треба да го бара внатре во себе, демек човекот е Бог и царството треба да го бара во себе или сл.
Во контекстот Исус само им кажува да не чекаат Божјото царство да им дојде од некаде, туку дека тоа е во нивната средина.

„А кога фарисеите Го прашаа: „Кога ќе дојде Божјото Царство?” Тој им одговори и рече: „Божјото Царство не доаѓа така, за да може да се види; ниту ќе се рече: ‘Еве го тука, или онаму!’ - зашто, ете, Божјото Царство е во вашата средина.“ (Исус, ев. Лука 17:21, Библијата)

Божјо Царство е она царство каде што владее Бог. Ако се соберат 3-4 души кои ќе го признаат Бог за свој Господар и ќе му бидат послушни т.е. ќе дозволат Тој да владее со нив, тогаш тоа друштво е дел од Божјото Царство. Затоа Исус им вели да не чекаат Божјото Царство да дојде од некаде, туку тие да гледаат да станат самите дел од тоа царство со тоа што ќе ги следат принципите на тоа царство, ќе бидат послушни на Божјите заповеди.

Дали Царството божјо е опишано и претставено во материјална форма но тоа да биде конкретно и без ниту најмал простор за метафорично толкување?

Стиховите од Библијата кои ги постираше уште еднаш потврдуваат дека тоа царство не може да се види или да му се одреди локацијата,помистично од ова здравје.

Патем не заговарам ништо,но нели е очигледно дека можам да го толкувам Светото писмо и на различен начин од твојот,цело не секако но само одредени стихови.Кој е во право и кој е автентичен толкувач на Библијата?Црквата?
 
Дали би било погрешно да се каже дека исихазмот на некој начин претставува пат кон спознавање на Бога?Дали ти лично би кажал дека тоа е мистицизам во православието?

Под поимот „мистицизам„ во православната вера се подразбираат духовните нешта, т.е. нематеријалните нешта, како што е на пример состојбата на човековиот дух и душа во нивното трагање кон својот Творец.

„Спознавањето на Бога„ ми е некако нејасен израз: Бог Е неограничен и неспознатлив во својата природа, а спознатлив само во Неговата волја и „последиците„ од таа волја, т.е. во делата Господови, кои се видливи и сетилно спознатливи и кончено, Бог стана видлив преку Неговото овоплотување, за да Он стане уште поблизок до своето омилено творение-човекот.

Мистицизмот започнува кога човекот ќе ја увиди сета своја огревовеност и сета своја ништожност пред Бога и во однос на Бога и кога истиот тој човек ќе го почне своето покајание и ќе ја изрази желбата за враќање во некогашната заедница помеѓу Творецот и творението, која (заедница) беше растурена со гревот од нашите пра-родители.
--- надополнето: 24 јули 2013 во 01:49 ---
Во светото писмо исто така не пишува никаде дека поповите треба да земаат пари од верниците за крштевки, венчавки, погреби, па земаат.

Иако се заветени дека се „лишуваат од се материјално“ и „својата награда ќе ја добијат на небесата“.

Во Светото Писмо, исто така, не е запишано и моето име, па еве, јас, иако незапишан во Писмото, сепак постојам...
 
познато ли ти е ова движење во православието и дали сметаш дека има мистични па дури и гностички елементи?
Не сум запознаен за да го коментирам. Оставам на оние кои се.
 
Во Светото Писмо исто така не пишува никаде дека поповите треба да земаат пари од верниците за крштевки, венчавки, погреби, па земаат.

Иако се заветени дека се „лишуваат од се материјално“ и „својата награда ќе ја добијат на небесата“.

А како според тебе црквата би опстанала ако не се земаат пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom