Тешко прашање, плус не кажа кој конкретен аспект те интересира.
Во секој случај ќе се обидам да ги опфатам поважните работи, еве неколку факти:
- Ако исклучиво те интересира здравјето, немој да го пушиш ниту едното ниту другото.
- Ако зборуваме само за една цигара, и исклучиво само таа една цигара, тогаш нема ништо посебно да ти биде штетно ни едното ни другото. Штета по здравјето доаѓа од продолжена и посебно од екцесивно консумација (од било која од двете наведени работи).
- Пошто извесно никој многу не го интересира штетата од само една цигара (од било кој вид), ајде да збориме за штетата од повеќе такви цигари. Но нема да зборувам за консумација од екцесивен вид туку од рекреативен аспект.
Тоа според мене би било нешто од видот на: од еден-два џоинти (цигари од марихуана) месечно до 5-6 џоинти годишно. Други луѓе ќе имаат други норми за ова, но се додека не се повеќе такви цигари неделно -можеме да зборуваме за рекреативна консумација на марихуана. Штетата од оваква консумација не е занемарлива, но треба да се истакне дека таа штета е во најголема мера од неконтролираното одгледување кое се одвива со големи количини забранети и претерано јаки пестициди. Штетата од самата марихуана (THC и другите канабоиди) е занемарлива во тие количини и таа фрекфенција на употреба.
Ајде сега за тутунот.
Тутунот лесно прави голема зависност. За разлика од травата -консументите можат да не запалат џоинт на долги периоди без око да им трепне, тутунската зависност се гради многу лесно (помалку од месец дена консумација) и се работи за тешка хемиска зависност на организмот: откажувањето повлекува долг период на тешко повлекување проследено со изразени периоди на мачнина и вознемиреност, лесна и честа иритација, покачување на апетитот и зголемување на телесната тежина, несоница, замор, депресија...итн. Од друга страна заради тоа што тутунот е легален, релативно е побезбеден од аспект на прекумерна употреба на пестициди, посебно од тие забранетите. На жалост доброто од контролираното производство се побива со сите хемиски додатоци што тутнската индустрија ги употребува за да: го успори горењето, го подобри горењето, го измени вкусот и најперфидното -додатоци за да се намали времето на развивање зависност.
Како резиме, најдобро е да не се конзумира ни тутун ни марихуана. Но ако веќе мора да се одбера еден порок од овие два, дефинитивно мара е подобар избор... од аспект на здравјето. Вкусовите се веќе друга работа, и за тоа не дискутирам.