Дрогирање во центарот на Скопје

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Деконцентрираност и халуцинации? Што ти дале тебе да пушиш, некои прсканици и говнарии?? Пази од кај земаш друг пат:) Или можеби си причитал само на википедија:confused:
кажими ти од кај зимаш :)
 
Член од
7 април 2013
Мислења
206
Поени од реакции
329
А и да сум, зошто да не смеам да бидам против конзумирање на трева во јавност? Еве ја лично се оправам и само ако вдишам дим од некој што пуши во близина, а што да прави некој што не може да го поднесува мирисот на димот од тревата, а околу него 5-мина запалиле? Заради тоа шо на некои им текнало да се опуштаат и смеат, не мора да значи дека и некој околу нив сака. Затоа, по дома секој нека си прави што сака.
Во ред е да има кафичи каде што ќе идат оние кои сакаат да дуваат, ама замисли во Тренд кафе да се пуши трева, и после да се смеат ко мрднати пола саат.. не би рекол дека е во ред.

Мил,се прашувам што си ти,веројатно си фашистички настроен хомо кој од кур ќејф решил дека му смета тревчето и се напушуе инстантно од димот на марата и кој смета дека е некој фактор кој треба да биде прашан и земен у обзир кога некој сака да се опушти и насмее на саат-два и се курчи да гледа други кога пушат џоинт дур се лапа со дечкото на клупа у парк?

Ти си чоек само за у Џери Спрингер.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Мислиш нешто како тутунот и алкохолот што се купуваат секаде слободно? ;)

Тоа е и најголемата парадоксалност, тутун и алкохол имаш у продавничката на ќошот, а и поштетни се и повеќе бељи (и зависност) прават.
Дали можеш да споредиш тутун и марихуана или чаша вино/виски со марихуана? :confused:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Дали можеш да споредиш тутун и марихуана или чаша вино/виски со марихуана? :confused:
Од кој аспект сакаш да ја направиме споредбата?

Секако дека не ги споредуваме физичките манифестации на предметите (содржателите).
Зборував за намената (иста е кај сите, тутун-алкохол-трава), зборував за последиците од претерувањето (полоши се кај тутун/алкохол одколку кај травата) и зборував за легалноста (тутун/алкохол се легални и покрај поголемата штетност).
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Од кој аспект сакаш да ја направиме споредбата?

Секако дека не ги споредуваме физичките манифестации на предметите (содржателите).
Зборував за намената (иста е кај сите, тутун-алкохол-трава), зборував за последиците од претерувањето (полоши се кај тутун/алкохол одколку кај травата) и зборував за легалноста (тутун/алкохол се легални и покрај поголемата штетност).
Одговори ми конкретно:

Што е поштетно: да испушиш цигара во која има тутун или да испушиш цигара во која има марихуана? :)
 
M

MIL

Гостин
Во дрога слободно ставам и трава , зашо кој и да зборува дека не ствара завист имам пријател и гледам дека "ич не е зависен" , се повеке и во Кав е развиена и млади деца се јако навлезени дуваат ,траваат, се фиксаат,шмркаат се и свашта ... страшно и за нас и за нашите поколенија
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Пеер што верба у мене, читај ги бе, жити се...
Непоправливи се..
Овој турвиор мурвиор, демек паметно дете, види го шо збори бе :facepalm: Сушела мозок травата.... У дваеспрви век пеер, време на информации.. ни баба ми више не верува у тоа...
Или оној гејтвеј дрога била марихуаната пошо сите шо праеле хероин предтоа пушеле марихуана :)))
Логикава е, незнам хахаха, онака смешно е :pos: Премиса 1, сите луѓе умираат, Премиса 2, сократ е човек, Закључок, сите луѓе се мртви :pos:
И шо да зборам тука бе, жити се, еден таб ги дели од сето знаење на светот и пак се... неинформирани.
А овој шо ја отворил темава... :ROFLMAO: Пушеле марихуана во јавност, и става видеа од фаци као се иглаат у школски двор :pos:
Јaс сум дете на поранешен инспектор по дрога, шо сакаш бе, да бранам џанкери, кој ги онади :D Уствари ако добро размислам само едни поштувам и толку. Оние кои под такви дејства оставиле некои неповторливи работи во кои уживаме ние пијаничиштава, било да е пишан збор, било музика така уба, за другите ме заболе таквово, најискрено, јас лубеница си сакам, уба зрела и по можност ладна. :icon_lol:

Ај сега оти гледам најлесно е на форумов некој да се расфрла со неосновани зборови, да пробам да пишам нешто од моето скромно познавање кое ми е и повеќе од доволно, лично мене.

Поделба на дроги на опијати, депресанти, стимуланти, халуциногени дроги.

Во опијати спаѓаат алкалоиди на опиум и неговите соли. Не се добиваат директ од опиумска дрога, туку со изолација и комбинација преку хемиска реакција. Тука спаѓаат хашиш, морфиум, кодеин, како и синтетички производи слични на морфиум , хептанон и метадон, Мали дози предизвикуваат ефект како депресантите, со помало влијание врз моторика и интелектуален процес. Предизвикуваат силна физичка и психичка зависност и создаваат навика да се зголемат почетните дози. Последици од нивна злоупотреба се, труење на крвта, хепатитис, срцев удар , параплегија и сл.

Депресанти се деривативи на канабис( Canabis sativa), хашиш, барбуртанти, марихуана и др. Мали дози доведуваат до опуштање проследено со слабеење на интелектуални функции и концентрација. Не доведуваат до физичка и психичка завбиност и не влијаат врз потреба да се зголеми дозата. При зголемена употреба предизвикуваат ментални конфузии, проблем со помнење и доведуваат до болести на црн дроб.

Стимултанти или психостимулативни дроги се анфитамин, кокаин, кофеин, бензердн и сл кои во мали дози доведуваат до живост и енергија. Смалуваат апетит а зголемуваат расположение и сексуален нагон. Создаваат психичка и физичка зависност оти некогаш чоекот ќе посака да биди пожив и поенергичен и поебач, па така често и дози зголемува.

Халуциногени дроги се LSD, маскалин, предизвикуваат халуцинации, илузии кои се поврзуваат со промена на расположение и на мисли, како и зголемување на сексуалност. Карактеристика е задолжително предизвикувае на промени во забележување, мисли, чувства. Кај нестабилни и незрели сушчества можа да доведа до сериозни душевни растројства како, шизофренија ко песнана од Соник Јут, болести од параноиден круг на психози, ко песнана од Редиохед. Не доведуваат до физичка и психичка завиност ниту до зголемување на доза за да се зголеми ефектот.

И збор два за марихуанава. Та предизвикува морална и духовна деградација, јас сум и морален и духовен, понекогаш и проѕирен ама ништо страшно. Со нејизна употреба исчезнуваат сите видови на инхибиции. Се зголемува одважноста и ако едно лице е по тро духовно исколчено, можи да сиби мајката уште толку. Еден просечен поединец го прави како да е пијан сачма, бидејќи му го слабеј осетот за простор. Во САД имало околу 40 милиони (пред 2 години ова), сега се можи појче.
Марава со хашишот е помалку отровна од алкохол. Кај џанкиов создава расположение при кое исчезнува желбата за конструктивна работа. Во тој поглед се психотоксични, оти од млади чоеци можи да прај паразити(исто ко пијаничиштава, зато мене најубав ми е браво од лимон), кои одбегнуваат обврски, ги боли куро за вработување и така натаму, ме смрзи да пишувам...............

Vanlok еве нека и ова биди одговор на цитатот, да не шиба уште натака.

Помеѓу паметен и мудар, бирам второво.

А за Холандија, ај да си најдите податок после легализација, за колку проценти се зголемила продажбата на црно на истата ;)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
smihajlo види, јас сум опкружена со луѓе кои што се уживатели на тревката. немам видено ниеден од нив да проба или да посака да проба нешто друго. многу од нив имаат партнери/ки кои што не дуваат. сакаш да кажеш кај и да е сите тие, па и јас ќе станеме наркомани?
Доста скажувате тука прикаски од типот, не е опасна марихуаната... шо ви е вас, луди сте.. од марихуана никој не умрел... точно.. се умира од потешки дроги.. али прашајте ги тие со што почнале, ќе дојдеме до марихуаната.


Истражувањата покажале дека децата, чији родители биле корисници на марихуана, се поагресивни отколку останатите. Бебињата имаат проблеми со исхраната и со спиењето, а тоа подоцна влијае и на нивниот имунолошки систем. Таквите деца најчесто се помали од останатите деца кои се родени од здрави мајки.
Мајката која користи марихуана за време на бременоста па и после тоа, преку своето млеко на детето му пренесува THC, а со тоа се влошуваат моторните способности кај детето.

Пример... девојка која користеше долго време марихуана.. кога конечно се освести и создаде семејство, детенцето нејзино се роди алергично на се живо.. секој месец се по болницине и немаш појма колку пари имаат лупнато досега за тоа дете, што од лекови, што од други работи кои се потребни за да функционира нормално тоа детенце. Сега и самата она си признава, дека тоа што таа и нејзиниот сопруг користеле марихуана се причина за сите овие проблеми што ги има нивното дете, се плашат да имаат второ дете само ради тоа што со ова толку многу се имаат измачено.

Жалосно е при толку можности нашава младина да е толку затупавена и да е толку лекомислена, да навистина верува во таа пропаганда што се шири.. дека дрогата, тоест одредени дроги се лесни и не представуваат опасност ...
Зар не ви е чудно што скоро во секој втор спот или филм е марихуаната преставена како нешто кул?!
Зар не ви е чудно што тек така одеднаш излегуваат некои "научници" експерти кои кажуваат дека уствари е прекрасно да се зема маррихуана и дека нема никакви последици по здравјето?

Па побогу.. и Монсанто (компанија за производство на ГМО производи) имаше научни студии каде беа нивните производи прикажани како потполно сигурни и безбедни за човекот, па подоцна испадна дека нити постојат такви научници, нити сето тоа е вистина. Ако некој се прашува за што зборвам, нека пише на јутуб "The world according to monsanto" или само монсанто.. па нека разгледа, до каде се спремни да одат само за да се намали популацијата на светстко ниво.

Многу убава пропаганда... пушете марихуана.. и живејте среќно и затупавено... затоа што ако го користите својот мозок, ќе представувате опасност за нивната политика.

Прашањето е зошто не може да се реши проблемот со дрогата.. ??
Одговорот е премногу едноставен... затоа што тогаш би се изгубиле мнооооооооооооооогу пари.... а секако политичарите тоа не смеат да си го дозволат.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

:pos:
Пеер, најубаво, пафни, види си сам шо како, зашо сеа и да ти објаснувам, џабе ми е :)
Значи глупости.. Незнам.. Како на слеп човек бои да му објаснуваш.
Морална и духовна деградација.. the fuck.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Доста скажувате тука прикаски од типот, не е опасна марихуаната... шо ви е вас, луди сте.. од марихуана никој не умрел... точно.. се умира од потешки дроги.. али прашајте ги тие со што почнале, ќе дојдеме до марихуаната.
Еве и да е така ама пред да пробаат марихуана пробале пиво. Сега што правиме? Ајде прво пивото да се забрани. Исто така сите приказни почнале со алкохол.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Одговори ми конкретно:

Што е поштетно: да испушиш цигара во која има тутун или да испушиш цигара во која има марихуана? :)
Тешко прашање, плус не кажа кој конкретен аспект те интересира.
Во секој случај ќе се обидам да ги опфатам поважните работи, еве неколку факти:

- Ако исклучиво те интересира здравјето, немој да го пушиш ниту едното ниту другото.

- Ако зборуваме само за една цигара, и исклучиво само таа една цигара, тогаш нема ништо посебно да ти биде штетно ни едното ни другото. Штета по здравјето доаѓа од продолжена и посебно од екцесивна консумација (од било која од двете наведени работи).


- Пошто извесно никој многу не го интересира штетата од само една цигара (од било кој вид), ајде да збориме за штетата од повеќе такви цигари. Но нема да зборувам за консумација од екцесивен вид туку од рекреативен аспект.
Тоа според мене би било нешто од видот на: од еден-два џоинти (цигари од марихуана) месечно до 5-6 џоинти годишно. Други луѓе ќе имаат други норми за ова, но се додека не се повеќе такви цигари неделно -можеме да зборуваме за рекреативна консумација на марихуана. Штетата од оваква консумација не е занемарлива, но треба да се истакне дека таа штета е во најголема мера од пестицидите присутни во травата, заради неконтролираното одгледување кое се одвива со големи количини забранети и претерано јаки пестициди, и заради тоа што ниеден продавач не ги мие билките по бербата. Штетата од самата марихуана (THC и другите канабоиди) е занемарлива во тие количини и таква ретка фрекфенција на употреба.

Ајде сега за тутунот.
Тутунот лесно прави голема зависност. За разлика од травата -консументите можат да не запалат џоинт на долги периоди без притоа око да им трепне, тутунската зависност се гради многу лесно (помалку од месец дена консумација) и се работи за тешка хемиска зависност на организмот: откажувањето повлекува долг период на тешко повлекување проследено со изразени периоди на мачнина и вознемиреност, лесна и честа иритација, покачување на апетитот и зголемување на телесната тежина, несоница, замор, депресија...итн. Од друга страна заради тоа што тутунот е легален, релативно е побезбеден од аспект на прекумерна употреба на пестициди, посебно од тие забранетите. На жалост доброто од контролираното производство се побива со сите хемиски додатоци што тутунската индустрија ги бута во цигарите за да: го успори горењето, го подобри горењето (негаснење), го измени вкусот, итн и најперфидното -додатоци за да се намали времето на развивање зависност.


Како резиме, најдобро е да не се конзумира ни тутун ни марихуана. Но ако веќе мора да се одбера еден порок од овие два, дефинитивно мара е подобар избор... од аспект на здравјето. Вкусовите се веќе друга работа, и за тоа не дискутирам, а и легалниот аспект не е занемарлив.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
:pos:
Пеер, најубаво, пафни, види си сам шо како, зашо сеа и да ти објаснувам, џабе ми е :)
Значи глупости.. Незнам.. Како на слеп човек бои да му објаснуваш.
Морална и духовна деградација.. the fuck.
Абе татко ми ми рече еднаш, дојде со таква катара дома, гледај лустерон ако те крепи арно. Си го зедов здраво за готово :( Ретко пијам алкохол, најНогу вино домашно ко че има, сок најубо ми е, плус фудбалер бев 9 години. Јок, јок, убо ми е и вака.
Инаку то шо го пишав сум го учел по социјална патологија, е сега имаше и за друзите дроги, ама не памтам, од тогаш помина време, многу букви поминале.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Абе татко ми ми рече еднаш, дојде со таква катара дома, гледај лустерон ако те крепи арно. Си го зедов здраво за готово :( Ретко пијам алкохол, најНогу вино домашно ко че има, сок најубо ми е, плус фудбалер бев 9 години. Јок, јок, убо ми е и вака.
Инаку то шо го пишав сум го учел по социјална патологија, е сега имаше и за друзите дроги, ама не памтам, од тогаш помина време, многу букви поминале.

Се имаш начукано од алкохол некогаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom