Дрогирање во центарот на Скопје

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Еве и да е така ама пред да пробаат марихуана пробале пиво. Сега што правиме? Ајде прво пивото да се забрани. Исто така сите приказни почнале со алкохол.
Ајде сега најди што содржи пивото во својот состав, а што оноа завитканоно цигарче.. џоинтче.. па ќе правиме муабет.. може?
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
Nymphadora dobro ti e toa za Monsanto:icon_lol: ,samo kaj ti tekna Monsanto(korporacija) da sporeduvas so cannabis.
Sporedba Alkaloid - kantarion.:unsure:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Тешко прашање, плус не кажа кој конкретен аспект те интересира.
Во секој случај ќе се обидам да ги опфатам поважните работи, еве неколку факти:

- Ако исклучиво те интересира здравјето, немој да го пушиш ниту едното ниту другото.

- Ако зборуваме само за една цигара, и исклучиво само таа една цигара, тогаш нема ништо посебно да ти биде штетно ни едното ни другото. Штета по здравјето доаѓа од продолжена и посебно од екцесивно консумација (од било која од двете наведени работи).

- Пошто извесно никој многу не го интересира штетата од само една цигара (од било кој вид), ајде да збориме за штетата од повеќе такви цигари. Но нема да зборувам за консумација од екцесивен вид туку од рекреативен аспект.
Тоа според мене би било нешто од видот на: од еден-два џоинти (цигари од марихуана) месечно до 5-6 џоинти годишно. Други луѓе ќе имаат други норми за ова, но се додека не се повеќе такви цигари неделно -можеме да зборуваме за рекреативна консумација на марихуана. Штетата од оваква консумација не е занемарлива, но треба да се истакне дека таа штета е во најголема мера од неконтролираното одгледување кое се одвива со големи количини забранети и претерано јаки пестициди. Штетата од самата марихуана (THC и другите канабоиди) е занемарлива во тие количини и таа фрекфенција на употреба.
Ајде сега за тутунот.
Тутунот лесно прави голема зависност. За разлика од травата -консументите можат да не запалат џоинт на долги периоди без око да им трепне, тутунската зависност се гради многу лесно (помалку од месец дена консумација) и се работи за тешка хемиска зависност на организмот: откажувањето повлекува долг период на тешко повлекување проследено со изразени периоди на мачнина и вознемиреност, лесна и честа иритација, покачување на апетитот и зголемување на телесната тежина, несоница, замор, депресија...итн. Од друга страна заради тоа што тутунот е легален, релативно е побезбеден од аспект на прекумерна употреба на пестициди, посебно од тие забранетите. На жалост доброто од контролираното производство се побива со сите хемиски додатоци што тутнската индустрија ги употребува за да: го успори горењето, го подобри горењето, го измени вкусот и најперфидното -додатоци за да се намали времето на развивање зависност.

Како резиме, најдобро е да не се конзумира ни тутун ни марихуана. Но ако веќе мора да се одбера еден порок од овие два, дефинитивно мара е подобар избор... од аспект на здравјето. Вкусовите се веќе друга работа, и за тоа не дискутирам.
Јас сум многу против цигарите, од мене да зависи јас би забранил произвоство на цигари :)
Е сега не е исто, марихуаната спаѓа во групата дрога. Луѓето на времето пушеле тутун до 100 години, а марихуаната за 5 години ќе ти го покаже крајот.
Но како и да е, ШТО ПОДАЛЕКУ ОД ПУШЕЊЕ ;)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.187
Поени од реакции
13.822
се извинувам ако сфативте дека пропагирам пушење за време на бременост и доење, никаде не ни спомнав такво нешто. ќе си повторам, има толку многу работи поштетни од тоа што никој не ги забележува. многу мои другарки пушеа цигари за време на бременост, а тоа и те како е штетно.

марихуаната за 5 год ќе ти го покаже крајот? уффф....ја сум зомби :D
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ајде сега најди што содржи пивото во својот состав, а што оноа завитканоно цигарче.. џоинтче.. па ќе правиме муабет.. може?
Алкохол делува на централен нервен систем.

т хц делува на централен нервен систем.

Што повеќе муабет сакаш?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Јас сум многу против цигарите, од мене да зависи јас би забранил произвоство на цигари :)
Е сега не е исто, марихуаната спаѓа во групата дрога. Луѓето на времето пушеле тутун до 100 години, а марихуаната за 5 години ќе ти го покаже крајот.
Но како и да е, ШТО ПОДАЛЕКУ ОД ПУШЕЊЕ ;)

Спанџ Боб, зависи какво :D

Инаку, шо инаку. Имам и еден друг познајник кој демек сега само на марихуана е, ама пред то мамата си еба со се и сешто. Беше ептен надежен интелектуалец, еден од најдобрите во генерација, сега си шеткара само низ улица и толку/
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Ајде сега најди што содржи пивото во својот состав, а што оноа завитканоно цигарче.. џоинтче.. па ќе правиме муабет.. може?
Не тебе не ти оди лесно согледувањето на поентата, нели?

Кога ти како главна негативност на марихуаната наведе губење на инхибиција за прави дроги, човекот ти кажа дека по таа филозофија можеш да се каже дека истиот тој наркоман, како што пред хероинот пушел трава, така и пред травата пиел алкохол. Има ли можеби потреба да се нацрта ова? :)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Nymphadora dobro ti e toa za Monsanto:icon_lol: ,samo kaj ti tekna Monsanto(korporacija) da sporeduvas so cannabis.
Sporedba Alkaloid - kantarion.:unsure:
Пропагандата... е нешто што е заедничко за двете.. ;) добрата реклама, чуда прави... нели ?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Јас сум многу против цигарите, од мене да зависи јас би забранил произвоство на цигари :)
Е сега не е исто, марихуаната спаѓа во групата дрога. Луѓето на времето пушеле тутун до 100 години, а марихуаната за 5 години ќе ти го покаже крајот.
Но како и да е, ШТО ПОДАЛЕКУ ОД ПУШЕЊЕ ;)
Абе ти се слушаш ли или појма немаш што пишуваш. Ако збориш за пред 100 години, во секоја куќа ама баш во секоја имало пита од афион (нерафиниран опиум) за лошо и за добро, за главоболка несоница и ред други работи...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Спанџ Боб, зависи какво :D

Инаку, шо инаку. Имам и еден друг познајник кој демек сега само на марихуана е, ама пред то мамата си еба со се и сешто. Беше ептен надежен интелектуалец, еден од најдобрите во генерација, сега си шеткара само низ улица и толку/
Ма од цигари бегај, тоа се е ѓубре :D
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ретко, ептен ретко. Итоа не скроз да бидам штрафосан, туку малкуцка.

Да де, битно знаеш како е да бидеш пијан.
И сеа, мене уствари муабетов ми е, како ќе се осеќаш ти брат, ако сеа некое типче тука на форумов, типче што никогаш во животот не пробало капка алкохол а ја прочитало цела могуча комерц теорија за алкохолот почне да ти објаснува за неговите ефекти, како алкохолот те уништува скроз на скроз, расипува фамилии, ти создава вртоглавици и црни дупки во меморија и пун курац ствари што литературата ги извадила од контекст. Па почиња со некои псевдо-религиски слогани као АЛКОХОЛОТ Е ЃАВОЛОТ! Децата на родители кои пијат алкохол се раѓаат даунчиња! Ау бау. :)
Као ќе се осеќаш? :) Седиш пиеш ладно пивце да се оладиш од горештиниве, го читаш и ти иде да му фрлиш молотов у куќа и да го чекаш пред врата со ватробацач.

За тоа ти зборам брат :) Не ми објаснувај гане жити се. Не ти објаснувам ни ја, затоа што Неможам.
Никогаш нема да знаеш како се осеќам како љубител на грас коа читам слепци на форум као ми пропагираат срања што ги прочитале у теа шема или татко им алфаш со завршено осмо им го пропагирал на ручек, уз цигара.
Се трудам само да те убедам дека Не знаеш.
Не мора да знаеш брат, апсолутно, само многу е битно да си свесен дека не знаеш. Ако знаеш дека не знаеш, ќе те сметам за паметен, ама ако ми објаснуваш тука дека трава суши мозок пеер а дим у живот не си вовлекол... незнам шо да ти кажам :)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Не тебе не ти оди лесно согледувањето на поентата, нели?

Кога ти како главна негативност на марихуаната наведе губење на инхибиција за прави дроги, човекот ти кажа дека по таа филозофија можеш да се каже дека истиот тој наркоман, како што пред хероинот пушел трава, така и пред травата пиел алкохол. Има ли можеби потреба да се нацрта ова? :)
Ванлок.. друже мој... сеуште сум ти останала должник гледам од темана за кутренцата... па сега се трудиш со сите свои сили да се направиш паметен.
Прочитај го мојот пост погоре.. и ако ја сватиш поентата, јави ми се...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Абе ти се слушаш ли или појма немаш што пишуваш. Ако збориш за пред 100 години, во секоја куќа ама баш во секоја имало пита од афион (нерафиниран опиум) за лошо и за добро, за главоболка несоница и ред други работи...
Ок :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Во никој случај не сметам дека марихуаната е исто или треба воопшто да се споредува со тешките дроги сепак..

Според она што го има приметено кај блиски пријатели почнаа со пушење марихуана демек само 2-3 пати месечно за денеска да створат зависност и да неможат да издржат и 2 дена без неа, ваљда навлекувањето на марихуана има разлика од карактер до карактер сепак имам приметено дека откако почнаа подолго време да дуваат изгубија желба и претежно работат се некакви си непродуктивни работи и станаа помрзливи на некој начин.. пак ќе повторам од карактер до карактер има разлика веројатно и тоа има голем удел. Од друга страна негативни ефекти за околината не гледам дека има од нивното конзумирање (ако има штета единствено оди на нивна сметка) така да освен поопуштени/повесели други симптоми не гледам барем јас :) генерално не би требало да биде забранета ама од друга страна и не го сметам за добро ваквото бегање (опуштање) од реалноста
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Алкохол делува на централен нервен систем.

т хц делува на централен нервен систем.

Што повеќе муабет сакаш?
Не го оправдувам ни претераното користење на алкохол.. немој да ме сватиш погрешно... али ајде спореди какви последици по здравјето оставаат 2 чаши пиво.. а каква 2 џоинта. Тука се гледа разликата... а и како што реков.. види што има во една чаша пиво и што има во едн џоинт (сите знаеме дека мешаат 958934 супстанци) и ќе ти стане јасно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Ванлок.. друже мој... сеуште сум ти останала должник гледам од темана за кутренцата... па сега се трудиш со сите свои сили да се направиш паметен.
Oф, не те препознав бе... моја грешка. Се извинувам и се откажувам од било каква понатамошна дискусија на оваа тема (со тебе). ;)
Не можеш да му објасниш нешто на некој што преферира монолог наместо дискусија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom