Hm_Hm
Значи збориме за интимна унија, нели? Темава е бракови (форма на легално призната унија меѓу две лица, или како што ти контрираш, маж и жена). Не знам што ми мешаш други варијации кога добро знаеш на што мислев.
Бракот нема благе везе со еволуција, и тој коментар ти беше не потребен. Баркот е културолошка последица на одреден животен стил кој фатил моментум пред 20.000 години и последните 2000 години преку трпење на разни модификации, некако ја добил таа форма која ти толку јако ја браниш. Пак ќе кажам, 20.000 години историја не е малку, и ако од тогаш се променил до тоа што е денес, не гледам причина зошто не би можел да трпи уште промени во својата дефиниција како вид на унија меѓу две лица.
Твоето тврдење на пример паѓа во вода дека било само меѓу стрејт маж и стрејт жена, тој твој брак. Бидејќи во Скандинавија има погребани мажи со трансродови лица, кои веројатно играле поженствена улога во тој брак. Во Северна Америка имаш индијански племиња кои венчавале две жени или двајца мажи. Во Африка сите врачари, вештерки и духовни водачи се геј мажи или лезбејки, и ги венчавале за врачари и духовни водачи од други племиња, преку што различни племиња станувале едно, на некој начин. Тој брак не венчавал две личности, туку цели две племиња (во нивни очи, цели народи). Ова не е рандом лекција која се учи на часот по историја, но сепак е аргументација која располага со факти кои можат лесно да се проверат (барем денес е лесно). Антрополозите најмногу ги третираат овие теми, после одредени групи историчари. Кај тие кои подетално студираат такви теми, на академска основа, дефинитивно ова влегува во лекции кои ги учат. Само ние уште циклично и учиме историја пишувана од 19ти (и ако имаме среќа, 20ти) век, која и таква каква што е, е прилично селективна и пристрасна.
Што се однесува до браковите - Јас лично (не можам да зборам за други хомосексуалци), не гледам колку ќе смени тоа што под поимот брак две жени и двајца мажи ќе можат да се земат, нити колку тоа тебе лично ќе ти влијае негативно, врз твојот живот. Да не се распаднаа државите каде влегоа истополови унии како брак, а не нешто друго? Уште се живи луѓето, и тие држави уште постојат. На светот не му дојде крај. Што се однесува до мене, пак, јас лично, не ми смета дали тоа што го имам јас со некој дечко некој ќе го дефинира како брак, или како некаква цивилна/грашанска унија, кога сме кај поими и дефиниции, се додека тоа што ми е овозможено, како таква легално призната унија, ми ги гарантира подеднакво сите можности и бенефиции кои ги добиваат и уживаат хетеросексуалците во нивните бракови. Ако тоа е средено, јас не правам проблем во однос на тоа како ќе се нарекува тоа, не ми е важно колку што на тебе очигледно ти е важно.
Сега, за другиот твој пост - Прво, секој "изам" имал идеја за свој совршен човек, кој се обидува да ја продаде филозофски отпрвин, па после критичната бројка да ја исфорсира кај сите останати. "Измот" во кој живееме денес (кок ќош и да е во светот) не е ништо подобар од претходните испробани модели, а можеби не е подобар ни од моделите кои уште не се испробани во пракса. Предноста на последните е што уште теретски нудат на некој начин подобра иднина и благосостојба за човекот и светот во кој живее. Потенцирам, барем теоретски.
Комунизмот не е ништо подобар или полош од капитализмот (моја субјективна оценка, но објективно гледано, вистински комунизам, според дефиниција и никогаш не е ни имплементиран, примерите во минатото и денес се квазимодо верзија на вистинската филозофија и визија која ја зачнале одредени генијални умови). Никаде не е потенцирано дека некој мора да мисли идентично, да се облекува и однесува идентично, и да ги убие сите разлики кои ги има во споредба со други луѓе. Сите тие кои се фаќаат на тој аргумент не ги прочепкале во доволна мера тие "изми".
Каква врска инаку имаше тоа што го пиша, и со хомосексуалните бракови, во Македонија?