Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ти? Дуњите на пазар ли ги рачунаш? Кој е твојот изговор што си на форумов а не си во поход по страхотни цицкишта?
Абе да те пазарам јас тебе аргат в село за берење краставици, моркови, клавчиња. Верувам во твојот потенцијал.
 
SS Divizion Totencof - Не биле ни приближно толку мали колку што некои модерни тврдења поставуваат. Дали антички Рим, или античка Грција, Феникија, Сумер, Вавилон, Персија итн. - било присутно секаде, и во различни варијанти специфични за секоја култура. Го имало и во античка Македонија, па и кај словенските народи.

Освен ако не си историчар и психолог (па и тогаш), не можеш конклузивно да збориш за тој период (контра историски наоди) или нивната психа (компаративно со културни образци, а не си психолог/психијатар).

Но никогаш во ниедна култура не стапувале луѓе од ист пол во брак. Бракот секогаш била институција помеѓу маж и жена. Тоа е дефиниција за брак. Бракот ги истакнува разликите во половите.... исто и церемониите за стапување во брак каде доста работи се поврзани со плодност.

Нека живее кој со кого сака, нека има односи со кого сака, но немаат аргументи за да бараат државата да ја измести од темел таа институција. Сега што на многумина бракот им изгледа конзервативно е нивен проблем, никој не ги тера со сила да влегуваат во него.

Зошто на некого би му требало благослов од држава? Порано пред да се вмеша државата луѓето бараа благослов од верски институции кога влегуваа во брак. Ако државата превземала одредени ингеренции врз бракот, не значи дека има право и целосно да го измени.
 
Но никогаш во ниедна култура не стапувале луѓе од ист пол во брак. Бракот секогаш била институција помеѓу маж и жена. Тоа е дефиниција за брак. Бракот ги истакнува разликите во половите.... исто и церемониите за стапување во брак каде доста работи се поврзани со плодност.

Унија е унија. Секакви унии постоеле многу одамна, пред формална дефиниција за поимот брак да се покрене. Темелите на тоа биле сосема поинакви, ако веќе копаме по минатото. И никогаш не била фактор преку кој се потенцирале на разликите меѓу половите. Меѓуножјето ја врши таа улога на информирање совршено. А тие ритуали на плодност, by the way, се извршувани од страна на геј маж или лезбејка. Денес наместо чаеви и магии, хомосексуалците и лезбејките донираат сперма и јајце клетки за парови кои не се во можност да имаат деца. Поинаква улога, но целта била иста, и тогаш, и денес, сме играле улога во самиот процес на оплодување, дали сиректно или индиректно, тоа е тоа. Факт.

Тука сме биле. Далеку пред било каква солидна митологија да се изгради, не па религија. Ако некој ја променил дефиницијата на таа унија за која зборам, е баш религијата која решила да го претвори истото во закон кој ќе се енфорсира врз масите. Како што реков, дека ги имало и тогаш, и дека биле прифатени, говори фактот што се закопани со сите причести валидни од тоа време.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 02:30 ---
Твојте родтели знаат дека си хомосексуалец ?
Миленко и професионален новинар не можам да ги сложам во иста реченица, не се работи за афторот на писмата или кој ги објавил поентата ми беше сосема друга.

Поентата ти губи смисла кога невалиден документ кој е веќе дискутиран пред извесно време повторно се поставува како аргумент и катализатор на дискусија/расправа. Јас можам да земам да пишувам во виртуелни рамки негде како 30 годишен црнец, кој наишол на екстремен расизам во земјава, и да навлечам фрки од страна на ЕУ за критики кон овдешните политики. Likewise, како што јас не сум повеќе црнец од Shaun Ross, така ни господинот Миленко не е повеќе ужален родител со син педер, колку што го тера народот така да мисли. Затоа, тоа што баш таквиот текст си го линкнал има и тоа како поента која не е баш друга, од таа дискутираната.

Дали знаат или не знаат моите тебе не те засега. Во никој контекст на аргументот каков и да ти дадам мој одговор нема да ти помогне. Родителите се секогаш различни.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 02:31 ---
Другиот начин е се разбира популаризација, тоа што го прават преку филмовите. Се прикажува како нормално и секојдневно го има дури и во Game of Thrones.

Што те зајаде баш Game of Thrones? Што не лупна 6 Feet Under? (Не ти е гледана можеби?)

Се сеќаваш на Will & Grace?

/rhetorical
 
Моментално ја гледам Game of Thrones затоа. :)
Најефективен начин се токму серии од типот на Will & Grace кои се пикаат под кожа и го менуваат начинот на доживување на хомосексуалците. Треба сето тоа да се прикаже како нормално и забавно.
 
Внесувањето на хомосексуалците во сериите и филмовите е со цел гледачот подобро да се запознае со нив, одбизу да ја види паралелата на нивниот живот со неговиот и да ги воочи работите во кои се обесправени. Човек подобро учи ако види пример и се соживее со ликот отколку деноноќно некој да му зборува.
 
Да, бидејќи во реалноста хомосексуалците се големи зелени чудовишта како Grinch, спијат во плакари (pun intended) и плашат мали деца во живо и по форуми, вака, низ интеракција (pun intended, again).

И не е баш забавно ако си ја гледал 6 Feet Under. Но во ред е, тоа е како да добиеш јасна слика за земјава и кој како мисли за неа исклучиво од Шител ТВ на пример. Изложеноста ти е совршено лимитирана да гнетеш фиктивни стереотипи за негативностите и мааните на таквата популација (дека нели, хетеросексуалците се без маани, ама нели?)
 
Внесувањето на хомосексуалците во сериите и филмовите е со цел гледачот подобро да се запознае со нив, одбизу да ја види паралелата на нивниот живот со неговиот и да ги воочи работите во кои се обесправени. Човек подобро учи ако види пример и се соживее со ликот отколку деноноќно некој да му зборува.

Аха, затоа си толку начитан и информиран. Сеа ми е све јасно.
 
Државата е фирма којашто нуди услуги, а бара нешто за возврат. Државата нуди: кров над глава, водовод, канализација, струја, транспорт, греење итн итн. За возврат бара човечки капитал којшто може да го вработи или во истите тие индустрии или да поддржи формирање на фирми коишто ќе генерираат профит, а нејзе ќе ѝ плаќаат данок, т.е. од нив ќе има ќар.

Со други зборови, легализирањето на хомосексуалните бракови има смисла само доколку се одлучи дека државата е до толку напредната што производството на потомство, т.е. човечки капитал, е решено на други начини: многудетство на некои семејства, имиграција итн. И Англија и Франција секојдневно имаат купиште на имигранти, што значи дека кај нив добивањето на човечки капитал не е проблем - има механизми што го обезбедуваат.

Дали сме ние до толку високо ниво развиени што генерирањето на луѓе кај нас е решен проблем? Мислам дека апсолутно не. Мислам дека луѓето денес воопшто и не размислуваат да имаат деца. Легализирањето на хомосексуалните бракови би значело „Оваа држава е во ред со тоа да се прават заедници коишто не продуцираат деца“, што во моментов е сосема спротивно на она што се бара.

Значи, јас сметам дека *во овој момент* не е добра идеја да се легализираат хомосексуалните бракови во Македонија. Во иднина, дај боже да стасаме на доволно високо ниво и да произведуваме луѓе што ќе ги покријат сите индустрии, па да има простор за хомосексуални бракови, коишто би помагале на други начини.
 
dont-be-scared-kitty-its-gon-be-ok_o_1217793.jpg
 
Државата ништо на никого не дава на гага ... кровот над глава односно куќата мора секој сам да си ја изгради со сопствен труд и сопствени средства(доколку ги има секако), останатите работи како струја, вода, канализација, парно, интернет, транспорт и.т.н. и.т.н. самиот си ги плаќаш(доколку ги користиш нормално), државата ништо на никого не дава на тацна !
А за останатото и се согласувам но и не се согласувам ...
Да Франција, Британија, Германија, земјите од Бенелукс, Скандинавските земји и.т.н. имаат постојан прилив на нови доселеници воглавно од земјите на третиот свет(и по некој од Источна Европа) секоја година и на некој начин индустриските потреби(за работна сила) им се покриени !
Но кај нас е друга приказна, кај нас и на оваа популација што сме невработеноста е превисока(особено кај помладата популација) така да доколку би имале повисок наталитет а со самото тоа и повеќе народ би биле во далеку поголема социо-економска беда од моменталнава !
 
Крусер - 30 посто невработеност, деца по домови или гладуваат, а ти гледаш проблем дека имаме премалку луѓе во државава? Па овие новиве жители кога ќе пораснат некако ќе се погодат и ќе бидат вметнати во сите останати индустрии некако магично преку ноќ?

Не гледаш малку дупка во твојава логика?

Друго, Луксембург да не киниса и пропадна што им даде еднакво признание на хомосексуалците како на останатите жители? Ние сме два милиона, Луксембург го прават само нецели 540 илјади жители. Лукс има и помалку геј жители него МК на пример (за тие со аргументот за критична бројка такви лица потребна да се донесат одредени закони).
 
Државата е фирма којашто нуди услуги, а бара нешто за возврат. Државата нуди: кров над глава, водовод, канализација, струја, транспорт, греење итн итн. За возврат бара човечки капитал којшто може да го вработи или во истите тие индустрии или да поддржи формирање на фирми коишто ќе генерираат профит, а нејзе ќе ѝ плаќаат данок, т.е. од нив ќе има ќар.

Со други зборови, легализирањето на хомосексуалните бракови има смисла само доколку се одлучи дека државата е до толку напредната што производството на потомство, т.е. човечки капитал, е решено на други начини: многудетство на некои семејства, имиграција итн. И Англија и Франција секојдневно имаат купиште на имигранти, што значи дека кај нив добивањето на човечки капитал не е проблем - има механизми што го обезбедуваат.

Дали сме ние до толку високо ниво развиени што генерирањето на луѓе кај нас е решен проблем? Мислам дека апсолутно не. Мислам дека луѓето денес воопшто и не размислуваат да имаат деца. Легализирањето на хомосексуалните бракови би значело „Оваа држава е во ред со тоа да се прават заедници коишто не продуцираат деца“, што во моментов е сосема спротивно на она што се бара.

Значи, јас сметам дека *во овој момент* не е добра идеја да се легализираат хомосексуалните бракови во Македонија. Во иднина, дај боже да стасаме на доволно високо ниво и да произведуваме луѓе што ќе ги покријат сите индустрии, па да има простор за хомосексуални бракови, коишто би помагале на други начини.
Интересно рзмислување на оваа тема. Можеби и единственото кое до некаде држи вода.
А посвојување на децата кои дремат по домови и за кои реално никој не се грижи за нив? Зошто да не бидат посвоени од некој геј пар кој може да им даде образовние, здравствена заштита, воспитување?
 
Државата ништо на никого не дава на гага ... кровот над глава односно куќата мора секој сам да си ја изгради со сопствен труд и сопствени средства(доколку ги има секако), останатите работи како струја, вода, канализација, парно, интернет, транспорт и.т.н. и.т.н. самиот си ги плаќаш(доколку ги користиш нормално), државата ништо на никого не дава на тацна !
А за останатото и се согласувам но и не се согласувам ...
Да Франција, Британија, Германија, земјите од Бенелукс, Скандинавските земји и.т.н. имаат постојан прилив на нови доселеници воглавно од земјите на третиот свет(и по некој од Источна Европа) секоја година и на некој начин индустриските потреби(за работна сила) им се покриени !
Но кај нас е друга приказна, кај нас и на оваа популација што сме невработеноста е превисока(особено кај помладата популација) така да доколку би имале повисок наталитет а со самото тоа и повеќе народ би биле во далеку поголема социо-економска беда од моменталнава !

Реков: државата *нуди*. Не дава бесплатно. Точно е дека секој мора да се потруди за тоа да го добие и нешто да вложи во државата за да му се врати. Единствено нешто што 100% на државата ѝ користи е повеќе *работоспособно* население. А тоа се решава со раѓање деца или увоз на странци.

А тоа дека невработеноста е превисока, може да се бара во менталитетот: „Е да бе, ќе му работам на оној за 10000 денари!“ (а попрво ќе дреме дома и ќе цица пари од мајка му/ѝ и татко му/ѝ; со други зборови, подобро да заработува нула денари месечно отколку 10000 денари месечно).

Тоа дека има премногу невработени луѓе е затоа што сите чекаат некој да им даде работа и тие само да негодуваат дека немаат работа. А не прифаќаат да работат што и да е и сметаат дека е подобро да се невработени отколку вработени. А и прашање е кога ќе најдат каква и да е работа дали ќе им одговара, т.е. дали ќе им биде според нивните стандарди.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom