Сум имала дечко со изглед 'бомба' и врската ми траеше помалку од 1 месец.
Не ми е толку важен надворешниот изглед.На пример него не можев да го поднесам бидејќи секој втор збор му беше леле колку сум убав,сите мене ме сакаат,јас можам да ја имам која сакам...:uvo:
Не сакам личности што претерано се фалат.Ако си задоволен со својот изглед можеш да го кажиш тоа ама пак секој ден да го малтретираш некој со тоа колку си најубав...
Освен ова друго што ми смета кај спротивниот пол е љубомората.Некогаш сите сме љубоморни ама секојдневни испади на љубомора без причина не се најпосакуваното нешто во врска.
Трета работа што ме нервира е контролирањето.Каде ќе си вечер,со кој ќе си и најважното прашање ќе има машки?Не сакам партнерот да ми кажува каде смеам а каде несмеам да одам или пак да ми забрани да излезам.Овие работи ми се доста одбивни.
Важно ми е да се има разбирање,со тек на време љубов и слога.Едноставно е потребна хемија во врската.Сакам да знеа да ме насмее,да ме расположи и кога ми е тешко да е тука па да се стопам во неговата прегратка.
Физичкиот изглед не е толку важен и не е пресуден за успешна,добра и долга врска.