Предлог за филм со кратка рецензија

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Lucky Number Slevin


Добро е да се види дека уште се прават добри филмчиња, со нови заплети, а не само преработки од стари или веќе видени идеи. Од мене има 9.5/10, ептен колку да не биде 10/10.
Филмот има супер актерска екипа - Брус Вилис, Џош Хартнет, Морган Фримен, Бен Кингсли и Луси Лиу. Филмов има се - љубовна приказна, ќе ве натера да се соживеете со главниот лик и да се нервирате зошто е толку проклето рамнодушен. Плус, Брус Вилис ја раскажува мојата омилена случка со Чарли Чаплин.
Се работи за Слевин, кој по грешка ќе го помешаат со некој кој им должи пари на двајца соперници мафијаши. Слевин мора да им ги врати парите и да извади жива глава. Многу интересно филмче, мене пријатно ме изненади.


Zack and Miri make a porno


Онака лесна комедија што ќе ви го утепа времето. Океј е, главните ликови се симпатични. Плус, јас сум обожавател на Џеј и Сајлент Боб, а првиот глуми во филмов, а вториот го режира, така да нема промашај :)
Се работи за Зак и Мири, најдобри пријатели од мали, кои откако ќе им исклучат се дома поради неплатени сметки, ќе се решат да снимат порно. Не дека филмов е нешто wow, далеку од тоа, али добар е како за тинејџерска комедија. Плус, има 7 на имдб, што е претерано ретко за вакви филмови.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Trainspotting (1996)

Филмов некој го спомна на форумов(мислам Манга -фала брате :) ) ,а потоа некој го подспона и In Bruges (фала и нему),како филм кој го подсеќал на овај па се решив и двата да ги гледам. Режисер е Дени Бојл а во главната улога Иан МкГрегор кој пријатно ме изненади со глумата . Сторијата се врти околу Рентон кој е длабоко навлезен со дрогата (хероинот) кој е доста популарен тоа време во Шкотска ,па дали Рентон ќе успее да се исчисти и да се откаже покрај големото влијание на неговите пријатели...

"Choose life. Choose a job. Choose a starter home. Choose dental insurance, leisure wear and matching luggage. Choose your future. But why would anyone want to do a thing like that?"

9/10(Пред се затоа што спаѓа во ретките филмови каде ќе ви се помешаат емоциите,на моменти може да ве насмее,да ве растажи а и да ве наежи)

In Bruges (2008)

Која е сличноста помеѓу овие два филма ,пред се двата се британска продукција а и за двата важи тоа во болдираното .Режисерот не е толку познат но глумат добри глумци пред се Колин Фарел(кој прилично ме инзенади ,за разлика од други улоги кој ги толкувал) ,Брендан Глисон како и Ралф Фајнс .Пред се филмов може да се смета како црна комедија во која се работи за Реј и Кен (платени убијци,од кои едниот е почетник и ја заебал првата работа) кои се пратени во Бриж по нова задача но пред се да се сокрие Реј од англиската полицијата.
8.5/10 (погледнете ги)

манга и "другиот"(ако ве помешав сори) имате пиво за филмовиве :)
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
57
Поени од реакции
0
Јас ќе им препорачам на девојките неколку италијански филмчиња, кои се Way 2 good :smir: Tre metri sopra il cielo и продолжетокот Ho voglia di te :pipi:во главна улога Riccardo Scamarcio и Katy Louise Saunders и исто така, Scusa ma ti chiamo amore и продолжетокот Scusa ma ti voglio sposare :pipi: во главна улога Raoul Bova и Michela Quattrociocche :pipi: многу се добри сите четири. Снимани се на база на романи, од можеби најпопуларниот италијански автор на денешницата, Federico Moccia :pipi:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Cidade de Deus или City od God

Ретко се решавам да гледам филмови каде морам да пуштам преводи, па затоа доолго време филмов беше ставен на листата чекање.

Бразилски филм, кој ни го опишува суровиот живот во не цивилизираните населени места на таа земја, каде нема ред, нема закон, нема нормален животен тек, живот = корупција. Во филмот каде како наратор се јавува едно дете кое има животен сон да биде фотограф. Како и повеќето нараторски филмови, филмот започнува некаде од крајот, за потоа главниот лик да се наврати и да ни го раскаже целиот филм вклучувајќи ги сите заплети во него. Одлично остварување, од филмот може да се извлечат неколку поуки па затоа вреди да се погледне. Дотолку би го оценувал, би дал една потценувачка осмица.

п.с Би замолил, бидејќи побарав и се' што најдов беше снимки со камера, некој солиден торент за „The Expendables“ и „Кnight and Day“. По приватна порака, секако. Благодарам.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Тристан и Изолда (Tristan & Isolde )


Во периодот по распаѓањето на Римската Империја, Британија е ослабена и е крвен непријател со Ирска. Тристан е Британец, кој ќе се вљуби во убавата Ирка Изолда. Непријателството меѓу нивните две земји нема да ја спречи нивната љубов.

Романтика е филмов,мене ми се допадна кога го гледав.

Улоги: Џејмс Франко, Софија Мајлс
http://www.imdb.com/title/tt0375154/
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
Оф-топичари, спојлеристи, мераклии на раскажување и кафе - муабети... само ако ви се симнам!

Што мислите вие бе, IOsono не е тука, Џимеј е добар ни попушта... така а?

Златна тема отворивме, Генерална дискусија за филмови... малце повеќе да ја користите. Во Предлог за филм и Последен гледан филм оставање рецензии и што помалку бамбурење. Избришав само 60-тина мислења, колку да не е без ич. Знам, што мајка бараше па сега овој да дојде, арно си теравме без него... Добро, ќе ве оставам на мира уште троа време, ама после се враќам опремен со жолти и црвени...

IOsono has spoken! :salut:
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
The Man From Earth

Замислете да има човек кој е веке 14000 години жив. Какви прашања би му потставиле , и какви одговори би очекувале. ??
Еден од најдобрите филмови шо сум ги гледал уназад со години.

П.С / филмот не е за луге кои сакаат акција , кршење кичми , специални ефекти.
Да напоменам дека филмот е снимен во една соба и се на се 7 или осум глумци.

Поздрав
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The Score


Роберт ДеНиро, Едвард Нортон и Марлон Брандо - нема промашај, само ради актерите вреди да го гледаш. Јес да ДеНиро во други филмови ми бил пошармантен отколку тука. Крими трилер, тепа накај акција. Од мене има 8/10. Ме фасцинираат филмови со кражби, и иако овој беше предвидлив, ипак е добар. Плус, го обожавам Едвард Нортон, како глуми мајке му, секоја чест, за се го бива.
Роберт ДеНиро е крадец кој сака да се пензионира и мирно да живее со неговата избраничка. Едвард Нортон ќе го убеди да изврши една последна кражба. Финтата е што Нортон работи во местото на кражбата и глуми ретардиран таму. Плус, ова е нивна прва заедничка кражба, и ДеНиро не знае дали да му верува на Нортон.


The girl with the dragon tattoo


Имав огромни очекувања за филмов. И не ме разочара. Комплициран е, а има прилично ликови кои се битни за приказната, па може малку нејасно да ви биде на моменти. И на овој му давам 8/10. Ќе ве понесе, ќе ве натера да се чудите и да мразите. Почетокот е многу силен, прикажува ужасни работи. Инаку, главниот лик многу ми личи на Милчо Манчевски.
Се работи за еден новинар кој ја исчекува неговата затворска казна. Него го најмува еден богаташ за да го истражи убиството или исчезнувањето на неговата внука, кое се случило пред 40 години. Осомничени се сите членови на неговата фамилија. Во компјутерот на новинаров ќе хакне една чудна девојка, Линдзи, и ќе му се придружи во истражувањето.


Clue


И еден постар филм од типот на Агата Кристи. Мене многу ми личеше на "Десет мали црнци" од Агата во почетокот, али многу се различни. Значи крими е, и се труди да биде комедија. Некогаш му успева, али некогаш иритира. Посебно беше малоумно кога батлерот се обидуваше да ги реконструира злосторствата. Почетокот и средината мене ми беа одлични. Е сега крајот ме изнервира, очекував нешто сосема поразлично. Овој крај не ми се допадна. А крајот го краси делото. Како и да е, го препорачувам, поради тоа што е мистерија, има напнатост, ќе се прашувате кој е убиецот цело време.
Шест гости се повикани во една куќа на вечера. Нивното заедничко нешто е што се уценувани од страна на истиот човек. Во текот на вечерта ќе почнат да се случуваат убиства во куќата и некој од нив е виновникот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
Cemetery Junction (2010)

Изгледав едвај неколку филмови летово а овој последен, па сеуште ми се свежи импресиите доволно за да напишам една кратка рецензија. На кратко, ептен ме бендиса филмчево. Еден од сценаристите. Ricky Gervais се јавува како ко-режисер и ко-сценарист и тоа беше доволно да ме заинтересира, затоа што после The Invention of Lying, претчувствував дека и ова ќе биде еден „паметен“ филм.

Се работи за животите на неколку млади луѓе кои се заглавени во безперспективноста на едно мало симпатично гратче, трагикомично наречено „Cemetery Junction“. Ова е место во кое повеќето млади завршуваат во локалните фабрики без никаква можност да си обезбедат пристоен живот или пак да ги исполнат желбите и амбициите. Главните јунаци во нашиов филм решаваат да ги остварат своите амбиции и да заминат засекогаш од Cemetery Junction, но во текот на приказната созреваат и секој на свој начин разбира дека работите не се баш такви какви што ги гледаат...

Соу, драма како драма, нема посебни заплети, сценариото е околу карактерите и нивните приказни, испреплетено со симпатичен бритиш хумор. Симпатично мало филмче кое ќе ги релаксира љубителите на драми. Недостаток му е бавниот старт како и некои дијалози кои не се најдобро осмислени или можеби изведени, но се на се, уживав во филмот.

8.5/10 ем препорака за гледање.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
Вчера има задоволство да го гледам The Expendables во Милениум (за 100 ден.) и навистина бев импресиониран. Толку големи имиња на акционите филмови да се соберат во еден филм навистина е посебно задоволство. Иако сепак товарот падна на понови и помлади глумци, сепак и само појавувањето на некој од големите ѕверки беше голем плус за филмот. Инаку филмот изобилува со јаки сцени на пукање, експлозии и уништување што (доколку гледате во Милениум) ќе ве подигнат од столчето. Има и неколку комични дијалози кои дополнително ве опуштаат пред новата акциона сцена. Иако приказната е по малку веќе видена сепак целиот филм како целина вреди да се погледне (а во кино и да се доживее). Секоја чест за Сталоне кој како режисер и главен актер мислам одлично си ја заврши работата (дури и скршил врат при снимањето)

Од мене: 8/10
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Ostrov (2006)--- The Island (2006)
http://www.imdb.com/title/tt0851577/



Дејствието Се одвива за време на втората светска војна на остров во по ладните предели на Русија.Еден млад човек по име Анатолиј си го застрелува партнерот по наредба на еден гемански офицер и после тоа цел живот го поминува во покајание во локалниот манастир на островот,и станува познат низ цела земја по неговите способности да помага и исцелува.Филмот зборува за вистинското монаштво и искреното обраќање кон бога.За личната и интимна врска помеѓу човекот и Бог.
“Се чини дека ниту една дело на руското кино досега не предизвика таков интерес во православниот свет. Во Воронеж локалната епархија дури ангажираше едно од централните кина на градот и организира специјална прикажувањето за клириците и семинаристите. Во сите храмови на градот беа налепници афиши за премиерата на која беше поканет и извршен на главната улога Пьотр Мамонов. А Воронежко-Борисоглебскијат митрополит Папа Сергиј рече дека "Остров" е многу актуелна дело и за Русија, така и за целиот свет.

Убав филм кој дава друга перспектива на православното монаштво.Секој што е заинтересиран за христијанството не е лошо да го погледне.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Незнам дали некој го има предложено филмов до сега

movie-goodfellas-extended.jpg

Филмот е базиран на вистинска приказна. Се работи за животот на Хенри Хил кој 3 децении бил во мафијата...

10/10. За мене бољи е и од Кум
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
ќе почнам со она: за филмот треба да се има ептен јак желудник за да се гледа. Дури и јас кој не се згрозувам од такви работи, неколку сцени од филмот не можеа да ме натерат да не успеам да се згадам.

За ова треба како што велат Србите (да имаш мадиња) за да снимиш ваков филм. Не знам како сценаристите се здобиле со ваква имагинација?! Мислам добро приказната како што изгледа не е нешто за да се згрозиш, Милош, порно глумец добива повик да глуми во нов и како што се кажува невиден
порно филм за уметноста, сексот и крвта
. Она што го тера да се приклучи во актерската екипа во филмот и тоа во главна улога е неверојатната бројка на хонорар кој ќе го добие, и притоа цели кон тоа да му овозможи подобар живот на својата жена и синче.
Со слушалки во ушите и му даваат контрола што да прави за време на филмот, почнува да го снима филмот без да знае што ќе се случи до крајот ...

... но ни самиот не е свесен дека овој филм е поврзан со неговиот живот и ќе му го уништи до највисоко ниво, и нема ни да замислите со кои брутални, грозни, педофилни и инцестни сцени ќе заврши крајот.
... филмот со право е забранет во многу кина во светот ...

... мислам дури и +18 е многу за ова ...

но сепак мојата оценка оди 4/5 поради оригиналноста (читај: досега не сум сретнал филм со вакви идеи), глумата и режијата. За бруталните сцени не можам а да не кажам дека претерале ...

препорака до оние што сакат да видат нешто сосема ново и невидено на Балканскава филмска сцена, а можеби и светска. Очекувам коментар од секој што понатаму ќе го изгледа филмот.

 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
THE PASSAGE (2007)

Интересно трилерче снимено во Мароко, кое покажува дека не треба да и се верува на убава жена, посебно не ако си странец.
Глумицата е стварно способна со својата убавина да излаже секого.

 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Мој предлог би бил филмот кој последно го гледав, Taken


Станува збор за акциjа/крими драма во која поранешен шпиун ќе се најде во состојба да мора да искористи максимум од своите вештини кои ги поседува за да ја спаси и врати својата ќерка која му беше одземена од мафијата со бело робје. Не би раскажувала ништо повеќе за да ви биде поинтересен филмот кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.
Главните улоги ги толкуваат познатиот Liam Neeson и Maggie Grace.

Го препорачувам и филмот Awake


Станува збор за крими трилер во кој главниот лик (Hayden Christensen) кој страда од анестетичка свест која се случува при општа анестезија, се наоѓа во ситуација во која е буден и свесен но физички парализиран за време на трансплантација на срце на која открива дека е измамен но ситуацијата во која е го прави неспособен да си помогне самиот на себе. Во главните улоги е и Jessica Alba.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom