Точно пред 10 месеци се запишав на факултет во Скопје, и тргнав да живеам таму спремен за одреден поделбен стереотип "Ние од ваму...вие од таму " (плус од Охрид,кај болен,пак уше и настинат хаха ), можам да кажам две работи:
1.Потполно ѓи разбирам луѓето што живеет во Скопје шо се горди и се мислат повеќе од другите,а сето тоа е благодарејки на одредени работи ко тие ѓи уживаат како жители во главниот град.Ама ѓи оправдувам за одредени работи.работи кои им носат предности од општествено-социјален,друштвен,спортски,културолошки аспект....Зш таму во 12 месеци,нешто морат да се дешават.Како метропола (фиктивно или фактички,не навлегвам) нудит концерти,изложби,милјарда спортски терени,игралишта,клубови за секоаков вид музика,облека и сето то.Некој кој го живејт то секој ден,во споредба со некој кој живејт во град кој "постојт" само 3 месеци(Охрид) или пак воопшто и не постојт,е поизживеан и имат попрефинет вкус за нештата околу него.Сакале да признајме или не...то си стојт....
2. МИ сметет многу негирањето на одредени квалитети кои што "оригиналните" скопјани и ние "провинцијалците" (редам наводници зш така е во говорен јазик,јас не ѓи користам

) ѓи добиваме на исти начин.Прочитаната книга,изгледаниот филм,ислушаната песна......е исто прочитана,изгледана или ислушана било то да е Охрид,Скопје или на месечина.Корчагин,Орце Николов или гимназијава моја......Исто е.Кој сакат да научи,ќе научит.Кој сакат да знајт,ќе знајт,и ќе покажит.Поради то,ние шо сме од настрана,морат да се покажвиме и докажвиме,истаквиме во било кој сегмент од живеењево,макар и во грицкање нокти,само да бидиме на исто,или приближно ниво.Сепак,за ова последново,најверојатно,сегдека е така.....макар живеел во туѓо место 10 -15 години,сепак на крајот на денот,си странец
Но на една работа шо сум навистина среќен и задоволен,е то шо стекнав прекрасно друштво,кое по некој си одреден статус е на доста високо ниво,и според сите тие стереотипи не би требало да ме опуљет,а камоли да се дружет со мене.....а сепак сум прифатен ко да имаме мочано во исто шише ко деца.Сите скопјани,само јас охриѓанец...смртен непријател,ама на хартија

Нормално,сум неизбежен дел од секое нивно збиднување,излегвење,на шо ми е посебно драго.Можда и заради нив го засакав Скопје,и го чуствувам малку како свој.И баш поради то,и се карам и пробвам на мојве охриѓани да му менам мислење,кое му е наметнато не од некој друг,туку од тие дома.За се се криви тие шо не учет ,шо ен воспитвет.Се додека не се сфатит дека Скопје е центар на секое делче од нашава чудесна земја...и дека секој "оригинален" скопјанец работит за доброто на "провинцијалниот" и обратно...тоаш полесно и пубо ќе живејме,без да трошиме кожа на прстиве,да се објасвиме зш на некого му сметат ако во автобус се викат малеее,зш,куде,пеер
