Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Воени злосторства на терористите од УЧК

Во овој албум ќе бидат објавени злосторства на терористите од УЧК, кои денес слободно можат да бидат или па се министри. Со овој албум сакаме да ве освестиме, да не заборавиме што извршија тие „луѓе“.


1016733_408860849232036_1807155441_n.jpg
Манастир „Св. Ѓорѓи“, Мала Речица, Тетовско - Запалена од припадници на терористите од УЧК.

Остатоци од црквата по налетот на албанските терористи.


1016676_408842842567170_1170319833_n.jpg

Манастир „Света Богородица“ во село Матејче, Кумановско, 2001 година.

По конфликотот во 2001 година кога манастирот беше користен како штаб на албанските терористи и склад за чување на оружје тој е оставен сериозно оштетен и запуштен. Според првичните пресметки кои биле направени од Републичкиот завод за заштита на спомениците албанските терористи го оштетиле културното наследство во манастирот, оштетувања има и на конаците, на камбанаријата, на старата камена ограда која била разградувана и со чии камења се граделе бункерите. Од граната бил оштетен кровот а терористите ги вежбале своите стрелачки способности на украсните прозорци. Со сигурност може да се каже дека црквата „Света Богородица“ во Матејче во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл од 14-от век на македонската територија и втор по големина на Балканскиот Полуостров. Оваа црква е најрепрезентативниот споменик на византиската уметност на македонската почва и ремек дело на дворскиот стил кој што бил карактеристичен за епохата на Палеолозите.


65329_408852272566227_771173634_n.jpg

Црква „Св. Никола“, Тетово - Оштетена од албанските терористи од УЧК.

Се случи 14 март 2001 година. Албанските терористички банди од Тетовското кале извршија напад со огнено оружје на Тетово, во неговиот западен дел каде што се наоѓаат црквите: "Света Богородица", "Свети Никола", Соборната црква "Свети Кирил и Методиј" и "Свети Димитриј". Со куршуми од тешко стрелачко оружје и минофрлачки гранати терористичките банди оштетија дел од споменатите цркви уште првиот ден.

А потоа, како што се распламтуваше агресивноста во "борбата за човекови права", така се напаѓаа, сквернавеа, уриваа, палеа и минираа цркви и манастири, па дури и такви кои имаат нагласена културно-историска вредност и се под посебна заштита на државата.


993593_408858169232304_348365652_n.jpg


Црква „Св. Атанасиј“, Лешок - Срушена од страна на албанските терористи од УЧК.

Манастирот по втор пат бил разрушен за време на воениот конфликт во тетовско на 21 август 2001 година. Уништувањето на манастирот предизвик широка реакција во Македонија и Светот. Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата била разрушена до темел, со минирање. Останал само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот.

Прв пат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс со се црквите. Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година.



Споделете за да не се заборават злосторствата!!!
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
А масакрите кај Вејце(8 жртви) и Карпалак(10 жртви), мината кај Љубанци(8 жртви), двајцата чувари на мотелот Бриони(Тетовско Челопек) кои заедно со мотелот беа дигнати во воздух со динамит, затворањето на браната Глажња(Кумановско), Мавровските работници, 12те киднапирани и изчезнати ... од прва ми текнува на овие неколку случки, а тек уште колку ги има, овие се најстраотните случки од тој конфликт !
 
M

Muranyi

Гостин
Да не се заборави дека етничкото чистење трае сеуште и е актуелно и после конфликтот во 2001. година. Имено,во средините со доминантно албанско население се врши невиден психолошки притисок и терор врз неалбанците кои принудени мораат да ги напуштат своите огништа.Сведоци сме колку цркви се предмет на вандализам, оштетување, ограбување, сведоци сме колку Македонци секојдневно се жртви на физичко насилство од страна на Албанци.

Сведоци сме на убиство на 4 малолетни деци и уште еден цивил уочи најголемиот христијнаски празник.Сево ова се современи методи на етничко чистење и создавање тензија и страв кај населението.

За мене лично ништо не е запрено,можеби имаме впечаток дека нештата се ставени во хибернација но војната не заврши во 2001. година.Мировниот договор не му го олесна животот на просечниот и обичниот Македонец кој е принуден секојдневно да трпи психилошки трауми поради апетитите на албанските национал-шовинисти.

Имам една колешка која има залепено толкав плакат на работно место и јас пронаоѓам доза на вистина во тоа-"Кога ќе заврши војната,ќе видиме кој бил во право." Сметам дека е мудро кажано и дека држи вода.

Како и да е,етничкото чистење а со тоа и воените злосторства на сега навидум невидливиот пријател бидејќи не е означен како воена формација,а добро знаеме кој е тоа,продолжуваат по инерција на настаните од 2001ва година.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.925
А да не заборавиме писателот што живее на викендичката кај тетовско теќе или како ги викаат местото и на него му врши масакр и невидено убиство само затоа што е христијанин и Македонец ццццц

Ама можеме на христијански да простиме, но злоделата не се заборава.
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.620
Поени од реакции
7.380
Има едно дете до мојот клас што татко му почина бранејќи ја Македонија од терористите во 2001,татко му се викаше Благојче Силијанов, и сега син му се дружи со терористи.

Jас да бев на негово место ќе се одмаздував по кој ќе стигнев.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА СИТЕ БРАНИТЕЛИ КОЈ ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ БРАНЕЈЌИ ЈА МАКЕДОНИЈА! ВАШИТЕ ДЕЛА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.234
А да не заборавиме писателот што живее на викендичката кај тетовско теќе или како ги викаат местото и на него му врши масакр и невидено убиство само затоа што е христијанин и македонец ццццц ама можеме на христијански да простиме ,но злоделата не се заборава .
Истото му се случи и на домарот на планинарскиот дом на Китка.

Злосторствата имаат непрекинат континуитет од тогаш до денес. Само будала не го приметува тоа.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Тие се борци за човекови права, не насилници и убијци. Плус имаат амнезија (амнестија) од државата за да бидат министри.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
А масакрите кај Вејце(8 жртви) и Карпалак(10 жртви), мината кај Љубанци(8 жртви), двајцата чувари на мотелот Бриони(Тетовско Челопек) кои заедно со мотелот беа дигнати во воздух со динамит, затворањето на браната Глажња(Кумановско), Мавровските работници, 12те киднапирани и изчезнати ... од прва ми текнува на овие неколку случки, а тек уште колку ги има, овие се најстраотните случки од тој конфликт !

Не се заборавени, ќе ги ставам и тие во албумот. Иначе Благодарам Igor Iloski што го сподели албумот овде.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 22:09 ---

Масакрот кај Групчин, Карпалак.

Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија биле убиени, а тројца повредени во нападот што припадниците на ОНА го извршиле врз воениот конвој кај местото Карпалак на автопатот Скопје - Тетово. Конвојот бил нападнат од заседа на 8 август 2001 г., утрото во 9 и 30 часот.
Во нападот животот го загубиле: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.
Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската која што била сместена во Тетовско.
Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати било пукано од клисурата Карпалак, при што бил погоден еден камион од конвојот кој се запалил. Било запалено и едно цивилно возило, а било стрелано од автоматско оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците. Возачот на автобусот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.



Масакрот кај Вејце.

- На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.




Борис Магденовски, стар селанец од тетовското село Брезно, убиен со огнено оружје бидејќи не клекнал на колена.

 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Маневски Драго
Трпков Бобан
Петрушевски Оливер
Стојановски Теодор
Манасков Сашко
Акимовски Љубомир
Бубевски Зоран
Кадриовски Петре
Шакиров Ќамуран
Јанковски Даниел
Николиќ Александар
Елмази Фикрет
Крстев Коце
Китанов Коле
Митричевски Пеце
Миленковски Влатко
Сиљанов Благојче
Стоилов Синиша
Јанев Атанас
Пехчевски Никола
Стојчев Александар
Китановски Оливер
Волкановски Коста
Лазаревски Ѓокица
Стојановски Цоки
Џеладиновски Фејзо
Петрушевски Кирил
Готак Ерол
Ангеловски Ацо
Додевски Чедо
Стојановски Момир
Димитров Кирче
Јакимовски Дејан
Спасовски Србољуб
Стојановски Горан
Вељаноски Дарко
Секулоски Пеце
Рушитоски Феби
Бадаревски Томе
Јанев Бранко
Бошковски Маријанчо
Јанковски Раде
Чанкуловски Гоце
Настески Томислав
Златевски Ивица
Димоски Томе
Соколов Сашо
Серафимов Александар
Толев Блажо
Божиновски Марјан
Костадиновски Кире
Најдовски Бошко
Стојановски Илче
Руфати Исак
Денковски Дејан
Петковски Роберт
Јанески Миле
Трајковски Бобан
Костоски Игор
Двојаковски Димитар
Петров Влатко
Гиневски Миле
Илиевски Драганчо
Јакимовски Јане
Богданов Дејанчо
Николовски Игор
Мирчевски Љупчо
Синадиновски Душко
Наумоски Нане
Китаноски Сашо
Секулоски Бранко
Миновски Горан
Деспотоски Марко
Шабаноски Ердован
Грујоски Љубе

http://mk.wikipedia.org/wiki/Список_на_загинати_бранители_на_Македонија
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Стотина воено-полициски сили (само од 2001 год. конфликтот).

А дали во овој список се и оние тројца војници или полицајци незнам што точно беа кои беа убиени во текот на разоружувањето на УЧК, дали во овој список се и оние полицајци (тројца) кои беа убиени во атарот на селото Арачиново во месец Јануари 2000 год.?

Дали во овој список се споменати и имињата на воено-полициските припадници кои настрадаа во немирите во летото 1997 год. во Тетово и Гостивар, како и во немирите на Бит Пазар во почетокот на 90ите, после знам дека имаше и неколку загинати војници/граничари кога беа големите немири и бунтови во соседна Албанија во средината на 90ите, имаше и неколку загинати војници/граничари додека траеше Косовската криза (бомбардирањето на НАТО врз тогашна СРЈ)?

Имаше и загинување на двајца полицајци неколку дена пред изборите во 2002 год. во Гостивар мислам беше случката, а пред некоја година еден полицаец беше убиен во близина на бензинската пумпа кај средното школо ЕТУЦ и уште еден одреден период подоцна во близина на ПМФ ...

Млад сум но имам солидна меморија се на се преку 200 воено-полициски припадници се убиени од Албанските терористи во последниве 20ина години, а тек па ако почнеме да правиме список и на цивилните Македонски жртви ...
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
09.04.1999, Горно Блаце
Благојче Крстаноски (26), Охрид, ПСО, загинат на самата граница од снајперски оган од Косовска страна

11.01.2000, Арачиново,
Ацо Ангеловски (26), Скопје
Ерол Готак (27), Скопје
Кирил Петрушевски (23), Скопје...сите полицајци од СВР Скопје, убиени во заседа

22.01.2001, Теарце
Момир Стојановски (31), Крива Паланка, ПС Теарце, минофрлачки напад - еден од учесниците во нападот го гледавме во денешното видео...

04.03.2001, Рамно, Танушевци
Кирчо Димитров (33), Виница, капетан во ВП на АРМ
Дејан Јакимовски (25), Куманово, водник во АРМ, двајцата загинати од нагазна мина

04.03.2001, караула Танушевци
Тодор Стојановски (23), Драчево/Скопје, АРМ, загинат од снајперски оган

08.03.2001, Брест
Горан Стојановски (28), Крива Паланка, ЕСЗ, нагазна мина

17.03.2001, Попова Шапка
Драганчо Илиевски (31), Скопје, постар водник во АРМ, напад на хеликоптер на АРМ

20.03.2001, Скопје
Дејан Богданов (20), Велес, воен обврзник во АРМ, несреќен случај

21.03.2001, Чаир
Јане Јакимовски (35), Крива Паланка, СВР К.П., пукан во грб
28.03.2001, Рамно, Танушевци
Љупчо Мирчовски (36), с.Русиново/Берово, капетан во АРМ, нагазна мина

26.03.2001, Караула Чашка
Игор Николовски (27), Скопје, резервист во АРМ, несреќен случај

23.04.2001, Алашевце
Дејан Денковски (25), Куманово, АРМ, несреќен случај

28.04.2001, Вејце
Марјан Божиновски(26)
Кире Костадиновски (24)
Бошко Најдовски (25)
Илче Стојановски (24) сите од Битола, ПЕП, заседа
Роберт Петковски (26), с.Бунарџик/Скопје, постар водник, ПСО
Бобан Трајковски (28), Куманово, водник, ПСО
Миле Јаневски (29), Македонска Каменица, водник, ПСО
Игор Костески (25), Кисела Вода/Скопје, водник, ПСО

03.05.2001, Ваксинце
Димитар Двојаковски (29), Нова Горица/Словенија, 1МПБ, АРМ
Влатко Петров (23), Штип, 1МПБ, АРМ

31.05.2001, Билјак, Блаце
Зоран Бубески (32), Берово, капетан во АРМ

05.06.2001, пат Гајре - Шипковица
Благојче Сиљанов (32), Битола,
Влатко Миленковски (28), Битола,
Пеце Матичевски (22), с.Новаци/Битола, сите тројца резервисти во АРМ загинати во заседа слична на Вејце

06.06.2001, Лавце
Никола Китанов (19), с.Сарај/Струмица, приправник во АРМ
Исак Руфати (42), с.Одри/Тетово, постар водник во АРМ, загинати од минофрлачки оган

10.06.2001, Слупчане
Синиша Стоилов (35), Скопје, СВР Скопје, снајпер

23.06.2001, Арачиново
Атанас Јанев (25), Струмица, ЕСЗ,
Никола Пехчевски (25), Берово, ЕСЗ
Александар Стојчев (30), Скопје, ПС Аеродром; сите тројца загинати од снајперски оган

25.06.2001, Попова Шапка
Коста Волкановски (40), Неготино, ПЕП, минофрлачки напад

28.06.2001, Арачиново
Оливер Китановски (21), Велес, ЕСЗ, повреда од шрапнели

01.07.2001, Тетовско Кале
Блажо Толев (20), Кавадарци, приправник во АРМ, снајпер

03.07.2001, караула Кодра Фура
Фејзо Џеладиновски (20), с.Елово/Скопје, приправник во АРМ, минофрлачки оган

23.07.2001, караула Рибница
Миле Гиноски (42), Кичево, резервист во АРМ, загинат во заседа од единица водена од поранешниот ни заменик министер за одбрана и дезертер од АРМ

23.07.2001, Лешок
Ѓоко Лазаревски (30), с.Лешок, полициски резервист, снајпер

31.07.2001, Брвеница
Цоки Стојановски (28), Тетово, ПС за БПС Тетово, прострелни рани

01.08.2001, Рашче
Љубомир Акимовски (40), Скопје,
Ќамуран Шаќиров (40), Велес,
Александар Стојановски (27), Скопје, тројцата резервисти, загинати во несреќен случај

08.08.2001, Карпалак
Сашо Китаноски (39), поручник во рез. состав на АРМ
Нане Наумоски (48), капетан во рез.состав на АРМ
Бранко Секулоски (42),
Ердован Шабаноски (20),
Марко Деспотоски (27),
Горан Миноски (29),
Љубе Грујоски (31),
Веби Рушитоски (26),
Дарко Велјаноски (27),
Пеце Секулоски (29), сите од рез. состав на АРМ, загинати во заседа

09.08.2001, Ратае
Душко Синадиновски (41) , Тетово, полициски резервист, прострелни рани

10.08.2001, Љуботенски Бачила
Томе Брдаревски (33), Скопје
Бранко Јанев (36), Скопје
Маријанчо Бошковски (28), с.Волково/Скопје
Раде Јанковски (32), с.Волково/Скопје
Гоце Чанкуловски (39), с.Љубанци/Скопје
Томислав Настевски (27), Ѓорче Петров/Скопје
Ивица Златевски (24), Скопје
Томе Димовски (37), Скопје, загинати по активирање на нагазни мини

16.08.2001, Тетово
Сашо Соколов (27), Скопје, СВР Скопје, снајпер

27.10.2001, Скопје
Александар Серафимов (21), Свети Николе, ЕСЗ, починат како последица на голем број шрапнели здобиени во Матејче во Мај 2001

11.11.2001, Требош
Драго Маневски (35); с.Марино/Скопје,
Оливер Петрушевски (23), Куманово,
Бобан Трпков (33), Драчево/Скопје, сите 3 припадници на Лавовите убиени во заседа при обезбедување на патот до наводната гробница за исчезнатите Македонци

02.09.2001, автопат Тетово - Скопје
Трајче Стојкоски (21), Тетово, СВР Тетово, прострелни рани

12.09.2001, Боговиње
Фикри Елмази (35), Тетово, СВР Тетово, убиен поради униформата во која работел

26.08.2002, Гостивар
Даил Јанкоски (46), Гостивар, полициски резервист,
Александар Николиќ (39), Гостивар, полициски резервист, двајцата загинати во напад од кола во движење во населбата Циглана во Гостивар, убијците се уште на слобода, а познати во околината

06.04.2002, Скопје Север
Петре Кадроски (33), Скопје, СВР Скопје
Чедо Додевски, Куманово
Коце Крстев, Радовиш
Сашко Манасков, Велес
Србољуб Спасовски, Куманово
Душко Гоцевски, Скопје
Воислав Милошевски, Гостивар, сите загинати во несреќни случаи
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Знам дека ќе е тешко, но ќе ве замолам да не вметнуваме политика -- колку што е тоа можно -- во дискусијава. Сепак ова е форум Историја.

Да документираме кои се злосторствата на терористите на УЧК.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Знам дека ќе е тешко, но ќе ве замолам да не вметнуваме политика -- колку што е тоа можно -- во дискусијава. Сепак ова е форум Историја.

Да документираме кои се злосторствата на терористите на УЧК.
Па што да вметнеме, нема сигурно да ги врзам со "Струшки вечери" у муабет... мн недискутабилно, само на статистика ќе се иде и ништо нема да се докажеме, кои биле околностите, која им била целта и слично ... : / Затоа толку мал одзив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom