Прашања за Исламот III

Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
Исус? На Бог се молел.
Јас? На Бог се молам. На само.
Е сега поминуваме во втора :D
Како после овие твои зборови имаш срце да кажеш дека Исус е Бог,кога сам викаш дека и Исус се молел на Бога и ти се молиш на Бога.

Дали ако тврдиш дека Исус е Бог,тоа значи дека Бог му се молел на Бога? :)
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Е сега поминуваме во втора :D
Како после овие твои зборови имаш срце да кажеш дека Исус е Бог,кога сам викаш дека и Исус се молел на Бога и ти се молиш на Бога.

Дали ако тврдиш дека Исус е Бог,тоа значи дека Бог му се молел на Бога? :)
Не, туку во лер.
Пак доаѓаме на истот , Отецот, Синот и Светиот дух.
Синот се моли на отецот. Што има нејасно тука? Пак го гледаш Светото Тројство како 3 различни богови. Кога ќе разбереш дека Тројството е еден Бог,
Ќе разбереш зошто Исус се молел на Бога.
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
Не, туку во лер.
Пак доаѓаме на истот , Отецот, Синот и Светиот дух.
Синот се моли на отецот. Што има нејасно тука? Пак го гледаш Светото Тројство како 3 различни богови. Кога ќе разбереш дека Тројството е еден Бог,
Ќе разбереш зошто Исус се молел на Бога.
хахаха
ќе разберам кога ќе го разберам и разумниот компромис на хорхе :)
е добро ако тројството е еден Бог испаѓа дека исус или се молел на самиот себеси или не се молел на никого.

а ни едното ни другото не се точни.
Аллах да ве упати и да ви ги отвори очите и срцата,бидејќи ве туркаат во паганство и многубоштво.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
хахаха
ќе разберам кога ќе го разберам и разумниот компромис на хорхе :)
е добро ако тројството е еден Бог испаѓа дека исус или се молел на самиот себеси или не се молел на никого.

а ни едното ни другото не се точни.
Аллах да ве упати и да ви ги отвори очите и срцата,бидејќи ве туркаат во паганство и многубоштво.
Прочитај ја Библијата, а не гледај што рекол хорхе.
Велите дека Муслиманите се поголеми Христијани од Христијаните.
Еве, прочитај ја Библијата, па ќе сватиш дека Исус не бил обичен смртник.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Спомнати се за да јас уште повеќе верувам и да се радувам и да го славам Аллах,бидејќи ни дал совршена религија.
А целта на нивното спомнување е за да и ти ги отвориш очите,бидејќи се тоа докази за оние кои се со разум обдарени

68. Господарот твој ја вдахна пчелата: „Прави за себе домови по планините, по дрвјата и по тоа што го креваат луѓето,
69. потоа, храни се со разновидни плодови, па тогаш оди послушно по патеките на Господарот свој!“ Од утробите нивни излегува пијалак со различни бои, кој им е лек на луѓето. Тоа е доказ за луѓето што размислуваат. (сура Ен-Нахл)
--- надополнето: 15 јули 2013 во 13:16 ---
ова се твоите два одговора на моето прашање. и навистина не ми е јасно како ги доведе во контекст виолетовото со црвенот и со болдот? сите тие немаат нешто што ги поврзува/надоврзува. и најбитното, овде само пчелата си ја спомнал, а урмите?
од што ништо не ми е јасно, дури ни прашањето сега не можам да го формулирам.
ај пак од почеток, зошто се спомнати? која е целта на нивното спомнување?
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
Прочитај ја Библијата, а не гледај што рекол хорхе.
Велите дека Муслиманите се поголеми Христијани од Христијаните.
Еве, прочитај ја Библијата, па ќе сватиш дека Исус не бил обичен смртник.

Јас не велам туку тврдам дека сме поголеми христијани од христијаните погоре ти пишав само една од неколкуте причини зошто е тоа така.
и тврдам дека повеќе сум ја читал библијата од 60-70% христијани во државава.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 16:14 ---
Некој?Или нема одговор?:coffee:
Не го ни приметив прашањето во разговорот со волк,сега ќе ти одговорам.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Јас не велам туку тврдам дека сме поголеми христијани од христијаните погоре ти пишав само една од неколкуте причини
.
Делата на Муслиманите во име на Алах, (на кои, за жал сме сведоци во денешнината), не можат да бидат подалеку од Христијанството.
"Сакај го ближниот како себе си" и слично, - Муслиманите се дијаметрално спротивни со своите активности.
Но, навикнати сме на парадоксални изблици од вас.....
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Не, туку во лер.
Пак доаѓаме на истот , Отецот, Синот и Светиот дух.
Синот се моли на отецот. Што има нејасно тука? Пак го гледаш Светото Тројство како 3 различни богови. Кога ќе разбереш дека Тројството е еден Бог,
Ќе разбереш зошто Исус се молел на Бога.
Znaci isus ne e bog
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
436
Поени од реакции
65
за Muranyi и сите кои ги интересира:

Исус според преданијата бил воздигнат со душа и со тело, тој неумрел , како што тврдат денешните христијани, ниту бил распнат и убиен, туку тоа им се причинило и тој бил воздигнат кај Аллах како што и Куранот вели:
И кога Аллах рече: „О Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден!(Али Имран, 55)

Фактички со овој Курански ајет се негира тоа што сакале некои евреи да го докажат а тоа е дека го распнале и убиле Исус, поведувајќи се за проклеството навестено во Стариот Завет на оној Пратеник кој ќе биде понижен на таков начин. Павле иако сака да го оправда ова со невешто искажување во неговите посланија, целата слика остава приказ на понижување со кое неверниците и подбивачите на Исус и вистината пратена по него сакаат да ја прикажат. Но нема да има ниеден искрен следбеник на Книгата(христијанин и евреин) кој нема да поверува во Исус и вистината за него , пред неговата вистинска смрт, односно по Исусовото повторно доаѓање.

Во едно од исламските преданија преку Мухаммед а.с. дознаваме:Потоа тој му кажал: „О Исус јас тебе кон Себе ќе те воздигнам!“, па Исус запрашал: „Господару мој зошто ќе ме воздигнеш?“ Тој му одговорил: „Ќе те подигнам па пред крај на светот повторно ќе те спуштам, да се восхитуваш со следбениците на тој Пратеник и да ги помогнеш во борбата против проклетиот Антихрист(Деџал). Ќе те спуштам за време на намаз(молитва), но ти тогаш нема да им бидеш Имам , бидејќи на Тој уммет сум се смилувал, па после нивниот пратеник нема да има друг.“
Како што се подразбира од горните ајети, Исус бил воздигнат на небо, а тоа според Светиот Куран значи дека не бил распнат на крст. Планот на непријателите на Исус (нека е Божјиот мир врз него) бил да го распнат на крст за да умре, но Аллах го сочувал и така некој друг, кој што изгледал како Исус бил распнат. Во врска со тоа и со грешните тврдења што биле искажани за сметка на Марија, се гледа како на гревови на неверните Јудејци. Тоа се објаснува во следните ајети:
- и поради неверувањето нивно и поради изнесување тешки клевети против Мерјема(Марија) и поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месија, Исаа, синот Мерјемин, Аллаховиот пратени. А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причинило. Оние кои во размислувањето за него се раздвојуваа(поделија), ти самите за тоа во сомнеж беа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија, туку Аллах го воздигна кон (кај) Себе. – А Аллах е силен и мудар.И нема ниеден следбеник на Книгата кој, кога ќе умира, нема како што треба во него да поверува, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи. (сура Ен-Ниса, 156-159)
Ние сведочиме дека нема друг Бог освен Аллах и дека освен Него, не постои ништо друго , кое што е достојно за почит. Убедени сме во тоа, дека никој не е еднаков со Него и дека Мухаммед е Негов слуга и пратеник. Исто така сме сигурни дека Исус, синот на Марија, е Аллахов слуга, Негов Пратеник, Негов збор (Биди! И тоа токму ќе биде!), што и го дал на Марија и дека е душа создадена од Него. Ние прифаќаме дека сите пратеници се браќа и дека нема разлика во нивните религии. Религијата е една „исламот“ (или верата во Едноштвото на Бога).

требали још?
Еден од темелите на христијанското верување е, и распнувањето на Исус, за кој денешните христијани велат дека одкако умрел на крстот тој воскреснал. Според синоптичката традиција, Исусовата почетна точка не е на небо, туку во руралната Палестина, каде што тој бил и роден. Во своите рани триесетти години Исус се појавува на Јордан, му пристапува на Јован Крстител, а по крстењето започнува да го проповеда блиското доаѓање на царството божје. Неговата активност во Галилеја и Јудеја не трае долго, најмногу година-две, бидејќи тој набрзо е уапсен, осуден и распнат на крст. Според најстарото, Марковото евангелие, Исусовото тело по распнувањето е завиено во платно и сместено во гроб заштитен со голем камен. Два дена подоцна, Марија Магдалена, Марија на Јаково и Соломија се упатиле до местото на Исусовото почивалиште за да го миропомазат својот мртов учител. Големиот камен кој ја затворал неговата гробница, меѓутоа, бил стркалан, а жените во гробот виделе млад човек во бел фустан кој им објаснувал дека Исус станал од гробот, и дека тоа треба да му го соопштат на Петар и на другите апостоли. Трите жени, меѓутоа, се исплашиле и во тој страв никому не рекле ништо. Токму на тоа место се завршува, според најстариот ракопис на евангелијата, и Марковото раскажување. Текстот кој следи (Марко 16.9-20) претставува најдоцниот додаток на непознат редактор. Сите сочувани ракописи се совпаѓаат само до осмиот стих на 16 поглавје. Дотаму, всушност, и Матеј и Лука го следат Марковиот текст на евангелијата. Но, сè што доаѓа после Марко 16.8 не се наоѓало во изворните списи на Марко.
Понатаму, тука нема ни јасни назнаки за Исусовото воскреснување или повторно раѓање (како на пр. во Лука 24.13 и понатаму).
И поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месих, Иса, синот Мерјемин, Аллаховиот Пратеник.“ А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причини! Тие што не се согласуваа во мислењата за него, тие за тоа само се сомневаа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија, туку Аллах го воздигна кон Себе! А Аллах е Силен и Мудар.(Куран; Ен Ниса, 157/158)
Куранскиот став дека Исус не бил ниту убиен ниту распнат и дека некој друг бил убиен за кој се претпоставува дека бил Исус, стои многу во прилог на божествената објава- Куранот. Многумина се расправаат дека доколку Мухаммед бил фалсификатор, распнувањето би бил последен детал кој би го „менувал“. Секако понатамошните студии откриваат дека христијаните во преисламската ера многу различни учења исто така присатни во тоа време како и денес. Една од нив беше и дека Исус не бил распнат и многу рано христијански секти негирале дека распетиието воопшто се случило.
Ова го поставува прашањето поради што тие го негирале ова темелно прашање на христијанството?
Х.М. Гваткин(H.M. Gwatkin) во „Раната историја на Црквата“ вели: " Камен на сопнување на раното христијанство не беше толку Исусовата божественост, туку неговото распнување. "
Некои од првите групи што чекореле по патот на Исус и исто така неколку други историски извори покрај Куранот потврдиле дека Исус не умрел на крстот. Џон Толанд(Toland) во неговата работа „Назарени“(Nazarenes) спомнува дека Плотин(Plotinus), кој живееше во 4-ти век изјавил дека ја прочитал книгата наречена „Патување на апостолите“ која е поврзана со традициите на Петар, Јован, Андреј, Томас и Павле. Меѓу другото, книгата наведува дека Исус не бил распнат, туку некој друг бил на негово место, со што Исус и апостолите се потсмевале на оние кои верувале дека Исус умрел на крст.
Церинтус(Cerinthus) , современик на Петар, Павле и Јован, исто така, негираше дека Христос умрел на крстот и дека Христос не страдаал бидејќи тој е духовно битие. Карпократијанците "Carpocratians" исто така верувале дека Исус не умрел на крстот, но постоело друго лице кое го заменило. Исто така, на почетокот на христијанската заедницата постоела секта наречена „Досетијанци“ (Docetae) која сметала дека Исус немал вистинско физичко тело, туку илузорно тело. Затоа, распетието било наочиглед и илузија, односно небило реално.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
319
Поени од реакции
224
[quote="kooperativa, post: 5997189, member: 60366" сите тие немаат нешто што ги поврзува/надоврзува. и најбитното, овде само пчелата си ја спомнал, а урмите?
[/quote]

Urmata e spomnata vo kuranot ,a vo denesno vreme naucnicite dokazuvaat deka urmata go olesnuva poroduvanjeto , i go sprecuva krvaranjeto po poroduvanjeto ,i ima golemi hranlivi vrednosti urmata e spomnata vo sura Merjem, ili Marija , , koga bila bremena na Isa(Isus), i.t.n. citaj;


  1. И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно.
  2. فَأَجَاءَهَا الْمَخَاضُ إِلَىٰ جِذْعِ النَّخْلَةِ قَالَتْ يَا لَيْتَنِي مِتُّ قَبْلَ هَٰذَا وَكُنْتُ نَسْيًا مَنْسِيًّا

    И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: „Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секојпат да бидам заборавена?“
  3. فَنَادَاهَا مِنْ تَحْتِهَا أَلَّا تَحْزَنِي قَدْ جَعَلَ رَبُّكِ تَحْتَكِ سَرِيًّا

    И ја повика глас под неа: „Не жалости се, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор,
  4. وَهُزِّي إِلَيْكِ بِجِذْعِ النَّخْلَةِ تُسَاقِطْ عَلَيْكِ رُطَبًا جَنِيًّا

    и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ауу, што се не прочитав сега :facepalm:
прво ќе се фатам за делот кој вика вака: “Во едно од исламските преданија преку Мухаммед а.с.........“ завршен цитат!!! како тоа имало исламски преданија пред мухамед? тоа едно, а друго, кој му кажал дека било така? или видел со свои очи? слушнал дека бог и исус си направиле еден лаф муабет? или пак на тие што виделе не треба да им се верува затоа што некој кажал така?
не дека нешто ја бранам библијата, пошто и она си има свои дупки, али ова е кратер.
како второ, овој дел е “сам себе убијал“ .......Големиот камен кој ја затворал неговата гробница, меѓутоа, бил стркалан, а жените во гробот виделе млад човек во бел фустан кој им објаснувал дека Исус станал од гробот, и дека тоа треба да му го соопштат на Петар и на другите апостоли....... затоа што самиот кажува дека некој бил во пештерата, а за да се извади после тоа го додава делот Трите жени, меѓутоа, се исплашиле и во тој страв никому не рекле ништо. ...........................
се е ова со цел да се направи некаква вештачка корелација со христијанството. а уствари се работи за малку изменет плагијат.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 18:15 ---
[quote="kooperativa, post: 5997189, member: 60366" сите тие немаат нешто што ги поврзува/надоврзува. и најбитното, овде само пчелата си ја спомнал, а урмите?
urmata e spomnata vo kuranot ,a vo denesno vreme naucnicite dokazuvaat deka urmata go olesnuva poroduvanjeto , i go sprecuva krvaranjeto po poroduvanjeto ,i ima golemi hranlivi vrednosti urmata e spomnata vo sura merjem, ili marija , , koga bila bremena na isa(isus), i.t.n. citaj;


  1. И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно.
  2. فَأَجَاءَهَا الْمَخَاضُ إِلَىٰ جِذْعِ النَّخْلَةِ قَالَتْ يَا لَيْتَنِي مِتُّ قَبْلَ هَٰذَا وَكُنْتُ نَسْيًا مَنْسِيًّا

    И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: „Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секојпат да бидам заборавена?“
  3. فَنَادَاهَا مِنْ تَحْتِهَا أَلَّا تَحْزَنِي قَدْ جَعَلَ رَبُّكِ تَحْتَكِ سَرِيًّا

    И ја повика глас под неа: „Не жалости се, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор,
  4. وَهُزِّي إِلَيْكِ بِجِذْعِ النَّخْلَةِ تُسَاقِطْ عَلَيْكِ رُطَبًا جَنِيًّا

    и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми.
[/quote]
аха, ок, а зошто само неа и медот? тука ми е нејаснотијата. што се толку специјални?
ај еве кажа дека за да и помогне да се породи, иако 3 и 4 ми немаат поврзаност. на 3 вика: “одреди по д тебе да потече извор“!!! каков извор? а на 4: Стреси од......... какава е врската со 3, а и што ќе и се урмите? да и помогнат во породилните болки?
а згора на се', со ибн ти ми даваш сосема трет одоговор, кој ...... ах кој да ве свати?!?!??!!? прашувам просто, они ми искомплицираа до 1001. и ај сега ....... мислите нешто ми/ни е јасно?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас не велам туку тврдам дека сме поголеми христијани од христијаните погоре ти пишав само една од неколкуте причини зошто е тоа така.
и тврдам дека повеќе сум ја читал библијата од 60-70% христијани во државава.
Зошто тогаш не го практикувате следново:
Матеј 5
39.А Јас пак ви велам: не противете му се на злото; туку, ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. ?

Или сте поголеми христијани од христијаните само таму каде што ви одговара?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Јас тврдам дека си исламист и спремен да убиеш и да потикнеш организирани простести против државава!
И ги имам сите твои постови тука преку кои повикуваш на милитантен ислам и без проблем би дозволил некој да беси и коли во името на твојата не толку убава религија оправдувајќи го тоа преку коранот и шеријатските закони! Ма плукам на вашите ненаситни вери и барање бројност а не квалитетни мудреци на исламот!
Штета... исламот дозволи неуки да му ги бранат темелите! Заминува и оваа кула...

Но доста за тебе! Муслиман! (мала шега, не се лути)
Овие прашања може и ти а и другите НЕБАНИРАНИ муслимани да одговораат.
  • Зошто е тоа така? Зошто муслиманинот не ги сака другите? :)
  • Зошто муслиманинот има нешто против другите?
  • Зошто муслиманинот е ограничен?
  • Зошто муслиманинот верува бесценето на Мухамед, а не на реалноста и науката?
  • Зошто Мухамед има проблеми со христијанскиот бог?
  • Зошто Мухамед и сите исламисти кои плукаат врз евреите имаат проблем со еврејскиот бог? Немој да ми зборуваш за пророците... :D Зборувам за еврејскиот бог и закон! Постојано некој муслиман чешка нешто околу еврејкиот закон!
  • Зошто кај муслиманите поблиски им се оние што се муслимани, а не се зближуваат преку националниот идентитет?
  • Зошто муслиманинот е убеден дека македонецот сака да слуша за алах?
  • Зошто имате потреба да го омаловажувате Исус и да велите дека не е бог ами пратеник?
  • Дали мислиш дека јас сум муслиман?
  • Зошто мислиш дека некој муслиман има право да ме казнува мене и има за право да донесува ПРАВНИ закони со кои ќе си ги оправдува убиствата велејќи дека казнува заради ВЕРУВАЊЕ во други богови или навредување на бог? НАВРЕДУВАЊЕ НА БОГ!
  • Дали сте вие муслиманите нормални и компатибилни со еволуцијата на Земјата?
  • Зошто мислиш дека другите не ги надминале вашите богови?
  • Што мислиш за богомилите и гностичките учења дека Алах или еврејскиот бог се всушност религии кои слават еден демон кој што во својата слепост ги излагал сите верници дека е создавач, а не рушител?

Доволно а? :D
 
M

Muranyi

Гостин
ibn kajjim Според ајетот што го пиша,душата на Исус била воздигната кон Алах.Што е со телото тогаш?Како ќе се врати тогаш Исус на Судниот ден?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom