SHANE
Др.Акула
- Член од
- 30 април 2008
- Мислења
- 1.453
- Поени од реакции
- 853
- Зошто е тоа така? Зошто муслиманинот не ги сака другите?
- Зошто муслиманинот има нешто против другите?
- Зошто муслиманинот е ограничен?
- Зошто муслиманинот верува бесценето на Мухамед, а не на реалноста и науката?
- Зошто Мухамед има проблеми со христијанскиот бог?
- Зошто Мухамед и сите исламисти кои плукаат врз евреите имаат проблем со еврејскиот бог? Немој да ми зборуваш за пророците...
Зборувам за еврејскиот бог и закон! Постојано некој муслиман чешка нешто околу еврејкиот закон!
- Зошто кај муслиманите поблиски им се оние што се муслимани, а не се зближуваат преку националниот идентитет?
- Зошто муслиманинот е убеден дека македонецот сака да слуша за алах?
- Зошто имате потреба да го омаловажувате Исус и да велите дека не е бог ами пратеник?
- Дали мислиш дека јас сум муслиман?
- Зошто мислиш дека некој муслиман има право да ме казнува мене и има за право да донесува ПРАВНИ закони со кои ќе си ги оправдува убиствата велејќи дека казнува заради ВЕРУВАЊЕ во други богови или навредување на бог? НАВРЕДУВАЊЕ НА БОГ!
- Дали сте вие муслиманите нормални и компатибилни со еволуцијата на Земјата?
- Зошто мислиш дека другите не ги надминале вашите богови?
- Што мислиш за богомилите и гностичките учења дека Алах или еврејскиот бог се всушност религии кои слават еден демон кој што во својата слепост ги излагал сите верници дека е создавач, а не рушител?
Доволно а?![]()
1)Зошто муслиманот не ги сака другите?
Муслиманот ги почитува сите(безразлика на нивниот идентитет).Исламот ги зближува луѓето.Исламот забранува расизам,национализам и секаков вид други поделби.Исламот повикува кон заедништво и еднаквост во името на Аллах џ.ш.
2)Зошто муслиманот има нешто против другите?
Прашањето е што имаат другите против исламот? Муслиманот нема омраза поради верска определба на луѓето,се додека луѓето кои не веруваат во Аллах џ.ш не почнат да ги мразат и напаѓаат припадниците на исламот или пак самиот ислам.
3) Зошто е муслиманот ограничен?
Сите луѓе се ограничени и дефинирани.Вистинскиот пат јасно со одделува од заблуда.Човек кој што нема граници во неговите постапки е представува потенциална штета примарно за себе,секундарно кон тие кои го опкружуваат.
Муслиманот е ограничен кога се работи за зло(кога го напаѓаат поради тоа што е муслиман,кога постои промискуитет,хомосексуализам,предскажувачи т.е измамници за иднината...).Муслиманот не е ограничен да има научен,економски....прогрес(нешто од кое ќе има бенефит целото опшество).
4)Зошто муслиманот верува бесценето на Мухамед а не на реалноста и науката?
Муслиманот верува во Бог(а Мухамед с.а.в.с е само негов пратеник).Аллах џ.ш потикнува кон учење и спознавање(“зарем се исти учените и неучените?“)
5)Зошто Мухамед има проблем со Христијанскиот бог?
Аллах џ.ш е еден.Нема поголема навреда за бог од тоа да го изедначуваш со луѓе и да му препишуваш човечки атрибути.
Човек и Бог се два различни ентитети(човекот има потреби,бог нема.Бог е совршен,човекот несовршен.Бог нема син,човекот може да има син...аналогно ми иде споредбава како да земеш риба и да викаш по неа “сине“).
-Се извинувам на христијаните ако ги навредувам нивните чуства со ова прашање.
6)Зошто Мухамед и сите исламисти кои плукаат врз евреите имаат проблем со еврејскиот бог? Немој да ми зборуваш за пророците...

Исламот нема проблем со луѓето туку со Јудеизмот како религија.Пред се поради тоа што не ги признава сите божји пратеници.Исто така поради нивниот променет закон во кој ги сепарира вредностите на луѓето(едните ги издигнува а другите ги деградира.Пр:Лихварството е дозволено за сите други освен за припадниците на таа вера...и слично).
7)Зошто кај муслиманите поблиски им се оние што се муслимани, а не се зближуваат преку националниот идентитет?
Пред се поради тоа што се муслимани и ги врзува нивното верување во бога.Муслиманите не веруваат во национален идентите поради тоа што националноста потикнува на поделба на луѓето.
8)Зошто муслиманинот е убеден дека македонецот сака да слуша за алах?
Муслиманот ако некој го праша за исламот,одговара.Ако постои интерес од човек до човек.Нема врска неговиот идентитет.Ако не сака да слуша човекот за исламот тогаш нема потреба нити да го прашува.
9)Зошто имате потреба да го омаловажувате Исус и да велите дека не е бог ами пратеник?
Исламот нема цел да омаложува никого.Исламот смета дека христијанството го омаложува и навредува бог.Два различити концепти.Ако ние ги навредуваме со тоа христијаните тогаш и тие нам не навредуваат(обострано е).
Ним нивната вера,нам нашата.
10)Дали мислиш дека јас сум муслиман?
Според ова што досега го имам прочитано од тебе на форумов не мислам туку тврдам дека не си муслиман.Дали некогаш ќе бидеш(голем побуненик и противник на исламот ,пак негов припадник или пак ќе бидеш статус кво и нема да те интересира исламот,тоа е твоја одлука).
11)Зошто мислиш дека некој муслиман има право да ме казнува мене и има за право да донесува ПРАВНИ закони со кои ќе си ги оправдува убиствата велејќи дека казнува заради ВЕРУВАЊЕ во други богови или навредување на бог? НАВРЕДУВАЊЕ НА БОГ!
Никој нема право да те казнува(барем не во секуларна држава).Во шеријатска држава е сосема друга сторија.
Шеријатската земја има закони поставени од Бога.Шеријатската земја е теократска земја.Навредувањето на бог на тло во која се поставени божји закони представува престап кој се казнува.Таквиот престап самиот по себе е катастрофален и израз на непочит и ароганција кон припадниците на таа религија,кон законите на таа земја и слично.Аналогно представува исто како да го палиш знамето на Македонија среде Скопје или пак да искажуваш незадоволство и бунт врз законите кои ти се дефинирани од страна на државата во која живееш.
Исламот е строг не со цел да убива туку со цел да ги одтргне мислите на луѓето од такви постапки.
12)Дали сте вие муслиманите нормални и компатибилни со еволуцијата на Земјата?
Секако,во секој поглед.Исламот потикнува на еволутивен процес при кој ќе има бенефит самото опшество исто така потикнува кон еволутивен процес во кој ќе се намали злото.
Пр:Исламот како што горе напоменав поттикнува кон меѓусебна толеранција,почит,просперитет,наука.....
13)Зошто мислиш дека другите не ги надминале вашите богови?
Во што го надминале Аллах? Ние веруваме дека Аллах е еден а не повеќе.Не знам на што алудираш со ова „надминале„?Во која смисла?
14)Што мислиш за богомилите и гностичките учења дека Алах или еврејскиот бог се всушност религии кои слават еден демон кој што во својата слепост ги излагал сите верници дека е создавач, а не рушител?
Ним нивното верување нам нашето.Секако , јас сум за нив грешник како што тие се за мене грешници.
Вака на кратко...