Искуства со полицијата!

Сте имале ли искуство со полицијата?


  • Вкупно гласачи
    311

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Пред три четири години,во еден месец четири пати ме тресеа алфи.Дали некој нешто им кажувал,дали рутина,дали сум им личел на некој,ама имаа погрешен човек.Не ми беше прво тресење,пошто кај и да искочевме,парк,во населба,низ град,не имаат тресено неколку пати.Не сум бил уапсен,не сум бил проблематичен,не сум имал никаква пријава нити некогаш полиција дошла на врата кај мене.Најголемото непријатно искуство ми беше коа ме тресеа пред влез/зграда кај што живеам,беше летно време околу 10 и 30 навечер.Цел комшилук беше стандард на прозор,овие ми пресекоа пат пред влез и ме застанаа.Ме напупија на тоа вентото,тресење до чорапи.Кај живееш,викам тука,абе кај живееш не лажи,викам тука бе шефе оваа е адресата на л.к.,го глеаш викам човекот најгоре,татко ми е.Почнаа да ме прашуваат го знам ли овој,оној кај живеел,ја нормално уличната"незнам,не сум видел,не сум чул".До ден денес комшиите мислат дека сум мафијаш...

Имав едно другарче,абе никад у живот беља нема напраено,нити нешто нелегално,али фаца и тело сомнително до коска.Слаб исушен,личи на џанки,а цигара не запалил...Можеби ме имаат претресувано во еден период од две три години,па едно 15 пати.Ама тогаш беше она кога почнаа алфите,па да се докажат,нормално јас никогаш не сум имал ништо за да си го имам гајлето,али ипак не се згодно.Другар мој,идеме на журка,го претресоа до гаќи,језда бевме 16-17 годишни копиљаци тогаш,ама не е во ред.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Сум имал доста искуства,кои тогаш ги сметавме за неволји ама сега се смееме...
Имаме еден професор по уметност,кој е неженет а има накај 50 години.ГО бие слава дека се загледува во малолетнички па дури сум слушал дека спиел со некои само за оцена.Едно време тој премногу се приближи со една ученичка и тоа сите можеа да го осетат.Јас и друштвото бевме на излет на водно веќе крај година 7-8 јуни напиени и шо ќе праиме ајде проб леми...
Зазвонивме на полиција ама пијани не ни знаевме дека ќе не фатат и плус од мој мобилен зборуваше другарка оти женско по убедливо звучи и кажа дека професорот жив се запалил заедно со една ученичка оти љубовта им била забранета и сега и школото ќе се запали... Послем тоа се крена голема узбуна,го дознале бројот кој е на име на татко ми звонеле кажале,па послем тоа сите родители звонеа па не собраа па полиција дојде па одевме во станица таму не испитуваа и на крај професорот на сите по една оценка надолу...сите петици и гледаш штрчи една четворка -.-
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Јеп сум имала, на работа, за измама :sneaky: , кога се наполна цела просторија со инспектори и полиција:eek: :pos:, па на распит бев, абе :pos:! После одкога го испитуваа тој што пријавил, се згазија од смеење, и културно ми се извинаа за непријатноста!
 

The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Ја ограбив Шпаркасе банката и ме бркаше полиција цела вечер.
После ме притворија онака со еден згоден во келија..
Падна добар секс... И се разбудив од сонот :X3: :pos:
 

Santiago

Cocalero
Член од
4 јуни 2012
Мислења
97
Поени од реакции
31
Na vnuk mi mu go ukradoa tocakot od vlez na 5 sprat pred 6 meseci, 18 brzinec ne nekoja marka ali nov !!! Prijavivme vo policija i posle nekoj mesec ni javija go najdovme dojdete tamu i tamu( od sigurnosni pricini ne ja spomnuvam stanicata), odam jas so nego i vlagame vo edna soba pogolema a vnatre mozda imase 20-30 tocaci, go barame nasiot i vnuk mi vika ne e tuka, toj ni vika aj videte pak, barame barame, ne be vikame ne e tuka, toj ni vika abe aj videte siguren sum deka e tuka ... si vikam daj kje go zemam najubaviot da vidam sto ke kaze, vikam eve ovoj bese izgleda, toj ni vika eteee gledas kako bil tuka i hahahah si se smee ! Potpisavme tamu i doma so nov tocak !!! :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
0:24 Тој е тој ретардињо стил на уличарите, децата да им бидат тепани исто како детето!Крв и заби да плукнат!А на овие со знамињата нека им ги дадат пендраците за да им ги пикнат !

„Лозарите“ јавно проговорија за полициската бруталност
Напишано од Unevski on Недела, 25 Ноември 2012 20:21
Ден по натпреварот Фени Индустри - Струмица, во кој главниот збор на трибините го имаше навивачката група Лозари, здружението на граѓани „Лозари“ излезе со прес-конференција, на која наместо да се зборува за исклучително големата бројка и навивачкиот спектакл, најверните подржувачи на градските спортски колективи отворено прозборија за полициската репресија која во последниот период се применува врз нив, а последниот од низата настани се случил вчера на собирот на градскиот плоштад, кога од страна на претставници на министерството за внатрешни работи брутално бил претепан малолетник, член на навивачката група „Лозари“.

„Кулминацијата на полициската бруталност се случи вчера, одкако малолентик, на возраст од 15-16 години брутално беше претепан од претставниците на министерството за внатрешни работи. Ако една запалена петарда е кривично дело, тогаш нека се примени законот, и нека полицијата поднесе пријава кон сторителот, но употребата на прекумерна сила врз малолетник кој буквално беше тепан со гумени палки по главата не е соодветниот начин за казнување на истиот. Се плашиме за последиците кои малолетникот
веќе ги чуствува, но дали истото го чуствуваат и оние кои што земаат плата од народот за да го зачуваат јавниот ред и мир, а не да се изживуваат врз малолетни деца кои патем се и нивни пријатели, синови, внуци, роднини...“ - низ солзи рекоа во изјавата за кавадаречките медиуми членовите на организациската структура на Лозари, кои видно изреволтирани ја продолжија својата приказна: „Не знам зошто, но користењето на пиротехнички материјали на разни манифестации не се третира како прекршување на закон, а сведоци сме како локални моќници на своите прослави користат и различни огнени оружја, или овој закон важи само за нас“.

Револтот на Лозарите е уште поголем затоа што ова не е прв ваков настан: „Да беше ова прв ваков настан едноставно ќе подголтневме. Сведоци сме како ние страдаме од полициската дезорганизираност и нивната желба за реваншизам. Тие се „ситат“ кога некој од нас ќе биде удрен, приведен или ако против нас биде поткрената кривична пријава. По мечот Тиквеш - Македонија Ѓорче Петров по кој поради полициската нестручност настана инцидент во кој беше повреден припадник на полициските сили, вработените во полицијата на секој нареден настан сакаат на било каков начин да ни се реваншираат“.

На крајот на своето обраќање, организаторите на навивачката група Лозари изјавија дека и покрај сите дејствувања од полицијата, нема да бидат заплашени. „Сведоци сме на последните настани во кои со тепање и заканување се врши притисок врз помладите членови на нашата група. Закани има и до нас како водачи на навивачката група, но во ниту еден момент не помислуваме да се откажеме. Знаеме дека му сметаме, дека му отвараме повеќе работа на припадниците на полицијата, но нема да им ја исполниме нивната желба“.

Во продолжение на прес конференцијата, одговарајќи на новинарски прашања, Лозари потенцираа дека и покрај сите проблеми, ќе ја продолжат комуникацијата и соработката со полицијата, бидејќи тоа е неминовен дел за добра организација. Во продолжение, ветија дека плоштадот кој по вчерашниот собир претрпе мали оштетувања ќе биде саниран со заедничка акција на сите навивачи, и дека срцето на градот ќе биде вратено во првобитната состојба.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
ej mavaj gi ovie kopiljaci zasluzuvaat kjotek kako taka po djandari ke pcujat,so toa ja pcujat drzavata me pcujat mene i site vas!!! I ne se apseni za dzabe nemojte da digate galama samo poso za toa ve biva najdobro!!
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
ej mavaj gi ovie kopiljaci zasluzuvaat kjotek kako taka po djandari ke pcujat,so toa ja pcujat drzavata me pcujat mene i site vas!!! I ne se apseni za dzabe nemojte da digate galama samo poso za toa ve biva najdobro!!
Ау ау ау,а Албанците што ти пцујат се живо и диво,ги апси некој?Ајде бре.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Така така тепајте деца,све да ви ебем,а шипчињата нека ве пцујат,пљукаат,тепаат,немојте со прст да сте мрднале.За жал тоа е реалноста у оваа држава,увек го јаде македончето.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
neznam koj kako ke me svane,no sekogas sum od stranata na policijata i sekogas gi opravduvam

na sto lice toa pogore na klipot,od strana na lozarite
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Ау ау ау,а Албанците што ти пцујат се живо и диво,ги апси некој?Ајде бре.
Не искачај надвор од дискусија ја не реков ништо во врска со шипците,конкретно го цитирав видеото на членот погоре,а што се однесува до албанците и они треба да бидат апсени,тепани и казнувани строго дури и построго!!И јас се прашувам зашто никој не ги апси ваљда политичка прича јебеш га!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.225
Поени од реакции
84.182
Кога некој граѓанин пријавува и покренува постапка против некој полициски службеник за прекумерна употребна на сила, добива контра тужба од полицаецот дека бил извршен напад врз службено лице. Тоа е и една од причините зошто граѓаните често се повлекуваат од постапките, стравувајќи дека од жртва ќе добијат статус на обвинет, објаснуваат во Хелсиншкиот комитет.

Влегува 32-годишен татко во продавница да купи пелени за своето новородено дете. Но, во дел од секунда, од татковската грижа за детето го одвојува стравот кога во продавницата влегуваат полициски специјални сили, вршат претрес, го приведуваат таткото и го носат во притвор. Темна соба, човек врзан со лисици и полицајци што го испрашуваат. Ова е класична сцена од холивудски филм, но за нашиот соговорник ова е реалност.
Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.
Жртва на полициска бруталност.

„Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.“


Вака почна да ја раскажува својата приказна нашиот соговорник кој побара да остане анонимен поради притисоците со кои се соочува. Тој е вработен во Министерството за одбрана па стравува од можни последици.
Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго.
Жртва на полициска бруталност.

„Ме обиколија околу осум души, значи тоа е чисто за да не избегам. Јас им ја покажав мојата легитимација и тие само ја видоа, бидејќи тоа е воена легитимација, рекоа дека тоа за нив не важи, ја фрлија легитимацијата на подот, јас се наведнав да ја земам, а тие продолжија да удираат“, вели нашиот соговорник кој инсистира на анонимност.

Ова се случува во скопската населба Топаана, а со него биле приведени и сопственикот на дуќанот и уште еден муштерија. Полицијата се сомневала дека тие се виновни за извршено кривично дело, напад врз службено лице со каменување, додека се обидувале да уапсат затвореник кој не се вратил во затворот по слободниот викенд. Во притвор биле речиси два дена со врзани лисици на рацете. Точно објаснување за причините за нивното приведување добиле следниот ден од истражниот судија.


„Судијката кажа дека сето тоа се случи на улица 376 број 250, а тие дојдоа на улица 376 број 2. Тоа е значи 248 куќи оддалечено од настанот“, вели тој.
Најмногу се жалат на несоодветно однесување на полициските службеници при остварувањето на нивните овластувања, но и на прекумерна употреба на физичка сила. Извештаите на меѓународните организации говорат за тоа дека сè уште има случаи на пречекорување на службените овластувања на полицијата, иако последните извештаи на Народниот правобранител, пак, говорат дека бројот на претставки кога станува збор за тие прашања е намален.
Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет.

Нашиот соговорник вели дека полицијата употребила прекумерна сила и со помош на Хелсиншкиот комитет покренал постапка пред секторот за внатрешна контрола во МВР.

„Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго“, вели нашиот соговорник.


За овој случај реагираше и Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта кој испрати протестно писмо до надлежните органи да се спроведе истрага за прекумерна употреба на сила од специјалните полициски единици во населбата Топаана. Во нивното соопштение е наведено дека специјалната единица „Алфи“, заедно со регуларните полициски сили, додека биле во потрага по затвореник кој не се вратил во затвор откако бил пуштен на слободен викенд, претепале десетина локални жители, меѓу кои и три жени. Од МВР негираат дека била употребена прекумерна сила.

(шупачките македонски власти највише ме нервираат коа кршат од ќутек Македонци за ништо, кршат од ќутек Роми и за помалку од ништо, али УЧК и АлКаеда можат и градот да го запалат ако сакаат нема гајле...)


целиот текст - во линкот
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.225
Поени од реакции
84.182
neznam koj kako ke me svane,no sekogas sum od stranata na policijata i sekogas gi opravduvam

na sto lice toa pogore na klipot,od strana na lozarite
Како не си бил на стадион кога игра албанска екипа? Требало....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom