Незнам која Барса ти гледаше во 2009та ама таа Барса јас што ја гледдав не играше толку тика така и не беше изразено. Со Анри , Гето и Меси во напад беа 10 пати поинтересни за гледање отколку таа 2011та и поатрактивна.
Не ги гледав пријателските зашто интернетот ми е од титово време, ама според тоа шо пишаа дека вчера почнал со тика-така стил едноставно ми се присра.
Баерн и Дортмунд играа финале затоа што играа страшен пресинг уште на противничките одбрандбени играчи, брза трансформација од одбрана во напад и каде сите се бранат заеднички(ко на пример оваа година што Рибери и Робен се враќаа назад за да бранат)
Тоа е иднината на фудбалот, еве на Баерн му требаше 2 години да сфати откако бевме понижувани од Дортмунд. Јуп уште веднаш кога дојде почна да го применува и еве оваа година врати со резултат.Убеден сум дека неможе Баерн да ја примени играта на Барса во целост зашто имаме 5 пати физички помоќни играчи од Барса , не играат таков стил уште од 10 години и го немаме Меси.
Инаку уште кога соопштија дека Пеп ќе биде тренер убеден бев дека тоа е за да се покаже дека Баерн не е веќе во сенка на Реал, Барса и МанЈу и дека може да донесат било кое име. После неколку интервјуа на Јуп, Ули и Кале каде изјавуваа дека Баерн не прави револуција(драстична промена) туку еволуција. Усовршување на тој систем на игра што го имаме.
Донекаде од друга страна па кога лани исто игравме убав фудбал изгубивме од најслабата екипа некад што освоила ЛШ , нека донесе Пеп 2 титули во ЛШ во следниве 3 години тогаш ќе му простам за тика - така коа ќе се видиме.