Предлог за филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Ninth Gate
Нешто од контроверзниот Роман Полански,изгледа човеков обожава да прави филмови за мрачните сили.:wink:Филмчево е од малку поодамна и не знам во кој жанр да го сместам пошто внатре може се да се најде,и мистерија и малку хорор...
Накратко,Џони Деп ќе биде најмен да ги најде преостанатите две копии во кои е содржан демонски текст,во потрагата се соочува со натприродни сили..навистина возбудлив филм.

The only thing more terrifying than searching for the Devil... is finding him.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Torrente (1998)


Шпански филм , типот што е во главна улога е и режисер на филмот . Комедија , која има неколку продолженија,за вториот дел пишувам . Торенте (фан на Атлетико Мадрид) е приватен детектив и со помош на другарот кој е менатлно поремтен ги решаваат многу "комплицираните" задачи .
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.656
Поени од реакции
11.663


...Млад брачен пар добива дрвена кутија која ќе им го смени животот, доколку го притиснат црвеното копче добиваат 1.000.000 долари, и некој некаде умира...
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Cop Out (2010)



Погодете кој е режисер? - Kevin Smith! Тадааааам!
Комедија, акција, комедија, КОМЕДИЈА!
Незнам дали оти ги знам сите филмови, серии и се останато, ама Tracy Morgan е болен, многу ме смее, а и многу е грд.

Филмов, приказна како приказна е бош. Не е ништо посебно, ама па и Dr. House ако гледаш ради приказната, како ги лечи болните, не е ништо посебно. :)
До конверзациите е и начинот на одвивање на работите, нали.

Двајца џандари ловат криминалци, банда латино гангстери кои му украа нешто на Џими (Брусви Лис), а без парите кои требаше да ги земе од тоа што му го украдоа, нема како да плати за свадбата на неговата ќерка. И им ги кршат кичмите.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Немам зборови за филмов,надвор од сите холивудски клишеа(според мене).За глумата нема да зборувам,нема што да се коментира освен да се каже дека Едвард Нортон е неверојатен во оваа улога(веќе позната работ:wink:).Прекрасен трилер за момче на кое му се суди за убиство на свештеник,на кое како адвокат се јавува Ричард Гир..
Мислам дека филмов нема да го разочара некој,иако не верувам дека има многумина кои го немаат гледано..сепак препорака за секој оној кој сака трилери особено да го погледне задолжително:tv:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The Big Lebowski


Филмов е закон!! Не знам дали се смеев од што стварно беше толку смешен или којзнае што ми дошло, али буквално сум се газела од смеење. Главната улога ја игра Џеф Бриџис, кој годинава доби Оскар. Инаку, тој го глуми Dude, кој има исто презиме (Лебовски) како и еден милионер. И еден ден кај него дома ќе провалат двајца и ќе почнат да му се закануваат да им ги врати парите што ги зела жена му. Dude не е женет и ќе сфати дека го помешале со милионеров. Ми беше смешно неможењето на Dude да влијае врз тоа што ќе му се деси, ептен беспомошен е, плус па другар му ќе биде капак на се.


Ferris bueller's day off


Oк филмче, тинејџерско. Има хинтови за бегање од школо. Дечково ќе се преправа дека е болен за да не иде во школо еден ден, и заедно со женска му и другар му ќе прават лудории. Немаше некоја дешавка битна у филмов, али онака за тепање време добар е.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Law Abiding Citizen








Почнува тажно,поради семејстово кое го губи...,
иако крајот е најдобар според мене
...му го убиваат целото семејството..ќе стане заробеник и од тогаш почнува се....се дешаваат чудни работи и никој незнае со кого може да соработува..Гледајте го глупо ми е да пишувам нема да ви биде интересно...


Добар филм за гледање..
Од мене има 8/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Убаво филмче на Вуди Ален,позната работа е дека обожава да ја прикажува љубовта со иронија,и максимално да ги комплицира љубовните приказни.
Филмов баш ми се допадна,приказна за љубовниот триаголник ,дури и четириаголник.Сниман е во Шпанија,па ќе имате можност покрај филмов кој верувам максимално ќе ве релаксира (чат пат може да ви отвори и некоја љубовна дилема) и да уживате во убавините на Шпанија.Патем во главни улоги се јавуваат Хавием Бардем,Пенелопе Круз(ептен добро глуми хистерија во филмов) и Скарлет Јохансон..
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Seven pounds




Бен Томас (Вил Смит) работи како државен даночник. Тој во повеќе наврати ќе им помага на луѓето и ќе ја подава својата рака таму каде е потребна. Но најмногу ќе се посвети на една девојка која има болно срце, која на секој начин ќе ја поврати во живот.
Сега го догледав и навистина шокантен филм. Не сум го видела Вил Смит во подобра улога. Прекрасна музика која исто така плени и нема да ве остави рамнодушни.
Must see филмче!!!:smir:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
и двата филма се англиски драми:
....филм во кој првпат го видов Жерард Батлер и се ме импресионира неговата глума!!Се работи за самохрана мајка која одвреме на време се сели низ градовите во северна Британија.Нејзиниот син кој е гловунем има огромна желба да до запознае татко му,па затоа скоро секоја недала му пишува писма.....


Интересен филм за контраверзите на еден англиски фудбалски тренер и неговата тврдоглавост(нешто слично како денешниов Жозе Мурињо но во поХаЦе верзија)!!Инаку филмов е снимен според вистинска личност т.е. за најупорниот тренер на сите времиња во британија кој ретко може да го повтори неговиот успех....................
 

ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
Match Point



"I'd rather be lucky, than good..."
Кога изборот е направен, и сте на точка во животот кога нема враќање, пред вас наидува нов избор..

Самите го одлучуваме текот на животот, а прашањата кои треба да ги одговорите при гледањето на филмот, или одговорот да го барате во филмов, се всушност: Што би избрале? Се` или ништо, Љубов или копнеж? Би се откажале од удобен живот за да изберете љубов измешана со огромно количество страст? Би превземале ризик или би оделе на сигурно?

Прекрасна испреплетена драма, исполнета со искушение и страст, избор, но најважното среќа.

Што кога топчето ќе се одбие од мрежата и падне? Само две решенија, губите, или добивате...

Излишно е да зборувам повеќе, го препорачувам на секој фан на филмовите на Woody Allen, и на секого кој не е негов фан. Едноставно супер филмче, малку тешко за гледање, но ништо повеќе за да дојде до непотребно замарање на мозокот.

Од мене добива оценка 8.5/10 само ради тоа дека јас не би го направила изборот кој го направи Крис (Џонатан Рис Мајерс).

Еве го и трејлерот кој го покажува она што јас сега го напишав:
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
137
Поени од реакции
31
28 Weeks Later


Филмов го гледав пред малце и можам да кажам дека е еден од НАЈДОБРИТЕ што сум ги гледал...
Се појавува опасен вирус во Англија и умираат сите жители. Доагаат американците, го чистат местото и донесуваат доселеници кои "спасиле гз" во 1 дел од Лондон кој го сметаат за чист. Другото гледајте си :pos2:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Twin Peaks: Fire Walk with me


Нема да се обидувам да давам некаква оцена на делата на Линч, затоа што тие спаѓаат во онаа категорија на творештво чија вредност не се проценува така лесно, ниту лесно се разбира и прифаќа. Филмот претставува едно заокружување на серијата, која беше пред време прекината, па затоа не е премногу препорачливо да се гледа доколку не сте ја изгледале прво неа. Ако не го прифатите овој редослед, ќе ви се расипе уживањето во серијата.
Атмосферата, како и музиката се феноменални. Артистичката екипа со некои измени и дополнувања (Дејвид Линч:costumed3 има споредна улога, Кифер Сатерленд и Крис Ајзак исто така, се појавува и Дејви Боуви) главно соодветствува со сериската и изведбата е мошне добра.
Појавата на Боб е една од поморничавите нешта во филмот. Еден од потцетите филмски негативци, би рекол.
9.00.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
EPIC



зборови нишо не треба за овој филм .. крајот кажува се .
моја оцена 10;10
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Equilibrium







Феноменален футуристички филм со добра содржина и претстава за тоа како би изгледало човештвото кога ние луѓето не би чувствувале. Во ова општество владее нова класа на сили наречени Клерици кои се задолжени да ги ловат сите оние кои не земаат серум против чувства. Заплетот започнува кога Клерикот Џон Престон ( Christiane Bale ) исто така престанува да зема серум и ке почне да сфаќа како е да чувствуваш. Тој полека ке го сруши целиот систем без ничија помош.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom