Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Се расправам до другари на една тема.

Ме убедуваат дека дури и да јадеш салати, пример марула едно 10 кг на ден, иако е во пракса невозможно повотрно ќе качиш иста тежина како некој друг кој внел ист број на калории, но јадел да речеме мајонез или некое чоколадо.

Ако ги потврдите нивните смешни тврдења, ви препорачувам да се отакажете и од билдинг и од секаква посебна прехрана, тоа тврдење е beyond stupid- retarded, демек калории се калории :facepalm:

Не се праам паметен ама според ја што знам..........да калории се калории.....на пример 400 калории марула ќе го преполнат желудникот,а 400 калории хамбургер/пица нема да го наполнат ни 1/3......е сега за другото дали можеш да се здебелиш од марула или зеленчук...и мене ми е малце мутаво и глупо.....ама не знам поискусните нека кажат
 
Абе луѓе , шо е дебелеењето ? Таложење масти под кожата и над мускулот , така ? Значи за да се создаде тоа сало треба да внесувате или екстра масти или екстра јаглехидрати од кои попосле се прават масти и одат ко сало.

Е сеа мајонезот е полн со транс масти шо не се во ниеден случај здрави за телето , доека марулата ги неам тие работи. Марулата е ЈХ + витамини + минерали , ама од тие ЈХ што ги има марулата не може да се здебелееш ко од транс мастите и ЈХ на мајонезот. Единствено нешо шо можеш да добиеш е подуваност од ферментацијата на зеленилото во цревата.
 
Прво погрешна поента направи со постов.
Поентата на слабеењето е губење на вишокот масти што се таложат со прекумерена исхрана,дали тоа ќе биде здрава храна или процесирана како што велиш нема разлика,калории се калории ако претераш се складира во масти.
За месото не се слагам,не секое месо е штетно,особено пилешкото,рибата,мисиркиното и ако имаш пари говедсконо што им се дава трева да јадат.
И за токсините за кој токсини збориме?
Ако телото не ги внесува доволно макро и микро елементите во препорачаниот сооднос тоа не е диета за мене,тоа е гладување.
Исто и за процесираната храна,ако јадеш по малку може да е бенефитно од аспект на рестриктирање на храната тоа е секогаш негативно и нема никогаш да успее,како тренер и човек што сака да помага на луѓето им велам ако си се прејал вчера,вложи денес да потрошиш повеќе,не можеш се да контролираш.
И уште еднаш ќе кажам без разлика каков избор правиш се е до калориите,џабе им матиш тука вода.
Неможеш против законите на термодинамиката.

Прво зависи таа поента кој како ја гледа. Некој едноставно е во заблуда за зборот диета.
И сакаш да кажеш дека дали ќе биде процесирана храна или здрава, на телото исто се одразува? Калорија е калорија а? Многу наблиску гледаш друже. Само калории ли треба да се гледа? И по твојава логика испаѓа дека кога ќе станеш на сабајле доколку изедеш јаболко ништо не си направил зошто во него нема калории. Боље еден стек да мавниш, полн со протеини.
И за месото, штетно е да. Самото негово разлагање во телото не е исто како она на зеленчукот.
Рибата е ОК, доколку ја јадеш варена или печена, но доколку е пржена кажи ми што корисно има во неа?
Значи јас бев 84кг, сега сум 63. Тие 20кг ги намалив за 4-5 месеци. 80% од диетата ми беше САМО овошје и зеленчук, нормално и вода. Никогаш не гладував нит бев ненајаден. Крвната слика ми се направи КРИСТАЛ и сега не дека сакам да се карам со тебе, ама банално ми е да ми кажуваш за некои работи што си ги прочитал на нет одошто јас нешто што ЛИЧНО сум го искусил. И пак ќе пишам за крај. ВОДАТА е НАЈБИТНА :)
 
Зошто го исфрли месото целосно, вегетаријанц ли си или поради диетата ?
Водата е битна но е само мал дел од она што на твојот организам му е неопходно во текот на денот.
Што се однесува до бројот на килограми импресивно навистина , се бавеше ли со физичка активност или само до режимов се придржуваше .
 
Да затоа сега ќе гледаш кристали во твојата мочка.
Не е до калориите,ок ако не е до калориите зашто професоров само јадел твинкие и му се подобрила крвната слика?
http://edition.cnn.com/2010/HEALTH/11/08/twinkie.diet.professor/index.html
Си јадел само овошје и зеленчук,без протеини ништо не правиш.
20 кг си ослабел што?
За да ослабнеш 1 кг масти ти е потребен дефицит од 7000 калории,за да ослабнеш 1 кг мускули потребно е да не јадеш 1200 калории дневно.
Така да кога ќе направиш ти си ослабнал повеќе мускули отколку масти или комбинирано.
А да не зборам колку е потребно мускули...
 
Без никаква физичка активност.
Месо(пилешко или мисиркино) имав еднаш во неделата + еднаш риба, така да не може да се каже вегетаријанец :) Иначе да, ради диетата тоа го направив а предходно секој ден јадев по 2 пати месо, безразлика дали е паштета, салама, колбаси и сл.

Друже незнам зошто несакаш да ми ја разбереш смислата на муабетот.
Зборот диета значи правилна и правилно комбинирана исхрана, не нејадење или гладување.
За да не пишувам километарски пост ќе бидам пократок. Значи ти на прво место го ставаш месото т.е. дека мора да внесуваш протеини и калории. Да, треба да внесуваш, но не од месото. Ако веќе треба месо, тоа нека биде последно на списокот. Во диетата што ја држев имаше комбинирано се и сешто што му е потребно на организмот, од влакна, минерали, протеини, калциум, јод, калории (да ги спомнам) :) итн итн.
Е сега во право си за тоа што со самите масти исчезнуваат и мускулите, но на (пр. да речеме) 50% сало во телото колку мускул ќе имаш? Мене ако ме прашаш скоро ИЧ. Така да со балансирана храна самото тело ќе си го најде идеалното лежиште што му одговара. Јас стигнав до 63кг и оваа тежина ми е веќе година, неможам ни + ни - зошто како што кажав телото си го нашло лежиштето. Е сега ако почнам повторно во 12h да гнетам само сендвичи по извесен период ќе ми се наталожат масти. Но ќе треба време да помине.
--- надополнето: 8 јули 2013 во 14:32 ---
P.S. Пак ќе ти речам. Не читај се и сешто на интернет :)
Ова и го кажувам од лично искуство, сум поминал низ тоа.
 
Веќе сум тренер скоро 1 година,имам доволно искство лично да кажам што функционира што не фунцкионира.
Интернетот го користам како медиум за информирање,има лоши информации 90% од интернетот и 10 % од кај што ги црпам изворите.
Значи мојата цел е да стопам што е помалку мускули во еден период,а да зголемам оксидација на мастите.
А другото што го пиша во заблуда си дека не си ослабнал мускулатура,тоа нема шанси,пак си сестран и не си објективен.
Но како и да е твој живот и твое размислување.
 
Имаш некаква лиценца/сертификат или ДИВ стеф?
 
Без никаква физичка активност.
Месо(пилешко или мисиркино) имав еднаш во неделата + еднаш риба, така да не може да се каже вегетаријанец :) Иначе да, ради диетата тоа го направив а предходно секој ден јадев по 2 пати месо, безразлика дали е паштета, салама, колбаси и сл.

Друже незнам зошто несакаш да ми ја разбереш смислата на муабетот.
Зборот диета значи правилна и правилно комбинирана исхрана, не нејадење или гладување.
За да не пишувам километарски пост ќе бидам пократок. Значи ти на прво место го ставаш месото т.е. дека мора да внесуваш протеини и калории. Да, треба да внесуваш, но не од месото. Ако веќе треба месо, тоа нека биде последно на списокот. Во диетата што ја држев имаше комбинирано се и сешто што му е потребно на организмот, од влакна, минерали, протеини, калциум, јод, калории (да ги спомнам) :) итн итн.
Е сега во право си за тоа што со самите масти исчезнуваат и мускулите, но на (пр. да речеме) 50% сало во телото колку мускул ќе имаш? Мене ако ме прашаш скоро ИЧ. Така да со балансирана храна самото тело ќе си го најде идеалното лежиште што му одговара. Јас стигнав до 63кг и оваа тежина ми е веќе година, неможам ни + ни - зошто како што кажав телото си го нашло лежиштето. Е сега ако почнам повторно во 12h да гнетам само сендвичи по извесен период ќе ми се наталожат масти. Но ќе треба време да помине.
--- надополнето: 8 јули 2013 во 14:32 ---
P.S. Пак ќе ти речам. Не читај се и сешто на интернет :)
Ова и го кажувам од лично искуство, сум поминал низ тоа.

Другар ич да немаш гајле, одлично е ова што си го направил и плус си здрав. И да си намалил малку мускул не е ништо трагично, со тренинг и исхрана мускул се враќа а масното ткиво што ти го обременувало срцето и здравјето трајно си го решил.

Респект (y)
 
Имаш некаква лиценца/сертификат или ДИВ стеф?

Во изработка е,а кој тука генерално има прашање и која гаранција е еден цертификат или диплома.
Има многу луѓе со диплома па зборат глупости...
--- надополнето: 8 јули 2013 во 18:55 ---
Другар ич да немаш гајле, одлично е ова што си го направил и плус си здрав. И да си намалил малку мускул не е ништо трагично, со тренинг и исхрана мускул се враќа а масното ткиво што ти го обременувало срцето и здравјето трајно си го решил.

Респект (y)

Ако е толку лесно зашто не го направиш тоа?
 
Апсолутен лаик сум на темава ама ме интересира да ми одговори некој поупатен што ке се случи ако некој со прекумерна тежина го ставиме во услови слични на затвор и го храниме само јаболки, зеленчук и вода? Нема ли да ослабне за рекордно време? Исто размислувам и за наркоманиве. Ваква програма, таква програма и уште повеке се дрогираат... стави го во ќорка или врзи го за дрво и давај му лекови и храна. За месец два нема ли да се излечи?
 
Веќе сум тренер скоро 1 година,имам доволно искство лично да кажам што функционира што не фунцкионира.

Во истата реченица си контрадикторен до коске. Една година е доволно искуство за било што?
Прво и основно другар, ти ни теретана не си посетувал година дена, второ, пред некој месец почна да се занесуваш дека си фитнес инструктор и трето, дај соземи се малце, преку таквото од тоа што мислиш дека си експерт, можеби ќе станеш еден ден, но сеуште си далеку од кадарен да се правиш искусен тренер, вежбач, нутриционист или било што поврзано со овие тематики.
 
Stef Bachatero чим веќе си тренер и велиш дека имаш искуство, ајде препорачај ми некоја диета која ќе ме ослабне побрзо, на здрав начин, без гладување и со јадење повеќе пати во денот...., но која е веќе докажана и здрава? :)
 
Sungerot Bob
Вежбај ја програмава со сопствена тежина,додај малку кардио пешачење 3-4 пати неделно по 30 минути.
Секоја 2 недела зголемувај за 5 минути повеќе,запомни дека телото се адаптира.
http://www.atletiks.mk/bodibilding-nauka/2013-04-06-18-54-48/topenje-masti/173-nedelna-programa
Калкулирај ги дневните потреби.
http://www.atletiks.mk/vesti/ostanato/104-kalkulator-na-kalorii
Научи за исхраната
http://www.atletiks.mk/component/co...odi-building/227-priracnik-za-stanuvanje-zver\
И зачлени се на myfitnespal и во групата Атлетикс и постирај ја исхраната.
Така ќе бидеш мотивиран и сите прашања ќе ти бидат одговорени :)
--- надополнето: 9 јули 2013 во 03:32 ---
Апсолутен лаик сум на темава ама ме интересира да ми одговори некој поупатен што ке се случи ако некој со прекумерна тежина го ставиме во услови слични на затвор и го храниме само јаболки, зеленчук и вода? Нема ли да ослабне за рекордно време? Исто размислувам и за наркоманиве. Ваква програма, таква програма и уште повеке се дрогираат... стави го во ќорка или врзи го за дрво и давај му лекови и храна. За месец два нема ли да се излечи?

Значи тотална рестрикција не е добра,освен ако треба да ослабнеш 100 кг па да мораш да користиш ригорозни чекори како гастричен бајпас,па да мора да се пресече дел од стомакот или да му се скрати патот на хранопроводникот.
Што е добра исхрана е прашањето твое?
Добра исхрана е таа храна што гледаш резултати естетски(подобрување на изгледот),ги внесуваш сите минерали и витамини и макроелементи во одреден сооднос(јаглехидрати,масти и протеини),ти дава енергија и мотивација за целиот ден да се чувстуваш супер и психички,ментално и физички и го подобрува твоето здравје.
Тоа што секој треба да го отстране особено кај мажите е стомакот,затоа што тој е голем индикатор за кардиоваскуларни болести,дијабетис и холестерол.
Ако имаш меф не си шеф :).
Има разлика во мастите на стомакот и било каде што ги прави штетни.
Затоа треба да се отстраната вишокот масти и да се минимализира намалувањето на активната маса,која е потешко да се зачува и нуди повеќе бенефиции од било која рестриктивна диета и гладување.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 03:33 ---
Што е лесно?

Викаш е лесно да се добие 15 кг мускулна маса.
Ако е толку лесно зашто не го направиш тоа?
Имаш мала грешка во твојата констатација.
Не е само да се ослабне,битно е да се задржи имунитетот и активната маса.
Тоа само со овошје и зеленчук не се прави...
--- надополнето: 9 јули 2013 во 03:36 ---
Во истата реченица си контрадикторен до коске. Една година е доволно искуство за било што?
Прво и основно другар, ти ни теретана не си посетувал година дена, второ, пред некој месец почна да се занесуваш дека си фитнес инструктор и трето, дај соземи се малце, преку таквото од тоа што мислиш дека си експерт, можеби ќе станеш еден ден, но сеуште си далеку од кадарен да се правиш искусен тренер, вежбач, нутриционист или било што поврзано со овие тематики.

Ок бе Аце,знаеш подобро што не почнеш.
Ако е толку лесно да им одговориш на прашањата на луѓето зашто не им дадеш конкретен одговор,а ме критикуваш мене што им давам насока и пат за нивните проблеми.
Зарем тоа не е доволно што имам знаење и практична работа.
Таа практична работа не е само на мене,сум посетувал курсеви,сум читал книги.
Ако знаеш што е прогресивно натоварување,максимално повторување,колку дневно протеини треба да се внесат,колку јаглехидрати треба да се внесат и сето тоа да им го свариш на еден клиент зашто не почнеш да бидеш ТИ личен тренер?
Ајде контрадикторен сум,ако знаеш подобро почни не ми викај тука дека не знам ништо и немам искуство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom