Колку градови има Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата word
  • Време на започнување Време на започнување
За пар децении ќе има само еден град и 2-3 градчиња.
 
Ме интересира како во Македонија е дефиниран видот на населените места .Дали знае некој??????

Во гејлада на пример државниот завод за статистика - ги има дефинирано според број на жители - населените места со над 10 000 се водат како - град , меѓу 9,999 и 2,000 жители се мал град и со под 2,000 жители се село
 
Е ова е Македонија.
Населено место па макар тоа било и во Мариово со од 1-5 жители е село.
На пример прочуеното Галичник со еден жител беше долго време село до скоро.
За потсетување.Ова село во првите денови по катасрофалниот земјотрес во Скопје,
прати апел до разрушениот град дека е спремно да прими 100 семејства од таму.
Но овде има и друга појава.Не ја-го барај Сланско-Суво дол,Локвица,Вир,Девич,
Белица,Самоков,Модриште,Близанско,Растеж, па и Здуње по течението на реката Треска, туку тие места сега се во село Драчево и Новоселски пат...пу,пу во Скопје.
 
Ме интересира како во Македонија е дефиниран видот на населените места .Дали знае некој??????

Во гејлада на пример државниот завод за статистика - ги има дефинирано според број на жители - населените места со над 10 000 се водат како - град , меѓу 9,999 и 2,000 жители се мал град и со под 2,000 жители се село

Кај нас Владата по сопствена волја одлучува кој ќе биде град а кој село.
На некое село ќе му изградат фабрика, спортски терени, патишта... И толку , тоа е град. (без разлика што таму има 2000 жители)

Според законот за територијална организација, град е секое населено место што има над 3.000 жители и бла бла бла (развиено ово и оно)

Потоа ги бројат градовите, градови се: Скопје, Битола , Тетово.... Пехчево , Демир Капија, Македонски Брод .... ДЕМИР ХИСАР

Ј**ем ти законот, а Демир Хисар нема над 3.000 жители (2.593)

И онда ги бројат селата: Арачиново , Чегране ....(со над 6.000 жители)
 
Демир Хисар е општина од 1949 год. и логично, тие општини што се создадени во тоа време веќе одамна имаат изградено некаква градска и комунална инфраструктура, имиња на улици, пошта, дом на култура, индустриски капацитети, здравствен дом, гимназија, хотели итн. Тоа е таа урбана физиономија што ги издвојува од оние населени места со аграрна физиономија. Конкретно, Демир Хисар има надолна линија во бројот на жители, и веројатно на следниот попис ќе има уште помалку од 2.593, меѓутоа заради таа урбана физиономија го сврстуваат во градови. Значи бројот на жители не е баш секогаш пресуден.
 
Кај нас Владата по сопствена волја одлучува кој ќе биде град а кој село.
На некое село ќе му изградат фабрика, спортски терени, патишта... И толку , тоа е град. (без разлика што таму има 2000 жители)

Според законот за територијална организација, град е секое населено место што има над 3.000 жители и бла бла бла (развиено ово и оно)

Потоа ги бројат градовите, градови се: Скопје, Битола , Тетово.... Пехчево , Демир Капија, Македонски Брод .... ДЕМИР ХИСАР

Ј**ем ти законот, а Демир Хисар нема над 3.000 жители (2.593)

И онда ги бројат селата: Арачиново , Чегране ....(со над 6.000 жители)
видиш, има логика твоево, штом пресудно за град да е бројот на населението, па и не би било лошо бројот на градови да се зголеми за сметка на селата
што да не и Арачиново или чегрне ги сврстат во градови
кога може гејлада , што па не и МК
 
Мене ми смета тоа што некои населени места заостануваат во нивниот развој поради тоа прогласување град или село.

Ете го Демир Хисар прогласен е град, и сега ги имаат сите работи што му требаат на еден град (средно училиште, болница, полициска станица, градинки, дом на култура, спортска сала, фабрики ...)

Од друга страна 8.000 жители на Арачиново не можеле да имаат ништо од тоа , пошто законски они се село.

Иначе нашите населени места немаат никаква инфраструктура, тоа е главниот проблем.
 
arachinovo grad da go pravime posto ima +8000 ziteli a ne ti teknuva u tikvata deka e na nekolku kilometri od skopje a demirhisar e u nekoja vukojebina. Ili za inat toa go zboris posto gi branis tvojte
 
Значи ако сака и 30 000 жители нека има некое место , ако таму видиш некое домашно животно и штала јас не му давам епитет град па што сака нека е! Порано се знаело , каде што имало чаршија е тоа е град .
 
Степен на урбанизација, неземјоделско население, физиономија и полифункционалност, па тек после иде бројка на жители.

Критериумите за градска населба ги исполнуваат 34 населби во МКД.
 
arachinovo grad da go pravime posto ima +8000 ziteli a ne ti teknuva u tikvata deka e na nekolku kilometri od skopje a demirhisar e u nekoja vukojebina. Ili za inat toa go zboris posto gi branis tvojte

Не ми значи дали Арачиново ќе биде прогласен град или не.
Ми значи кога кон тоа населено место се однесуваме како за место каде живеат 8.000 жители.
Не е во ред некое место да ги има сите услови за живот само затоа што е прогласен за град а има 2.500 жители, а другите да ги немаат.

Јас се сложувам да им се зближат услугите на граѓаните, нека бидат повише "градови" , не мора за секоја услуга да се патува до поголемите градови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom