Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Обично викаат дека времето лечи. Го нарекуваат време, затоа што најчесто време е потребно додека да се смениш ти како личност или да сфатиш нови работи. Така преболуваш, преку својата промена, ако се појави.Па ако го напушта значи биле заедно...
Ако е некоја шо ја сакаш бори се за неа, ако тоа не успева пресметај се со типот, пак си се борел некако и си ги истрошил бесот и омразата
Освен ако не е некоја битанга нормално...
Преболуваш коа ќе станеш понадоградена личност од она што си бил тогаш. Почнуваш да мислиш на минатото ко на време во кое ти си поминувал убаво, но сега не би било истото. Зошто тогаш си бил таа поинаква личност од таа која си сега (под "сега" мислам на иднината во твојов случај).
Понекогаш се случува интересно, самиот да си се преферираш ко што си бил порано, но да не можеш да се вратиш во таа состојба зошто сега имаш поинакви сфаќања. Можеби тоа и` се десило нејзе. Досега пишував за тоа како би ја преболил, а сега одеднаш за тоа дека она "преболела" (надминала) нешто базично од вашата врска. Не значи дека не те сака. Но, надминала некој период кој ве дефинирал вас, како посветеност на романтика, на пример.
Сретнала некој. Во различни периоди од животот можеш да имаш различни "сродни" луѓе, и парнери.
Проблемот, обично со жените, е кога надвор го бараат она кое треба да го најдат внатре во себе, па оттука, се вљубуваат во луѓе со особини кои ги почитуваат во периодот, наместо тие луѓе да бидат само поттик и влијание за нив и нивното само - пронаоѓање.
Затоа партнерите не треба да се чуваат ко во затвор кога се во врска, ко што пишуваа на форумов на прашањето за идењето на кафе. Ако таа смеела да излага со некој кој и` отварал нови перспективи и кого го почитувала, може ќе ги сфатела успатно и неговите маани, и ќе сфатела дека врската со тебе и` е петнаес пати подобра од некоја евентуална со тој некој интересен.
Можеш да ги мразиш и двајцата, но мораш да бидеш и фер. Ако по детално размислување, сфатиш дека типот е стварно за неа подобра варијанта, мора да си речеш океј, и да прекинеш да го сфаќаш тоа како навреда за тебе како личност. Не е навреда ако за неа реално постои подобра варијанта од тебе, навреда е ако таа веднаш почнала со него по раскинот со тебе. Но, тоа повеќе зборува за неа како личност, а и добро е да се има особина плус која не ја сакаш кај неа, за да се надополни на она со преболувањето.
Морам да искоментирам дека wot станал попаметен (или поопширен), така да обрати се кај него следен пат. (бегам по одмори за некој саат)