Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
^ Па баш супер што ќе биде негативец од дааамна нема играно негативец.

Него World War Z-Топ филмче, едно од подобрите филмови што ги гледав годинава, баш уживав во филмот. Има пар работи што не ми се допаднаа ама сепак добро филмче, што е дефинитивно кино филм. Мислам дека не би ми се допаднал многу филмов ако би го гледал дома на екран.
 
Ни ја не памтам кога последен пат сум го гледал како негативец, ама како и да е сега ова ќе ми биде прв пат да навивам за негативец во филм...:icon_mrgr:
 
Во последните недели се закачив на некои американски политички драми па да прокоменитрам по нешто за сите.

The Falcon and the Snowman
Речиси лош филм, го гледав бидејќи е актуелна темата со Сноуден ама пак. Делува ефтино е глупо така да од мене доби 5/10

All the President's Men
Филм кој што има добиено 4 Оскари и ја обработува темата за тоа како 2ца новинари (кои потоа имаат добиено и пулицерова награда) од Вашинготн Пост го разоткриваат Ватергејт скандалот. Пред една недела на Дисковери Чанел одеше и документарна посветена на истата тема со наслов All the president's men - revisited слидна драма на која и дадов 8/10

Bobby
Ја обработува приказната на неколку луѓе чија поврзаност е тоа што се нашле во лош момент во хотелот Амбасадор во моментите на атентатот на Роберт Кенеди. Посебно специфично за филмот е што во него глумат безброј одлични глумци од Ентони Хопќинс до Ештон Качер. На оваа интересна драма и дадов 7/10

Frost/Nixon
Ова е најдобриот филм поврзан со политичката тематика кој што го изгледав. Ги опишува настаните пред и за време на легендарното интервју на Ричард Никсон со британскиот новинар Фрост. За тие што го сакаат овој жанр, а не го гледале мислам дека овој филм е задолжителен. Прекрасен филм режиран од Рон Хауард и номиниран за неколку Оскари. Од мене доби 9/10
 
Before Midnight олдскул фан сум на филмчево уште од времето кецот на телевизија кога го даваа, лонт тајм агоу, не најдов некоja снимка ептен тазе е. Некој ако налетал нека сподели :)
 
Да погодам: го спасуваат Прецедникот, детето, кафекуварката, кучето и поштарот... притоа убивајќи група професионални терористи и пар домашни предавници, и тоа без да кажат ништо смешно или барем интересно во текот на цел филм.
 
Одамна не сум гледал нешто од ремек-делата на Syfy.
Wait, what?
Јас еднаш симнав некоја мини серија што се давала и ми беше катастрофа... дај просветли ме што има добро од оваа тв куќа?
 
Wait, what?
Јас еднаш симнав некоја мини серија што се давала и ми беше катастрофа... дај просветли ме што има добро од оваа тв куќа?

Саркастичен беше :)
 
Да погодам: го спасуваат Прецедникот, детето, кафекуварката, кучето и поштарот... притоа убивајќи група професионални терористи и пар домашни предавници, и тоа без да кажат ништо смешно или барем интересно во текот на цел филм.

Истите сцени дури, митралез од куќата пука по хелихоптери кои сакаат да спуштаат специјалци, белата куќа експлодира, споменикот кула исти агол, сцени..
Ѕирни трејлерот и смеј се.
 
Истите сцени дури, митралез од куќата пука по хелихоптери кои сакаат да спуштаат специјалци, белата куќа експлодира, споменикот кула исти агол, сцени..
Ѕирни трејлерот и смеј се.

А Фокс глумеше во Џанго, кога ќе ти текне....:facepalm:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мора годишно да се случи да има 2-3 филма кои ќе имаат „близнаци“ со тоа што ќе обработуваат иста тематика. Читав еднаш една статија и ми текнуе само на Armageddon & Deep Impact кои обработуваа иста тематика, 1998 година. На другите браќа и сестри близнаци ич не ми текиње. Не бива ако не се деси нешто вакво.

Нешо вака
 
The Fog (2005)

Овожаватели на хорор филмичиња навалете, до некаде добро хорор филмче, по незнам кој пат го гледав денеска на Сител и решив да пишам нешто, накратко.

Некогаш во 19 век 4 луѓе (Малоун, Вилијамс, Вејн и Кастл) тргнале некаде со брод, нешто разбрав да го заштитат острвот или слично. Тие потонале во морето и нивните предмети после многу години се исфрели од бурата на брегот, луѓето кој во нив ги имаат тие предмети ги следи маглата (веројатно се проколнати).

Маглата се шири низ целиот град и ствара големи проблеми.

Не го догледав филмов оти немаше ништо посебно во него, незнам зошто го почнав да го гледам, таман си имав во план да гледам друго филмче вечерва али тоа е тоа.

6/10 го отценувам филмов.

п.с. само јас гледам филмови на форумов бе?

Гледаме и ние, овој 3-4-5 пати гледан дури на А1 премиерно, не пак на Сител.

Технички, ни ти гледаш. Оти не си го догледал. Како па го рецензираш и оценуваш?
Иако не ве сфаќам понекогаш, еве ти друга магла од Карпентер, поквалитетно да си го трошиш времето.

http://www.imdb.com/title/tt0080749/?ref_=sr_2
 
Го гледав до последните реклами, послем заебав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom