Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Го прочитав муабетот околу “дилемата“ во кој пренос треба да се вози на водно. Извинете ама не прочитав саглам совет за дечкото што праша. Сите си презентиравте (се пофаливте) со своите перформанси.
Некои основни правила околу тоа во кој пренос треба да се вози.
1. Заборави ја брзината на движење што ја гледаш на километража. Не е битна во напредокот при возење на велосипед. Таа се подобрува со тек на време и е само крајна мерна величина.
2. Најдобро возење а со тоа и најголемо уживање при возење се постигнува со држење на темпо. Максималната брзина не секогаш е наше постигнување, туку најчесто е заслуга на конфигурацијата на теренот односно надолнината. Тотално небитна информација за тоа во каква форма си.
3. Најбитна информација е со која брзина ги ВРТИШ ПЕДАЛТЕ а не со која брзина се врти тркалото.
-При рамни делови и не толку напорни, добро возење подразбира вртење на педалите 1,5 до 2 пати во секунда односно 90-120 вртежи во минута. Ако ова темпо го имаш со леснотија во најголемиот запчаник напред и најмалиот назад, браво за тебе шибаш просек накај 40 км/ч.(y) Држење темпо не е ако тоа трае 200 м ;) , се разбираме нели.
- При возење на угорнини добро темпо е 1-1,5 врт/с односно 60-90 врт/мин. Во кој пренос можеш да возиш со ова темпо, таа е твојата моментална физичка подготвеност. На прво качување на некоја јака угорница можеби ќе биде потребо да возиш во најмалиот напред и најголемиот позади и да се движиш поспоро и од пешки (пешачење 5-6 км/ч) ама не треба да се замараш со брзината бидејќи таа ќе се зголемува со тек на време односно кога истата угорнина ќе ја совладуваш во потежок пренос со исто темпо на вртење на педалите.
Друга многу битна работа. При подолги напрегања на угорници и возење со послаби вртежи се собира млечна киселина во мускулите. Потребно е да се смени во помала брзина (поголем запчаник позади) и да се вози некое време со поголем број на вртежи за да се разнесе млечната киселина. Најдобро е ако возиш стрмен дел во 1-2 брзина и наидуваш на поблага угорница го задржуваш преносот некое време и вртиш побрзо па потоа да префрлиш во поголема брзина. Ова е многу потребно за да не ве фаќат грчеви на мускулите.

ПС. Возач на кој што угорнината од кочо рацин до над панорама (со стрмнина од 13-15 %) и делот пред врвот со скоро 20% угорница се пис оф кејк и може да ги качи во 2-3 запчаник позади е спремен за тур д франс ја мислам. :cautious:

И сега не разбрав добро.На кое возиш напред,а на кое позади и кое го препорачуваш?И се надевам дека не очекуваш некој да брои колку вртежи има во минута.:)
И сметам дека прашањето уште од почеток беше како да се совладаат угорнините,а не удолниците.Тоа за надолу секој знае,зарем не.

Sigma би требало да ти е добар, само што е за дупло и повеќе поскап од кинеските.
Ги имаш во outdoor кај Мајка Тереза и кај Вучко зад Универзална мислам, исто така имаш и Polar во bikestop.com.mk.
јас сум повеќе за cat eye!Незнам која цена се сигмата,ама ако е мала разлика во цена дефинитивно изборот би требало да ти биде cateye.Ипак јапонциве ми се некако најсигурни....:rolleyes:


Koпии на километражи не зимај.
 
И сега не разбрав добро.На кое возиш напред,а на кое позади и кое го препорачуваш?И се надевам дека не очекуваш некој да брои колку вртежи има во минута.:)
И сметам дека прашањето уште од почеток беше како да се совладаат угорнините,а не удолниците.Тоа за надолу секој знае,зарем не.
Јас на угорници како водно возам 32 напред и од 14 до 24 позади. Ама тоа воопшто не е битно, битно е кој пренос може да го вози секој индивидуално а да држи темпо 60-90 врт/мин. Ако си почетник многу добро е да броиш (помага и за концентрација) а имаш и километражи со сензор и на преносот па ти бројат вртежи за тебе. Со тек на време несвесно, без броење го возиш тоа темпо без да се замараш во кој пренос си. Не разбирам што е смешно во броењето и контролата на темпото. Незнам ти како си одредуваш во кој пренос да возиш ама погледни еве на пример тур д франс една етапа и примети како сите држат скоро константно исто темпо на вртење на педалите без разлика со која брзина возат (финишот е друго ).
Јас зборев за темпо на угронини и рамно без да се оптеретуваат екстремно мускулите на нозете и срцето. За удолнини незнам ти што знаеш (според мене е потребна сериозна концентрација и за нив) ама јас ги спомнав само околу максималната брзина на движење а не и како треба да се совладуваат.
 
Не е битно кој пренос се вози туку кој е соодносот на запчаниците...односно поделете бројка на преден запчаник со бројка на заден запчаник и добивате одреден сооднос. Таа бројка е со едно вртење на педали колку вртења прави тркалото.

На крај, секој вози во рамките на своите можности...затоа некој се качува за 33мин од Панорама до Крст а некој за 1ч30мин
 
Koj e Заинтересиран за нов велосипед 3км возен со механички дискови,ацера опрема,нека ми пише.На еден другар му го донеле од Странство 15000денари му бара.Го пишувам овде јас бидејќи он нема акаунт тука.Кој е за убав велосипед за евтини пари и не краден велосипед,нека ми прати порака.Ќе му дадам контакт број.
 
Слики нешто ??? што марка е ?
 
Koj e Заинтересиран за нов велосипед 3км возен со механички дискови,ацера опрема,нека ми пише.На еден другар му го донеле од Странство 15000денари му бара.Го пишувам овде јас бидејќи он нема акаунт тука.Кој е за убав велосипед за евтини пари и не краден велосипед,нека ми прати порака.Ќе му дадам контакт број.

А слика да поставеше ... :)
 
Слики нема нешто од велосипедот?
--- надополнето: 1 јули 2013 во 23:14 ---
Имате некоја препорака за ракавици? Максимум до 1000 денари.

Летни без прсти или пак за цела сезона?

Јас купив летни Pearl Izumi кои беа тука некаде во цената, после тоа што го прочитав од нет и да бидам искрен не ми се нешто бог знае што посебни и покрај тоа што беа извикани како најдобри.
Од искуство што сум сретнал човек еден пријател многу ги фалеше Fox ракавиците за МТБ, можеби да пробаш такво нешто.
На ebay ги имаш со се шипинг од Кина и Хонг Конг од 12 долари па нагоре, ама што знам дали се оригинал тие. :confused:
 
Пишете ми порака кој е заинтересиран и ќе ви дадам податоци и контакт.Да не правиме тука расипан телефон....
 
Имате некоја препорака за ракавици? Максимум до 1000 денари.

Јас возам Specialized ракавици со гел перниче, ги земав од Проспорт, мислам дека беа околу 1.200 ден. Еве веќе трета година и немаат гајле, ниту скинато, ниту конец да виси. Ептен сум задоволен, пери - носи. :)
 
Фала, ќе разгледам низ продавнициве. Уште едно прашање, типичниве предни светла што ги имаат на лагер продавнициве кај нас, Sigma/Cat Eye, не ми изгледаат баш добро... дали некој од вас има такво за да ми долови колку осветлуваат?
 
Фала, ќе разгледам низ продавнициве. Уште едно прашање, типичниве предни светла што ги имаат на лагер продавнициве кај нас, Sigma/Cat Eye, не ми изгледаат баш добро... дали некој од вас има такво за да ми долови колку осветлуваат?

Имам cateye.Купено ми е од Италија,но верувам дека и тука го има.Одлично свети...
 
Потешко од очекуваното испадна во Скопје да се бараат големи ракавици, т.е. за голема дланка. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom