Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
vivakastro

Гума за мене е потрошен материјал и не ја гледам потребата да се даваат суми од 3-4000 ден. за една гума, посебно ако возиш рекреативно.
Подобро да смениш пар ново гуми во сезона, отколку да лупниш еден куп пари за гуми кои по две сезони во секој случај ќе ги изгубат својствата.
Од тоа што го имам прочитано една од подобро оценетите буџетски гуми која е одлична за скоро сите подлоги, посебно за асфалт е Kenda K838 Blackwall.
Истата чини околу 15 долари на нет во странство, кај нас ако ја има би чинила можеби нешто повеќе.
Ова само да те заштедам од пребарување на нет и читање рецензии.
Јас сум за менување гуми во моментов и се одлучив за Schwalbe Road Cruiser по цена од 990 ден. за гума во Bikestop и тоа само затоа што имаат puncture protection.
 
Да да во право си!И мене не ми се даваат по 50 па и повеќе евра за гума.Мислев максимум до 20 евра или 25 евра ептен преку сила.Максис сум имал и баш ќе проверам која цена се.Ако ги има нешто во рамки на буџетот можеби такви ќе земам.Инаку некој предлог да не има некој за мишелинки.

Значи најбитно е да не лизга надолу,или пак лизгањето да биде што е можно помало, и се разбира да не е голема кранпона.
 
Не се зезај со гуми како Мишелин, никогаш немале добра гума за mt bike. Кога веќе разгледуваш, гледај помеѓу Maxxis и Schwalbe. За тој ценовен ранг од 25 ЕУР имаат одличен избор. :)
Windfucker не се сложувам со тебе дека гумата е само потрошен материјал освен ако не возиш само асфалт, како во твојот случај. Огромна е разликата од гума до гума offroad, различна стабилност, управливост и различно кочење дали на мокро или суво и за нас кои возиме XC ни е и те како битно. Освен ако не ти е битно дали ќе се убиеш некаде или не. Така да не може да споредуваш road/street со offroad гуми. :)
 
Не мислев баш да возиш со несоодветни гуми по терен, туку повеќе мислев да одиш со побуџетска опција ако возиш рекреативно.
Да објаснам попластично на што мислам, пример Schwalbe Marathon Plus чини над 3000 ден. и истата е најдобро оценета гума за туринг на долги стази и истата поминува над 5000 км без проблем.
Меѓутоа ако јас правам тура до Сенокос и поминувам 1000 км годишно ќе поминам и со Schwalbe Land Cruiser која чини 720 ден.
Исто се однесува и на мтб ако не возиш по некои екстремни терени, инаку мене ми е сигурноста на прво место и воопшто не штедам средства на тоа, само се обидувам да бидам порационален кога ќе правам избор на нешто.
 
Не се зезај со гуми како Мишелин, никогаш немале добра гума за mt bike. Кога веќе разгледуваш, гледај помеѓу Maxxis и Schwalbe. За тој ценовен ранг од 25 ЕУР имаат одличен избор. :)
Windfucker не се сложувам со тебе дека гумата е само потрошен материјал освен ако не возиш само асфалт, како во твојот случај. Огромна е разликата од гума до гума offroad, различна стабилност, управливост и различно кочење дали на мокро или суво и за нас кои возиме XC ни е и те како битно. Освен ако не ти е битно дали ќе се убиеш некаде или не. Така да не може да споредуваш road/street со offroad гуми. :)
Во ред!Најверојатно ќе ги прескокнам мишелинот,а за швалбе сум рекол дека веќе никогаш во мој живот не ги ставам(всушност и овие сега,како и претходните ми дојдоа фабрички)
Гумата воопшто не си ги оправдува парите.Вторпат вака се лажам.Првиот пат имав смарт сем,а сега рејсинг ралф и ноби ник.Едноставно гумата е направена само да биде најиздржлива.Лизгањето го има и шанси нема соп максисот.Така да дефинитивно Швалбе не ставам повеќе и не препорачувам на никого да го прави тоа.
 
Го прочитав муабетот околу “дилемата“ во кој пренос треба да се вози на водно. Извинете ама не прочитав саглам совет за дечкото што праша. Сите си презентиравте (се пофаливте) со своите перформанси.
Некои основни правила околу тоа во кој пренос треба да се вози.
1. Заборави ја брзината на движење што ја гледаш на километража. Не е битна во напредокот при возење на велосипед. Таа се подобрува со тек на време и е само крајна мерна величина.
2. Најдобро возење а со тоа и најголемо уживање при возење се постигнува со држење на темпо. Максималната брзина не секогаш е наше постигнување, туку најчесто е заслуга на конфигурацијата на теренот односно надолнината. Тотално небитна информација за тоа во каква форма си.
3. Најбитна информација е со која брзина ги ВРТИШ ПЕДАЛТЕ а не со која брзина се врти тркалото.
-При рамни делови и не толку напорни, добро возење подразбира вртење на педалите 1,5 до 2 пати во секунда односно 90-120 вртежи во минута. Ако ова темпо го имаш со леснотија во најголемиот запчаник напред и најмалиот назад, браво за тебе шибаш просек накај 40 км/ч.(y) Држење темпо не е ако тоа трае 200 м ;) , се разбираме нели.
- При возење на угорнини добро темпо е 1-1,5 врт/с односно 60-90 врт/мин. Во кој пренос можеш да возиш со ова темпо, таа е твојата моментална физичка подготвеност. На прво качување на некоја јака угорница можеби ќе биде потребо да возиш во најмалиот напред и најголемиот позади и да се движиш поспоро и од пешки (пешачење 5-6 км/ч) ама не треба да се замараш со брзината бидејќи таа ќе се зголемува со тек на време односно кога истата угорнина ќе ја совладуваш во потежок пренос со исто темпо на вртење на педалите.
Друга многу битна работа. При подолги напрегања на угорници и возење со послаби вртежи се собира млечна киселина во мускулите. Потребно е да се смени во помала брзина (поголем запчаник позади) и да се вози некое време со поголем број на вртежи за да се разнесе млечната киселина. Најдобро е ако возиш стрмен дел во 1-2 брзина и наидуваш на поблага угорница го задржуваш преносот некое време и вртиш побрзо па потоа да префрлиш во поголема брзина. Ова е многу потребно за да не ве фаќат грчеви на мускулите.

ПС. Возач на кој што угорнината од кочо рацин до над панорама (со стрмнина од 13-15 %) и делот пред врвот со скоро 20% угорница се пис оф кејк и може да ги качи во 2-3 запчаник позади е спремен за тур д франс ја мислам. :cautious:
 
Знам дека имаше многу видеа низ темава за козјиве на Водно, ама многу страни се да ги барам пак. Кузнај коа последен пат сум ги видел :/

На јутјуб ги најдов "професионалните" што фураат поекстремно, не ми требаат тие.
 
Најстрмните делови на Водно се по 17%. И верувај дека 2-3 пренос(на пренос со 3 запчаници) воопшто не е тешка опција на тие места.
 
Имате некоја препорака за ракавици? Максимум до 1000 денари.
 
Најстрмните делови на Водно се по 17%. И верувај дека 2-3 пренос(на пренос со 3 запчаници) воопшто не е тешка опција на тие места.
Да прашам за да знам дали се разбираме.
Напред 42-44 (зависи од пренсот) а позади 13-14 не е воопшто тешка опција?
или
Напред 22-24 а позади 26-24 не е воопшто тешка опција?
Членот погоре мислам дека тврдеше дека тие угорници ги вози со првата опција што според мене е немогуќе односно многу тешко. Ако правиме муабет за втората опција се сложувам дека е ок и релативно лесна.
Јас последниот пат кога пробав да се качам на водно имав проблем со средниот запчаник напред и не можев да возам во него. Со најголемиот напред и 26 позади успеав да се качам до вториот видиковец и таму бев тотално папсан. Не сум баш во форма ама напорот верувајте беше огромен. Во најмалиот напред неможев да возам многу требаше да вртам и морав да се откажам од качувањето. Цело водно да го качиш во најголемиот запчаник напред треба да си Ришард Виренк според мене. :)
 
Некој да препорача добар километражник? :)
 
Некој да препорача добар километражник? :)

Sigma би требало да ти е добар, само што е за дупло и повеќе поскап од кинеските.
Ги имаш во outdoor кај Мајка Тереза и кај Вучко зад Универзална мислам, исто така имаш и Polar во bikestop.com.mk.
 
Некој да препорача добар километражник? :)
Sigma, Cateye и Polar. Цените се движат од 800 ден. па нагоре во зависност од функциите и од тоа дали е жичана или не. Имаш нешто во Вучко, Бајкмаркет и Бајкстоп. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom