Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Го зедовме Тони Снел како 20 пик. Изгледа Тибс и Гар/Пакс се заљубиле во него кога имаа проби на 1 јуни во ЛА. Значи играч сличен на Батлер и Ленард. 6'7'' висок со голем распон на раце и 5% BMI. 40% за тројка минатата сезона во New Mexico. Беше мвп на некоја си Mountain лига со 18 поена по утакмица. Значи висок долг шутер со дефанзивен потенцијал. Можевме и подобро да избереме но што е тука е. Ќе добие гарантиран руки договор и ќе игра 0.3 минути на утакмица :D. Инаку во втората рунда го зедовме Ерик Марфи. Игра крилен центар со висина од 6'10'' и имаше 45% за тројка лани. Значи долга шутирачка 4ка. Оваа година имаше просек 13 поена 5 скока и 2 асистенции и беше сениор на Флорида универзитетот. Инаку со драфтувањето на 3ка се зголемуваат шансите за заминување на денг. Неговиот агент потврди дека немало никакви разговори за продолжување на договорот, а се погласни се шпекулациите за заминување на Ламаркус од Потланд. Едноставно се се поклопува, од потребите на двата тима, до платите на денг и ламаркус, пиковите од драфтот, така да можеби ќе испадне нешто од ова.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Не е продолжена соработката со главниот асистент Рон Адамс, кој е со клубот од времето на Скот Скајлс. Причината не е неспогодба со Тибодо, напротив, имаа многу добра комуникација и соработка, туку одлуката била на Форман, кој се одлучил да не му го продолжи едногодишниот договор на Адамс. После времето на Скајлс поминато во тимов, Адамс работеше со едногодишни договори.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Данливи се очекува да потпише 2 годишен договор вреден 6 милиони, со што ќе го искористат МЛЕ-то на него.
Мохамед исто се очекува да потпише 1 годишен договор за минимумот.
Солиден играч е Данливи, ќе го шири теренот, има 43% за тројка. Минатата сезона имаше 10 поена и 4 скока со Милвоки. Одличен играч од клупа, и со ова можеби нема да одат на Белинели и Нејт и ќе потпишат со уште еден бек за минимумот. Исто се очекува покрај Мохамед да се земе уште еден центар, како даламберт кој изјави дека парите не се проблем доколку се работи за силен контендер за титула, каков што е чикаго. Џанеро Парго тренира во Берто центарот но не мора да значи дека и ќе потпише бидејки и минатите сезони тренираше за време на оф сезоната.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Добро е што земаме шутер од далечина. Лани скоро сите беа "двојкаши" и противниците скоро и да не мораше да го бранат периметарот. Е сега со ова веројатно немаме салари кап за Белинели, туку ќе се зема уште еден играч на ветерански договор, плус како што кажа Раднаскела веројатно Даламберт, ни треба длабочина во клупата.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990

Штета што нема никогаш да ги видиме 1-2 како играат :( Good luck Nate!
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Дефинитивна е одлуката оти нема да му го продолжат договорот?
Не е дефинитивна ама сликата кажува се. Сигурно нема да игра за едногодишен ветерански договор вреден 1 милион. Ќе замине некаде за 2-3 годишен договор вреден 4-5 милиона. МЛЕ-то е искористено за Данливи, ем имаме 3 плеја за наредната година. Булси изгледа веќе им соопштиле дека нема да тргнат по Бели и Нејт.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
А имаат ли шанси да го лапнат Елис пошто гледам го поврзуваат со Булси ?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.054
Поени од реакции
1.176
А имаат ли шанси да го лапнат Елис пошто гледам го поврзуваат со Булси ?
Тешко Елис во Чикаго , немаат простор во буџет за таков договор во Чикаго , немаат пари да потпишат далеку поевтини договори со Белинели и Нејт Робинсон . А Елис е и голем потрошувач на топки , и има голема мана што знае само да шутира и кога му оди шутот и кога не му оди шутот тој само знае да шутира . Елис не е играч за големи дострели , под ова мислам не е тој играч што може на некој тим да му донесе титула , одличен потез од Вориорси беше кога пред неколку години го пуштија Елис да си оди и го задржаа Кари . Елис е играч за да игра во тим кој би имал амбиција да игра плеј оф и веројатно ќе заврши на крај во некој тим како што е Атланта . Елис ништо добро не би донел за Чикаго , една вечер шутира 10/17 а следна вечер 5/23 , и јасно е дека на Чикаго не му треба таков играч кој плус би барал минимум 10 милиони по сезона .
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
А имаат ли шанси да го лапнат Елис пошто гледам го поврзуваат со Булси ?
Не би требало да имаме доволно салари кап за Елис, освен ако Денг не го трејдуваме за Олдриџ, па да го амнестираме Бузер.
Него ај некој нека кажи 2-3 збора за Миротич, пошто читам нешто тој да бил замената за Бузер вгодина.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.054
Поени од реакции
1.176
Не би требало да имаме доволно салари кап за Елис, освен ако Денг не го трејдуваме за Олдриџ, па да го амнестираме Бузер.
Него ај некој нека кажи 2-3 збора за Миротич, пошто читам нешто тој да бил замената за Бузер вгодина.
Добар играч е Миротич , можеби требаше до сега да покаже и малку повеќе од она што го покажа но имајќи предвид дека е млад и има само 22 години , од мене е помлад за 2 дена :) ( родени сме јас и Миротич иста година и ист месец ) тој ќе напредува допрва во кариерата . Е сега колку може тој како белец да игра цврста одбрана нешто што нормално е неопходно за Чикаго е голема мистерија како Миротич ќе се вклопи во системот на НБА . Досега немало баш многу белци од Европа што играат на високи позиции и кои играле успешно цврсто и продуктивно во одбрана , Марк Гасол е еден од ретките Европејци што игра јака и цврста одбрана и солиден напад но сепак тој е класичен центар со 216 см висина а Миротич 209 . Не сум до сега многу импресиониран од трудот на Бузер во одбрана и неговото залагање за играње одбрана , и нешто Чикаго ќе мора да менува во тимот . Миротич во секој случај ќе има помала плата од оваа астрономската на Бузер и тоа ќе овозможи во тимот наредно лето да дојде уште некој солиден играч да биде помош од клупа . Ќе игра сега на европското првенство Миротич за Шпанија на местото на Ибака , а можеби конечно ќе биде клучот за Реал Мадрид да ја освои Евролигата имаат лесна група на старт во Евролига .
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
2010-2011- Роуз најмладиот мвп во историјата на нба.
2012-2013 Миротич најмладиот мвп во шпанската лига.
''Nuff said
Него Реал ќе ја освоеа и оваа година, кога имаа 18 разлика на почетокот реал, Миротич имаше 3-3 за тројка, ама после ја усраа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom