Забранет турбофолкот по дискотеките во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување
Подолго време ова се шушкаше, треба да не е кромид :)
Шуќур, ќе го нема веќе оној срам што те фаќа - плакат : рандом дискотека прави ,,концерт,, на некој чкљ српскобошњачки шљам.
 
не си правете бајрам на мозак се знае на која музика се прави пари турбо се лока се пие се прави тиква ке видат дека нема фајде па ке си почне повторно едното исто.Масата се пали на турбо некако како да им е издувен фетил не може да го искоренат за жал на такво подневје сме и големи пари носи тој фолк гледајте кога доаѓа некој фолкер колку важност се одава за разлика на некој DJ од регионов за жал ама вистина
 
Не е до музиката, до менталитетот е. Ѓабе, ѓабе.........

Oдиш в кафиќ, влегуваш и гледаш сето скочането, стои и гледа едно во друго. Нема руке горе, руке доле, нема скокање, тажно и тивко ко гроб.

Па кафулето впрочем тоа и е. За да седнеш и пиеш кафе и правиш муабет.

Тоа што кафулињата тераат тренд да постануваат дискотеки, пуштајќи прегласна музика самите си го губат епитетот - место каде се прави разговор. Впрочем затоа и изгледа како сите се зачмаени, нити играат нити разговараат, само шлапаат и мислат дека другиве ги слушаат.

Треба да се стави дистикција што се сака. Проблемот со дискотекиве (па и другиве ноќни клубови) е тоа што се нема концепт и одделна таргет група. Еден локал пушта се` од музика надевајќи се да и` угоди на поширок круг на публиката. Локалите кои се стриктно усмерени кон една целна група може да се бројат на прсти.
 
не си правете бајрам на мозак се знае на која музика се прави пари турбо се лока се пие се прави тиква ке видат дека нема фајде па ке си почне повторно едното исто.Масата се пали на турбо некако како да им е издувен фетил не може да го искоренат за жал на такво подневје сме и големи пари носи тој фолк гледајте кога доаѓа некој фолкер колку важност се одава за разлика на некој DJ од регионов за жал ама вистина


Грешиш. Иди во понеделник во Хавана. Ефтин наш бенд, влез гага ама затоа преполно и пијачки фрштат цело време. Значи ако дискотеките знаат дека помалце ќе заработат, нема да го направат тој чекор.
 
Шефе, кај виде дека ќе забранат? Едноставно, тие што имаат дискотеки се договориле да не прават српски журки. Ако има интерес за српска музика - нека си отвори некој дискотека таква. Нели имаше една во Кадино или кај и да беше, Гранд. Си се знаеше порано, таму има турбофолк и си цепаа сите.

Иначе, искрено, би забранил јас со закон турбофолк музика, зашто...зашто е сељачки бе, не ме дупи, не била сељачка музика. Чест на исклучоци, едни од најрелаксираните и најурбани дечки и девојки знам ги знам слушаат таква музика али повеќето се асални дебили и глупачки. Не дека не ќе ги снема тие фаци, ќе се појавуваат сеа на „урбаните журки“ (не дека нешто со диџеи пак една јака музика, со ептен народ за забава. Повеќето дремат на сепариња и се гледаат) ама зашто да се има впечаток дека ноќниот живот во Скопје е турбофолк забави?


Каков закон жити се, ние сме турбофолк нација како Србите сме исти, се фатиле за Скопје идете надвор од Скопје нема кафанче кај што не ечи турбо. И ден денес младиве растат со српска музика... Не значи дека ако некогаш во животот си слушал српско дека си заостанат или слично, ипак постариве сите растеле со таква музика. Прашање на менталитет е. Ова да важи за дискотеки е океј али кафанчињата по старо си продолжуваат...
 
Па кафулето впрочем тоа и е. За да седнеш и пиеш кафе и правиш муабет.

Тоа што кафулињата тераат тренд да постануваат дискотеки, пуштајќи прегласна музика самите си го губат епитетот - место каде се прави разговор. Впрочем затоа и изгледа како сите се зачмаени, нити играат нити разговараат, само шлапаат и мислат дека другиве ги слушаат.

Треба да се стави дистикција што се сака. Проблемот со дискотекиве (па и другиве ноќни клубови) е тоа што се нема концепт и одделна таргет група. Еден локал пушта се` од музика надевајќи се да и` угоди на поширок круг на публиката. Локалите кои се стриктно усмерени кон една целна група може да се бројат на прсти.

Од Прилеп сум јас , кафиќ тука е рамно на клуб(затоа што само еден има со таков назив клуб-клуб) и тој не работи секогаш .
За Скопје не сум запознаен. Tука имаш повеќе кафулиња.Преку ден кафе шема, навечер со ист распоред на местото, чат пат со по некое високо столче доживуваат преобразба и тоа е тоа. :) Затоа и амбиентот е аптекарски осветлен, без никаков сенс и подигнувачка атмосфера. Но се прероди едно место каде го насочија небаре сме во Англија 70-ти и врвиме феноменално. Има тука и сведоци на форумов.
А да, ако го носи патот некој наваму, Имиџ се вика, отворен сум за пиво/кафе/мафе.
 
Грешиш. Иди во понеделник во Хавана. Ефтин наш бенд, влез гага ама затоа преполно и пијачки фрштат цело време. Значи ако дискотеките знаат дека помалце ќе заработат, нема да го направат тој чекор.

Не само понеделник, и петок/сабота е пуно (иако Саут Парк стандарно го немаат сменето репертоарот од пред сто години). Сектор е исто така пуно. (Не сум некој обожавател на таа музика, ама ете чисто ко за пример). Луѓето го слушаат тоа што ќе им се пушти и на истото се веселат, ако сакаат. Нема полош стереотип од тоа дека само на турбофолк може да пијат и да се веселат.
 
ако луѓе што слушале турбо фолк сега даунлодираат хаус техно рејв и псај транс, индустриал и трип хоп, купат гранџ гардероба и се вратат во модерна дискотека, дали нивната миризба на супа зачинета со дезодоранс адидас ке исчезне?
 
100% е точна информацијава..Е сега може оваа "засегнатава" Магде и фризеров комотно да се иселат од Скопје и да си живеат и настапуваат во другиве градови.
 
Грешиш. Иди во понеделник во Хавана. Ефтин наш бенд, влез гага ама затоа преполно и пијачки фрштат цело време. Значи ако дискотеките знаат дека помалце ќе заработат, нема да го направат тој чекор.

донеси турбо фолк ѕвезда и како ти што се возиш по твојата логика па да видиме кај ке е попуно и не е чудо што после негде 2 сат пршти турбо на сите страни
 
Кога би биле паметни, би направиле распоред со кој сечиј вкус би бил задоволен.
Една вечер српско, друга вечер актуелни хитчиња, трета вечер диџеј, четврта вечер некој артист од нашата сцена и пак ќе прават пари.
Од ограничувања (само на српско/само на диџеи) ми е смучено веќе.
 
И јас можам да потврдам дека сега за сега е точна информацијава и нема да има турбо фолк во сите клубови во парк.

Е сеа дали ќе паднат под притисок ако видат помала заработувачка тоа незнам.
 
џабе не кажвајте стрижена бричена...факт е дека секој хејтер на турбо на крај завршува со Шабан колку сакате демантирајте го ова...чаше ломим срчите на страна...драпај си мео..поарно то одколку ова
http://www.youtube.com/watch?v=csBTs7eX4D4 од 3-та минута натаму :)
 
донеси турбо фолк ѕвезда и како ти што се возиш по твојата логика па да видиме кај ке е попуно и не е чудо што после негде 2 сат пршти турбо на сите страни


Како може да е пополно од преполно-не-може-да-дишам, нешто што се случува секој викенд? Не се занесувајте па и вие, не се шират дискотеките според тоа колку има луѓе па можат неограничено да примат. Плус тие пејачи бараат пари за да пејат, и тоа големи пари. Вака пак со преполна дискотека, а со ефтин бенд.
 
Па кафулето впрочем тоа и е. За да седнеш и пиеш кафе и правиш муабет.

Тоа што кафулињата тераат тренд да постануваат дискотеки, пуштајќи прегласна музика самите си го губат епитетот - место каде се прави разговор. Впрочем затоа и изгледа како сите се зачмаени, нити играат нити разговараат, само шлапаат и мислат дека другиве ги слушаат.

Треба да се стави дистикција што се сака. Проблемот со дискотекиве (па и другиве ноќни клубови) е тоа што се нема концепт и одделна таргет група. Еден локал пушта се` од музика надевајќи се да и` угоди на поширок круг на публиката. Локалите кои се стриктно усмерени кон една целна група може да се бројат на прсти.


Да се надоврзам - се чувствувам старо на свои 22 години.

Имено, кога јас почнав да излегувам во дискотеки, не толку одамна, имаше јуниор и сениор забави. И озбилно постоеа.
До 16 години, одев во Елемент и Ла Фабрик на јуниор забави. Во 15 до 12 чистка - забавата заврши. И одевме до Мц на вечера, па сите по дома. Или одевме во Лилит, па од таму Мц, па дома.

Сега, пред некој ден, излегов во дискотека. Ми се смачи кога видов малолетници. Во 2 ипол сабајле.
И ми се одмили излегувањето, моментално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom