Дежурна Ординација! #2

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Земено во предвид :). Други мислења?
Cicalfate од Avene. Кремата е релативно скапа, ама е неверојатно добра. Јас имав рани на лицето околу окото, се мачкав со кремава и не ми остана апсолутно никаква трага. Мислам дека ја има во сите аптеки, а добра е за било каква иритација или ранички на кожата.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Аман! Дајте некој спреј, лек за афти, недела под стресови сум и само ми излегуваат, посебно на јазикот и ме болат и стојат по 1 недела, некои и повеќе таман ќе заздраве, после то одма излегува друга до неа... Може да останат лузни така? :(

Испробано до сега: хексорал, прополис, лизобакт...
1.гаргара со чај од жалфија 4 пати дневно
2.премачкување со подготвен раствор од метиленско сино( Kaj ОРЛ Специјалист)
3.да се видат афтите дали се пропратени со габична инфекција..во тој случај ќе треба нистатин капки..
4. Нема пушење цигари :)
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 00:09 ---
Имав рана над усната, коричката скоро и да е падната али како што паѓа се гледа црвенило и мислам дека ако не преземам нешто ќе ми остане флека :/ . Дали можам да го мачкам црвенилото со Контратубекс(ја користев за лузните после операција) или нешто друго ми препорачувате?
кантарион масло..
гарамицин маст врз раничката или уште подобро енбецин ако можеш да најдеш - па после кантарион масло. Ова зборуваме само ако е акна или иритација или гребаница.
А ако се работи за херпес( а тоа треба да те види матичен и да ти каже - вака само шлапаме во празно) тогаш ацикловир маст и избегнување солена и лута храна.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
1.гаргара со чај од жалфија 4 пати дневно
2.премачкување со подготвен раствор од метиленско сино( Kaj ОРЛ Специјалист)
3.да се видат афтите дали се пропратени со габична инфекција..во тој случај ќе треба нистатин капки..
4. Нема пушење цигари :)
Фала :)

Ми даде кева метиленско сино, б-комплекс, мучкам жалфија па ќе видам... Работава е шо болат и ме иритира болката, ни лизобактот не помага веќе... Тестотот на лента, негативен е на кандида.
Цигари кутија на 3 дена, во фаза на откажување сум, луто не јадам, кисело исто, забите во ред се, немам некој оштар, ќе помине, па пак ќе се појави, 2 недели така...
Кева вика од стрес е, порано знаев по 10 од еднаш да фатам во такви стресни периоди, испаѓа од стрес дека се... :confused:
 
ќе ти помине само метиленското обавезно треба да се раствори со aqua redestilata(4-5 ампули за шишенце метиленско сино) оти може да те спржи.
од ова што го имаш измучкај и доста ц витамин да побрзо дигнеш имунитет за да се побрзо повлечат.
 
Член од
1 јуни 2013
Мислења
23
Поени од реакции
29
Доколку памтите за тоа за крвта после измет на брат ми што ве прашував сакам да ви кажам фала на советите што ми ги дававате... Му помина и тоа за 2 - 3 дена од кога му кажав не пиеше кафе, не седеше цело време тука се шеткараше на работа... Фала ви :)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Ми беше досадно пред некој ден, и ај реков да потрчам на онаа справа со лента за трчање. Прво се загревав малку на лентата со одење и малу по малу после 10-15 мин почнав да трчам нормално (џогинг). На справа покажуваше дека BMP (beats per minute - пулс) се движеше од 140-160 додека трчав. Нормално е да се има толку висок или? :D
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.247

Кога ќе престанеш да трчаш и се врати во гранците 60-100 за кратко време, нормално е (y)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Кога ќе престанеш да трчаш и се врати во гранците 60-100 за кратко време, нормално е (y)

Да да, кога престанував, т.е кога се враќав на темпото „нормално одење“ , пулсот ми паѓаше на 80-90.

Работата е што се уплашив затоа што левата рака почна малу да ми трне, и почнав да чувствувам мали болки кои доаѓаа некако од внатрешноста на левата рака.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.247
Да да, кога престанував, т.е кога се враќав на темпото „нормално одење“ , пулсот ми паѓаше на 80-90.

Работата е што се уплашив затоа што левата рака почна малу да ми трне, и почнав да чувствувам мали болки кои доаѓаа некако од внатрешноста на левата рака.
Не верувам да е нешто сериозно, но сепак ќе треба да си направиш едно ЕКГ
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Имам едно прашање: Пред 2 години се оперирав од хернија(кила) и сега понекогаш ме боли околу местото на операцијата. Дали тоа е нормално или треба да намалам со физичката актвност: фудбал и трчење?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Имам едно прашање: Пред 2 години се оперирав од хернија(кила) и сега понекогаш ме боли околу местото на операцијата. Дали тоа е нормално или треба да намалам со физичката актвност: фудбал и трчење?
Најпрво оди на лекар, бидејќи 2 години по операција не се малку, ако не намали физичка активност па види, но сепак тоа не ти е решение :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
posle 5-10 min igranje na fudbal osekam golema bolka podkolenata izmegju koskata i listot
http://www.exrx.net/Images/Muscles/SoleusLateral.gif mislam deka e ovaj musklus (soleus)
dali da se obratam na lekar ili moze da e samo od umor igram sekoj den i bolkata e se pogolema
Musculus soleus е главниот мускул на потколеницата, кој се грижи за нејзината подвижност. Одмарај деновиве, би требало да помине болката :)
 
T

Tamora

Гостин
Да не знај некој чаре за улкус (нешто како плускавица полна со гној) , ми се напрај пред години на листот од ногата и никако неќи да зарасти а не ми се оди на лекар некако :( кремче , маст некоја или нешто да препорачате
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Да не знај некој чаре за улкус (нешто како плускавица полна со гној) , ми се напрај пред години на листот од ногата и никако неќи да зарасти а не ми се оди на лекар некако :( кремче , маст некоја или нешто да препорачате

Како знаеш дека има гној? Го стискаш местово? За нешто што не зараснува треба да се иде на лекар, јас да те охрабрам да отидеш :)
Може да е келоид, они настануваат на површината на кожата со таложење на вишок од колаген.

Отиди на лекар де, мора стручно лице да го погледне местово :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom