Мене ми се допадна филмот, повеќе од што очекував. Ако веќе мора да го оценам би му дал седмица. Во последно време избегнувам долги филмови од шо изгледа таков ми е периодот, но филмов ми го задржа вниманието до крај и тоа му носи позитивни поени кај мене.
Како и сите, и мене првиот дел ми беше најдобар и имам чувство дека сценаристот/ режисерот се посветил убаво да го разработи, иако не планирал баш што ќе прави понатаму. Ликот на Лук уште од старт имаше трагична нота, лик кому животот едноставно му се случува, без никаков правец, Касандра-стил. Во сцената во црквата (феноменална сцена со феноменална глума на Гослинг) доживува катарза, сфаќа дека треба да живее за друг и светот му се менува скроз. Не само што Лук добива цел во животот, туку и филмот добива насока преку ова. Ограбувањето банки не е крими елемент што во некои други филмови би се искористил за динамика, туку начин да се покаже до каде може да оди еден човек со својата безусловна пожртвуваност. Сите тие сцени беа изведени совршено, без клише fuck yeah моменти и музика демек нешто јако се случува. И гледачот на филмот, и Лук знаеја дека тоа не чини и дека последиците можат да бидат катастрофални. Убиството на ликот на Гослинг ми беше неочекувано (не го прочитав спојлерот на форумов), но од друга страна логично бидејќи филмот не можеше да тера занимавајќи се како типот ограбува банки два ипол часа без да го фатат. Мислам, можеше, ама ќе беше досадно. Ова, непредвидлиоста ала Џорџ Мартин, е уште еден плус бидејќи е смел потег кој внесува динамика.
Потоа на ред дојде вториот дел. Ако темата на првиот дел беше родителството и како истото предизвикува промена кај еден човек, не знам која беше темата на вториот. Некако како малку да започнаа да објаснуваат што значи престрелката за Ејвери и како тој не може да спие навечер поради грижа на совест, ама изгледа брзо се откажаа од таа замисла. На сметка на тоа, филмот започна да замара за корупции, скандали и валкани цајкани. Во ред, да, убиството на Лук можеше да биде клучна работа, но не знаеме што тоа значеше за Ејвори. Дали и претходно тој бил чесен, дали и претходно имал амбиции да стане Обама, дали ако тоа не се случеше ќе му обрнеше повеќе внимание на син му и други прашања на кои не добивме одговор. Наместо тоа, филмот се претвори во борба против непрофесионализмот на полицијата, што ниту е нешто оригинално, а ниту интересно за некој кој претходно 50 минути гледал сосема друга работа. Премногу го затупеа со глупости, уцени, кокаини и одеднаш, од нигде-никаде ни кажуваат дека уствари Ејвори е болно амбициозен човек. Ем завршил правен факултет, ем скоро го положил правосудниот испит и сега сака да ја искористи поквареноста на колегите за сопствени политички цели. Не верувам дека тоа има врска со претходниот дел, или пак со Реј Лиота и компанија и затоа ова ми е излишно. Не знаев дали треба да навивам за неговата кариера, не знаев ни каде се движи приказната. Не ми беше ни битно. Друго нејасно беше зошто жена му цело време провртува очи и дома се однесува како да е на гости кај Волдер Фреј. Изгледа им беше во план да се посветат на брачната ситуација, ама баталија.
Третиот дел беше подобар бидејќи на некој начин се навратија на првиот. Ако некоја тема го обединува целиот филм, тоа е родителството и различните начини на кои еден човек може да биде родител. На темава читав за споредбите помеѓу Лук како татко и Ејвери како татко и се согласувам со мислењата, но филмот исто се обиде да направи споредба и помеѓу женскиот дел од родителите. Мајката изразена преку ликот на Ева Мендез беше споредена со мајката изразена преку жена му на Ејвери. Првата, иако принудена постојано да се бори во животот, претпоставувам недоволно финансиски ситуирана, правеше се` за да го заштити сопствениот син, но и да донесува одлуки кои се смели, но правилни. И самата не го познаваше доволно Лук, но имаше (мајчински) инстинкт да препознае дека тој може да биде значајна улога во животот на син и`. Ние знаевме дека тој ограбува банки, а таа не, но она кое таа го знаеше е дека човекот кој го запознала пред една година е способен да биде татко. Од друга страна ја имаш жената на Ејвери која не можеше да се знајде во целата ситуација, и брачна и родителска. Иако знеше дека син и` е проблематичен, сепак не беше доволно силна да донесува одлуки и да престане да му угодува на говедото. He'll go off the rails, but what can I do? Ејвори исто, преокупиран со политичките ангажмани, прво одби да го прими Џофри, за потоа да попушти и да дозволи работите да излезат од контрола. Разузданиот живот на богатите деца и немарливоста на богатите родители не е нешто ново за еден филм, но убаво беше што споредбата (родители vs. родители и деца vs. деца) во овој случај си дојде природно. Е сеа, ќе беше многу подобро ако не го тупеа со вториот дел од филмот и ако подобро беше разработен ликот на Купер, ама тоа е.
Значи, генерално, A Place Beyond the Pines (интересен наслов, шо уствари е преводот на името на градот, но исто и метафора) има бел бумбар и од мене. Филмот започнува одлично, потоа забегува и се обидува да живее на стара слава, за таму при крајот колку-толку пак да си го пронајде идентитетот. Покрај Гослинг, впечаток ми остави и Ева Мендез, а Купер одглуми како некој да го присилува да прикаже сериозна глума.