Штеф,прво смири страсти,форумот не е твој да посочуваш правила.Второ,моментално го злоупотрбувам брат ми,бан добив од Игор и сеуште не ми објасни зошто , оти ке требаше да добиеш и ти.Нејсе ,како и да е .Надал оти е слаб на трева последните две години само ти не знаеш или не сакаш да признаеш ,твој проблем, ама коректно е барем малку повеке објективност . Федерер е друго дваесе ,денес Сергеј одигра најдобар тенис во неговата кариера и за жал ,Федерер беше од другата страна.Можеби годините и ароганцијата (второто ке да е) не му дозволија да му парира на Сергеј и да му изврши поголем притисок па да му падне нивото на Сергеј ама тоа е.За Вимби , овој турнир неслучајно го добил епитетот неофицијално светско првенство и врв на гренд слемовите , затоа што најспремните победуваат ,импровизациите и дефанзивата не помагаат и има ,,изненадувања,, , а не како на РГ , девеесет посто однапред се се знае , историјата покажува. Но пак ,некој објективен ке се согласи , закоравените фанови тешко, а и разбирливо е , ама не негирајте го успехот на победникот. Кулирајте , барајте оправдувања во Хофа,неигранјето на трева пред Вимби(додуша пола од машките не играа на трева пред Вимби) ама остајте малку и сеир да факаат другите нефанови на Надал. Две години по ред иста приказна на Вимби за Надал не ке да е случајна или имате друго видување? Некој ги спомна бројките годинешни , да , на рејсот Надал е прв , ама споредено со ренкингот на турнирите , пата пата се со Новак ,ако се тргнат тие 250 турнирите кои што Новак не ги ни игра додуша.Доволно , ај да не се замараме со Надал на Вимби ,он е веке во Мадрид.Мое видување , Новак ке го освои Вимби , ако нема повреди (како што тргнало со предавањата упм).Мареј да се симне и кралицата на теренот нема шанси,ако и стигне до финале , Гулбис ке е изненадување ,само да го држи мозокот , да не забега.Бердих ке има мака со Брандс и мислам дека само Делпо може да го помачи Новак , под услов да му издржи механиката до средината на втората недела