Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Интересно како твоите тралалајки речиси никогаш не ги поткрепуваш со Божјото Слово, а мене ми велиш дека јас сум „мудрувал“, а ти си бил тој што „Богомудрувал“ :)
.
Не ми подметнувај „топки„, оти никаде немам напишано дека токму јас Богомудрувам, а точно е дека имам напишано дека Ти мудруваш, по својот ум.

За секој случај, прочитај ја книга прва, 11-та точка, насловена како „За тоа како Бога Го претставуваме како телесен„ од книгата „Точно изложување на православната вера„ од Св Јован Дамаскин, каде Дамаскин дава точно толкување на сите Божји однесувања, наведени токму во Светото Писмо, а не во некоја друга книга.

Во Црквата, одамна е јасна една работа: кога огревовен човек, кој е надвор од Црквата, се впушта во читање и толкување на Писмото, таквиот човек токлува низ призмата од својата огревеност а не преку својата очистеност и благодатната енергија од Духот Свет,. Кој ја дели таа енергија само во Црквата, а не на секој кој се допрел до Светото Писмо.

Бесконеното повикување на Светото Писмо и произволното додавање епитети за гневот Божји, демек гневот бил „свет„ и „праведен, не го прави Бога гневен и не го прави гневот Божји попрецизно опишан.
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 16:44 ---
Можеби тоа го велат православските „светии“, но не и Христовите светии..
Христовите Светии се православните Светии. Наведи ми еден Свет од протестантската ерес...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За секој случај, прочитај ја книга прва, 11-та точка, насловена како „За тоа како Бога Го претставуваме како телесен„ од книгата „Точно изложување на православната вера„ од Св Јован Дамаскин, каде Дамаскин дава точно толкување на сите Божји однесувања, наведени токму во Светото Писмо, а не во некоја друга книга.
Ја немам таа книга. Но ете, штом ти ја имаш, повели пиши ни тука како тој Јован Дамаскин преку Светото Писмо го толкува Божјиот гнев. Баш ме интересира на кои тоа цитати се повика за да покаже дека Бог не се гневи, дека немало гнев Божји во Христовиот страшен суд. Заситени сме од твоите тралалајќи. Ајде за промена напиши нешто аргументирано на темава, а не само улични негации од типот „абе немаш врска, ти не си од Црквата, тоа не е точно, ти своеглаво мудруваш хаха хихи“.

Бесконеното повикување на Светото Писмо и произволното додавање епитети за гневот Божји, демек гневот бил „свет„ и „праведен, не го прави Бога гневен и не го прави гневот Божји попрецизно опишан.

Во претходниот мој пост јас пишав неколку цитати, а можам да пишам и десет пати повеќе каде што јасно пишува дека Бог се гневи и дека при тоа убива луѓе, разурнува градови и донесува праведен суд врз неправедниците, безбожните, непокајаните. Ти цитирав и цело поглавје (Откровение 16, Библијата) за да ти покажам дека во страшниот Христов суд и те како се спомнува Божјиот гнев, наспроти твоето анти-библиско тврдење (демек од некакви „светии“) дека таму не се спомнувало гнев.
Не ти го оспорувам правото да си веруваш во таков нежен Бог што не се гневи. Само илузорно е да го поврзуваш тој бог со христијанскиот (библискиот) Бог.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ја немам таа книга. Но ете, штом ти ја имаш, повели пиши ни тука како тој Јован Дамаскин преку Светото Писмо го толкува Божјиот гнев. Баш ме интересира на кои тоа цитати се повика за да покаже дека Бог не се гневи, дека немало гнев Божји во Христовиот страшен суд. Заситени сме од твоите тралалајќи. Ајде за промена напиши нешто аргументирано на темава, а не само улични негации од типот „абе немаш врска, ти не си од Црквата, тоа не е точно, ти своеглаво мудруваш хаха хихи“.




Во претходниот мој пост јас пишав неколку цитати, а можам да пишам и десет пати повеќе каде што јасно пишува дека Бог се гневи и дека при тоа убива луѓе, разурнува градови и донесува праведен суд врз неправедниците, безбожните, непокајаните. Ти цитирав и цело поглавје (Откровение 16, Библијата) за да ти покажам дека во страшниот Христов суд и те како се спомнува Божјиот гнев, наспроти твоето анти-библиско тврдење (демек од некакви „светии“) дека таму не се спомнувало гнев.
Не ти го оспорувам правото да си веруваш во таков нежен Бог што не се гневи. Само илузорно е да го поврзуваш тој бог со христијанскиот (библискиот) Бог.
Дали се што бог создал, создал со промисла? Дали постои дел од неговата креација кој е непотребен, кој е создаден без цел, кој е штетен?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ја немам таа книга. Но ете, штом ти ја имаш, повели пиши ни тука како тој Јован Дамаскин преку Светото Писмо го толкува Божјиот гнев.
Веќе напишав: во однос на Бога, Св. Дамаскин Божјиот гнев го толкува како Божја одбојност кон порокот. Така, Бог ниту се гневи како човек, ниту се гневи со „свет„ гнев, ниту се гневи со „праведен„ гнев, како што самиот сакаш да ја извртиш прикаската за гневот Божји. Патем кажано, целата 11-та точка од првата книга го содржи толкувањето на сите манифестации/дела на волјата и енергијата Божја, кои се опишани со човечки речник, а кои се толкувани од Дамаскин онака како тоа на Бога Му доликува.

Од мојот денешен разговор со еден од моите парохиски свештеници, поимот „гнев Божји„ во однос на човекот, се објасува на следниот начи: ако човекот стори дело спротивно на Божјата волја, тоа дело повлекува и соодветна последица: зло дело предизвикува зла последица, во која (последица) нема непосредно Божјо учество, туку има човечко отстапување од волјата Божја, а воедно и човечко непримање на благодатта Божја. По исклучок, Бог интервенира и непосредно, чисто во воспитно-поправна улога, но и тоа Негово непосредно интервенирање, не се поистоветува со гневот човечки, туку онака како Му доликува на Бога и на Неговата волја.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 18:47 ---
Заситени сме од твоите тралалајќи..
„Заситени сте„? Ве има „многу„?

Да, и јас сум заситен од Твоите блаблалајки, каде своето мнение го поткрепуваш со „...библиски цитат..:„, небаре Библијата е дадена за да докажува ставови и мислења од субјектите кои ја читаат Библијата.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 18:53 ---
Во претходниот мој пост јас пишав неколку цитати, а можам да пишам и десет пати повеќе каде што јасно пишува дека Бог се гневи и дека при тоа убива луѓе, разурнува градови и донесува праведен суд врз неправедниците, безбожните, непокајаните. Ти цитирав и цело поглавје (Откровение 16, Библијата) за да ти покажам дека во страшниот Христов суд и те како се спомнува Божјиот гнев, наспроти твоето анти-библиско тврдење (демек од некакви „светии“) дека таму не се спомнувало гнев.
Не ти го оспорувам правото да си веруваш во таков нежен Бог што не се гневи. Само илузорно е да го поврзуваш тој бог со христијанскиот (библискиот) Бог.
Воопшто немам напишано дека поимот „Божји гнев„ не е запишан во посочените цитати, туку посочив дека гневот Божји ниту е гнев човечки, ниту е „свет„ гнев. ниту е „праведен„ гнев, како што самиот си изведуваш „заклучоци„.

Судот Христов пак, ќе биде и праведен и страшен: праведен затоа што Он ќе суди праведно, според верата и делата кои ќе ги покажат луѓето на Судот, а страшен ќе биде само за неправедниците, кои не Го прифатиле Христа и кои целиот свој живот го поминале во гревовно однесување.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Или едноставно кажано Бог ги сака сите луѓе не го сака гревот!
И секоја наша грешна постапка/дело Бог ни возвраќа не со казна/укор(гнев) туку со учење а тоа учење на нас ни доаѓа како пракса.
Тоа не е божји гнев и казна туку секоја пречка е Божјо поучување.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Или едноставно кажано Бог ги сака сите луѓе не го сака гревот!
И секоја наша грешна постапка/дело Бог ни возвраќа не со казна/укор(гнев) туку со учење а тоа учење на нас ни доаѓа како пракса.
Тоа не е божји гнев и казна туку секоја пречка е Божјо поучување.
Значи вечните маки во огненото езеро на пеколот за тебе се поучување?!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Веќе напишав: во однос на Бога, Св. Дамаскин Божјиот гнев го толкува како Божја одбојност кон порокот.
Абе ок, знам дека ти тоа го напиша, али јас не те прашувам тоа. Ти рече дека:

Дамаскин дава точно толкување на сите Божји однесувања, наведени токму во Светото Писмо, а не во некоја друга книга.
И затоа јас те замолувам да ни ги пишеш овде на форумов тие мистериозни цитати од Светото Писмо со кои што тој Јован Дамаскин го опишува Божјиот гнев поинаку од горните цитати кои јас ги постирав за Божјиот гнев.
Ајде за промена напиши нешто аргументирано, од твоите тралалајќи и квази-мудрувања и филозофирања ни е преку глава.

Воопшто немам напишано дека поимот „Божји гнев„ не е запишан во посочените цитати, туку посочив дека гневот Божји ниту е гнев човечки, ниту е „свет„ гнев. ниту е „праведен„ гнев, како што самиот си изведуваш „заклучоци„.
Никој не спомна дека Божјиот гнев е ист како човечкиот. Туку, сакаш да кажеш дека Божјиот гнев е несвет и неправеден? Оф мори мајко, во кој ли и во каков бог веруваш ти..

Судот Христов пак, ќе биде и праведен и страшен: праведен затоа што Он ќе суди праведно, според верата и делата кои ќе ги покажат луѓето на Судот, а страшен ќе биде само за неправедниците, кои не Го прифатиле Христа и кои целиот свој живот го поминале во гревовно однесување.

Бидејќи се свести дека се уплетка во неаргументираност и почнуваш да фаќаш кривини, ќе морам да те цитираш што велеше претходно:

Ако прочиташ што велат Светитие за Страшниот Суд Христов, ќе видиш дека тие никаде не споменуват гнев,

После оваа твоја изјава јас ти посочив дека Библијата вели нешто тотално спротивно од тие твои православски „светии“.
Ти посочив дека целото 16-то поглавје зборуваш за излавањето на седумте чаши на Божјиот гнев со кој што Бог и суди на Земјата.

„И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте гиседумте чаши на Божјиот гнев на земјата!” “ (Откровение 16:1, Библијата)

Прочитај го целото 16-то поглавје и ќе видиш за каков ГНЕВ Божји се зборува таму, каков што не си видел досега, ниту можеш да замислиш!
И ти упорно ќе ги затвориш очите на оваа Библиска Боговдахновена вистина и ќе ги впериш очите кон тие човечки мудрувања на твоите ткн. „светии“ кои ти велаш дека во Страшниот Христов Суд нема да има гнев?
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 23:36 ---
Или едноставно кажано Бог ги сака сите луѓе не го сака гревот!
И секоја наша грешна постапка/дело Бог ни возвраќа не со казна/укор(гнев) туку со учење а тоа учење на нас ни доаѓа како пракса.
Тоа не е божји гнев и казна туку секоја пречка е Божјо поучување.

Делумно е така. Бог ги сака сите луѓе, но го мрази гревот. Но бидејќи гревот не постои одвоен од човекот (во смисла на некоја посебна супстанца), за Бог да го уништи гревот, треба да го уништи човекот. Библискиот (христијанскиот) Бог особено се гневи кога некој ја знае вистината, а упорно ја игнорира и си тера по свое. Тогаш Бог може да му даде неколку воспитни лекции, па дури и укори (болест, сиромаштија, ќотек, некоја помала трагедија и сл) за да го освести, за да престане да греши и да оди по правиот пат, за да ја спаси неговата/нејзината душа.

„„Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.” Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува?“ (Евреите 12:7, Библијата)

Значи да, Бог е долготрпелив на гнев, но не е вечно трпелив. Бог се гневи врз грешниците, но не брза со казната. Упорно чека и ги превзема сите мерки за да го воспита човекот што греши. Но ако некој упорно и упорно продолжува да греши игнорирајќи ја вистината и Божјиот укор, ќе си отиде непокајан и на Христовиот суд ќе го прими Божјиот гнев врз себе, кој нема да биде од поучлив карактер, туку од уништувачки карактер. (Како што Бог пушти оган од небото врз Содом и ги изгоре сите грешници таму, како што ја поплави Земјата, како што ја удави војската на фараонот итн. Тоа е поука за нас, ама за нив не беше поука, туку примање на Божјиот јаросен и уништувачки гнев.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Библискиот (христијанскиот) Бог особено се гневи кога некој ја знае вистината, а упорно ја игнорира и си тера по свое.
Како на пример кога некој упорно игнорира прашање затоа што не му одговара одговорот?
Дали се што бог создал, создал со промисла? Дали постои дел од неговата креација кој е непотребен, кој е создаден без цел, кој е штетен?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Значи вечните маки во огненото езеро на пеколот за тебе се поучување?!
Не,
Човекот кога ќе умре веќе престанува да греши веќе душата е во рацете на Бог и сите предупредувања и часови се завршени и секој си го добива заслуженото според делата!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не,
Човекот кога ќе умре веќе престанува да греши веќе душата е во рацете на Бог и сите предупредувања и часови се завршени и секој си го добива заслуженото според делата!
А дали "заслуженото" не е последица од човечките особини кои бог му ги дал или допуштил на човекот?
 
W

Werther

Гостин
Не,
Човекот кога ќе умре веќе престанува да греши веќе душата е во рацете на Бог и сите предупредувања и часови се завршени и секој си го добива заслуженото според делата!

Oва многу глупаво делува, како жити секој човек си го довива заслуженото според делата ? Постои Divine Plan, зошто Бог ги суди сите, кога тој однапред се детерминирал ?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
А дали "заслуженото" не е последица од човечките особини кои бог му ги дал или допуштил на човекот?

Не му ги дал туку човекот сам си е одговорен за своите постапки сите се прешуштени сами на себе.
Бог го создаде човекот совршен како него додека злото/демонот не го наведе на грев
По гревот на Адам човекот е огреверен и смртен по тој грев за Бог да го уништи гревот треба да ја уништи и неговата лоза.
Oва многу глупаво делува, како жити секој човек си го довива заслуженото според делата ? Постои Divine Plan, зошто Бог ги суди сите, кога тој однапред се детерминирал ?
За Антихристијаните целото постоење е глупаво и нелогично а за Христијаните сте огреверени до гуша детерминирани за во огненото езеро.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не му ги дал туку човекот сам си е одговорен за своите постапки сите се прешуштени сами на себе.
Бог го создаде човекот совршен како него додека злото/демонот не го наведе на грев
По гревот на Адам човекот е огреверен и смртен по тој грев за Бог да го уништи гревот треба да ја уништи и неговата лоза.
1. Ако сите се препуштени сами на себе, по која логика се бара одговорност? Како не му ги дал, кога според вас творец на човекот е бог? Зошто допуштил да има човекот особини кои се непотребни?
2. Ако виновник за гревот бил демонот, зошто бог го создавал? И каква е таа семоќ, ако бог мора да уништува цели лози за да спречи нешто кое самиот тој го допуштил да се случи?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
1. Ако сите се препуштени сами на себе, по која логика се бара одговорност? Како не му ги дал, кога според вас творец на човекот е бог? Зошто допуштил да има човекот особини кои се непотребни?
Не одредил Бог дали ќе грешиш или нема да грешиш не допуштил особини кој се непотребни туку се наследени од гревот и непослушноста на Адам и исфрлањето од рајот за неисполнувањето на воњата божја и добивање на страстите и телесната смрт како казна и сето тоа резултат на самоволноста.


2. Ако виновник за гревот бил демонот, зошто бог го создавал? И каква е таа семоќ, ако бог мора да уништува цели лози за да спречи нешто кое самиот тој го допуштил да се случи?

Демонот не го создал туку сам се создал како непослушност и завидливост на совршенството на Бог тука повторно е самоволието.
Бог го покажува своето совршенство и не го уништува туку го исфрла од рајот заедно со човекот.Од тогаш тој како владател на земјата му се одмаздува на Бог преку човекот со наведување на грев.
Само Творецот ќе одлучи кога ќе го сопре тоа.[/quote]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom