Глеам погоре некоја тензија меѓу комити и Ф.А . Искрено ја пратам ситуацијата у двете групи, и морам да истакнам дека и у двете групи има влијание ВМРО, индиректно преку клубовите, бидејќи јавна тајна е дека сегашната власт ги направи вардар и мзт тоа што се моментално - шампиони у својот спорт. И банално е да се збори дека некој фрлал пари за трансови,капи,маици и слично. Ивица Коневски нормално дека ќе е миленик меѓу Ф.А бидејќи досега невидено се залагаше за клубот, а преку тоа индиректно и за целокупната македонска кошарка. И зошто да не му биде некој благодарен за тоа? без разлика дали е вмро или не. Немора некој да го гласа за да го почитува. Ја не сум гласал за никој, но сепак имам респект спрема него, дали ме тоа праи вмровец?
Иам идено и на Вардар и на мзт, и искрено не се замарам кој каде што како, едноставно си ги пратам клубовите (не нешто ептен хардкор, ама релативно често идам на утакмиците). И незнам дали има простор за расправа, незнам зашто така тензии меѓусебе.
Кој е појак, па добро бе уште ли тие филмови?? Кој имал подобри гостувања, кој имал поголема бројка, кој праел поголеми гостувања.
Реално, у македонија ретко се дешава(последните 6-7-8 години) да има повеќе од 1200 души на трибина и тоа на дерби. На обична утакмица има по 200,300,400 души и Комити и Ф.А,Чкембари,ЦПБ (било која навивачка група, вклучувајќи ги и шверцери и балисти) кога игра нивниот клуб.
И двете екипи имале смешни гостувања, да не вадам бројки сега(со 20ина навивачи). Така да излишно е да се споредуваат, кога секоја група има фејлови има океј страни и тн.
Македонија е мала земја, има многу мала навивачка сцена. Ретко кој иде на фудбал/кошарка од љубов према играта и клубот, од тоа што сака да го гледа клубот, туку поради адреналин,тепање, некои заради јачање, заради дружење,заебанции,национализам(што е и океј за мене) , да си помине убаво и ред други работи генерално НЕПОВРЗАНИ со спортот(тоа е случај со 90+ проценти). Ретко се дешава некој на трибина 90 мин (у фудбал) или 40 мин (у баскет) да ја гледа утакмицата, бидејќи реално немаме квалитет, и неможеш бе да очекуеш да собереш којзнае колкава бројка навијачи против х.турново,дрита или у баскет против кожув,лирија,струмица и незнам кои буквално аматерски екипи.
На пример Италијаниве(ултраси) не се нешто ептен вокално јаки, но не се таму заради имиџ,мода,курчење,тепање туку се таму заради клубот, затоа што сакаат да гледат фудбал.Чисто како за пример ги дадов.
Нигде на балканов нема да видиш секоја утакмица 2000/3000 души (освен некои, сега Ѕвезда бидејќи се бореше за титула после 100 години и освен грците и турците ако ги сметаме за балканци, или пак на најголемо дерби) бидејќи фудбалот нема никаков квалитет, скоро и да е мизерен, има криминал у самиот фудбал и самите (водачи на ) навивачките групи се секад контроверзни ради константната поврзаност со организираниот криминал(посебно у србија).
Што се однесува до аеродромци. Незнам, некои велат дека се вакви-онакви, сељаци, тренерка стил фурање. Но според мене, аеродромците за македонски услови се ДРЖАТ заедно, не се препоподелени, има некаква почит меѓу нив, за разлика од другите населби, секако има искључоци нели. Се организирани, се држат,го има она маалското. Можеби бидејќи ги сплотува една населба и клуб, но незнам. И баш поради тоа мислам дека таму албанци нема да има уште долго време. И како и да е, треба да се подучи нешто од тоа заедништво(за македонски услови) што го има меѓу помладите у аеродром.
Ете едно скромно мислењње од мене, поздрав!