- Член од
- 26 септември 2011
- Мислења
- 539
- Поени од реакции
- 2.371
12 години од офанзивата во Арачиново - раните се уште се свежи
22.06.2013 Македонија
Големи куќи и шарени фасади, ги заменија борбените тенкови и оклопни возила. Арачиново не е исто како во 2001 година кога беше едно од главните воени жаришта. Екипата на 24 Вести сепак денеска забележа потсетник на конфликтната 2001, се уште постојат неколку разурнати и напуштени живеалишта.
Атанас Јанев, Никола Пехчевски, Александар Стојчев и Оливер Китановски, се имињата на загинатите припадници на полицијата, кои покрај материјалните штети ќе не потсетуваат на она што се случуваше во Арачиново.
На одбележувањето на годишнината од офанзивата на македонските вооружени сили во обид да се заземе селото, се сеќава и тогашниот генерал на специјалната единица „Тигри“ Стојанче Ангелов.
„Борбата беше од блиску, се среќававме некаде на 20-30 метри, можеби некому ќе му изгледа блиску, но за жал така беше. Така бев и ранет некаде во овие куќи. Во македонските куќи, кога од многу кратко растојание бев погоден најверојатно со митролез или снајпер. Воедно онаа позиција каде бев ранет, беше и последна позиција на која дојдовме ние – припадниците на безбедносните сили“, раскажа Ангелов.
Со одлуката на државниот врв и претставниците на НАТО и ОБСЕ, да се евакуираат припадниците на ОНА и да се стави крај на опсадата на Арачиново, е нанесена голема неправда вели Ангелов. Според него, државата е немоќна а работите се излезени од контрола.
„Не се враќам често во Арачиново. Понекогаш кога одам за Куманово минувам преку Арачиново. Сум бил повеќе пати на местото на кое бев ранет, но за жал денес не можам да ги препознаам куќите во чиј што двор бев ранет, бидејќи навистина е местото многу променето. Се гледа целосна промена на изгледот. Во македонските куќи има една карактеристика, денес за жал може да видиме карактериситики кои не се карактериситични за македонските куќи“, вели Ангелов.
И по повеќе од една деценија, колку и сите да се залагаат за европска и мултиетничка Македонија, општиот впечаток е дека раните од војната се се уште свежи.