12 години од офанзивата во Арачиново

  • Креатор на темата Креатор на темата Igor Wolf
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
12 години од офанзивата во Арачиново - раните се уште се свежи

22.06.2013 Македонија
Големи куќи и шарени фасади, ги заменија борбените тенкови и оклопни возила. Арачиново не е исто како во 2001 година кога беше едно од главните воени жаришта. Екипата на 24 Вести сепак денеска забележа потсетник на конфликтната 2001, се уште постојат неколку разурнати и напуштени живеалишта.

Атанас Јанев, Никола Пехчевски, Александар Стојчев и Оливер Китановски, се имињата на загинатите припадници на полицијата, кои покрај материјалните штети ќе не потсетуваат на она што се случуваше во Арачиново.

На одбележувањето на годишнината од офанзивата на македонските вооружени сили во обид да се заземе селото, се сеќава и тогашниот генерал на специјалната единица „Тигри“ Стојанче Ангелов.

„Борбата беше од блиску, се среќававме некаде на 20-30 метри, можеби некому ќе му изгледа блиску, но за жал така беше. Така бев и ранет некаде во овие куќи. Во македонските куќи, кога од многу кратко растојание бев погоден најверојатно со митролез или снајпер. Воедно онаа позиција каде бев ранет, беше и последна позиција на која дојдовме ние – припадниците на безбедносните сили“, раскажа Ангелов.

Со одлуката на државниот врв и претставниците на НАТО и ОБСЕ, да се евакуираат припадниците на ОНА и да се стави крај на опсадата на Арачиново, е нанесена голема неправда вели Ангелов. Според него, државата е немоќна а работите се излезени од контрола.

„Не се враќам често во Арачиново. Понекогаш кога одам за Куманово минувам преку Арачиново. Сум бил повеќе пати на местото на кое бев ранет, но за жал денес не можам да ги препознаам куќите во чиј што двор бев ранет, бидејќи навистина е местото многу променето. Се гледа целосна промена на изгледот. Во македонските куќи има една карактеристика, денес за жал може да видиме карактериситики кои не се карактериситични за македонските куќи“, вели Ангелов.

И по повеќе од една деценија, колку и сите да се залагаат за европска и мултиетничка Македонија, општиот впечаток е дека раните од војната се се уште свежи.
 
само да се завршеше нападот готови беа и да не ги враќаа авионите и хеликоптерите од задача и плус веаа чаршави дека се предаваат ,и се облакаа у тоа нивните шамии и бегаа по планините
ама политичарите лапнаа парички ги пуштија со автобуси да заминат
 
Да имаа храброст да влезат во селото како што имаа за да уништат што повише куќи, можеби ќе влезеа.

Издејствуваниот прекин на огнот беше најдобрата опција, и покрај тоа што на УЧК не им се допаѓаше тоа.
 
Да имаа храброст да влезат во селото како што имаа за да уништат што повише куќи, можеби ќе влезеа.

Издејствуваниот прекин на огнот беше најдобрата опција, и покрај тоа што на УЧК не им се допаѓаше тоа.

ахахах не им се допаѓало Хавиер Солајна прати 6 авиона бомбардери у воздух да не бомбардираат ако не се повлечат од Арачиново ,лој еден скапан ти ке пишуваш ѓубре скапано жителите на Арачиново ви беа жив штит ,како да не уништат куќи кога у нив се криете и поцркавте у нив
 
Да имаа храброст да влезат во селото како што имаа за да уништат што повише куќи, можеби ќе влезеа.

Издејствуваниот прекин на огнот беше најдобрата опција, и покрај тоа што на УЧК не им се допаѓаше тоа.

сакаш да кажеш наште се исплашија, а на учките уште им се пукаше?? :eek:
 
Шо си посеавме тоа си жнееме.
Кога Аркан ги маваше од север ние наместо да ги исчистиме, си ги прибравме дома, па одзгора и пасоши им дадовме.

Во право е дарданиа, немавме храброст да се спротиставиме на НАТО.
Доколку не го прекиневме огнот ке завршевме како србија во 1999.

Албанците се поитри од нас.Нашите политичари се продадоа за ситни пари. Не изиграа албанците и политичарите, а сега можеме да јадеме бурек колку сакаме, никој нема да ги врати храбрите деца кои умреа ништо.
 
Мислам дека вакви националистички теми само ни го уништуваат соживотот. Ве молам вашите заостанати национализми оставете ги дома. Кајгана нека биде цветна градина во која сите прегрнати ќе го дочекаме утрото на новото време.
Еве денес на денот на таа битка, да си нацртаме сонценца на образите и да излеземе сите надвор.
 
379241_512697392110489_140818691_n.jpg
Aтанас Јанев (Струмица, ПЕП), 25 години, сопруга и син - никогаш не го запозна

163318_512697288777166_1712551039_n.jpg

Оливер Китановски (Велес, ЕСЗ), 21 година

65273_512697365443825_1251046668_n.jpg

Никола Пехчевски (Берово, ЕСЗ), 25 години, сопруга и ќерка која никогаш не ја запозна

285374_512697318777163_1370705459_n.jpg

Александар Стојчев (Скопје, ПЕП), 30 години, женет и едно дете

Сите ранети и починати на 23 јуни 2001 во Арачиново, Оливер Китановски починал после 5 дена во болница


pande7.png
Aбе Drndan комедијо една.Поздрави го Исцелителот :pos:

Screenshot_5.png
Drndan почитувани читатели е уште еден пример за толерирање провокации на Calimero crew, дури и на форумов.Барем нека го избришат копчето пријави, секако е бесцелно.

scann200.jpg

Нешто од Кумановски фронт
scann202.jpg



pande3.png
 
Drndan почитувани читатели е уште еден пример за толерирање провокации на Calimero crew, дури и на форумов.Барем нека го избришат копчето пријави, секако е бесцелно.

Не, не е. Види ги моите 15 опомени, сите се последица на пријави од Омер ел Фарук, Соул-оф-Спејс, Пуно...

Али затоа, поддржувачи на УЧК и убијци на деца наоѓаат големо разбирање кај модераторите.


:)
 
Издејствуваниот прекин на огнот беше најдобрата опција, и покрај тоа што на УЧК не им се допаѓаше тоа.
:pos:
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 19:40 ---
Не, не е. Види ги моите 15 опомени, сите се последица на пријави од Омер ел Фарук, Соул-оф-Спејс, Пуно...

Али затоа, поддржувачи на УЧК и убијци на деца наоѓаат големо разбирање кај модераторите.


:)

И ти си контрадикторен. Па ако такви ликови ти праат пријави, за кои добиваш негативни поени, тоа е сосема доволен показател дека си на прав пат.
 
Шо си посеавме тоа си жнееме.
Кога Аркан ги маваше од север ние наместо да ги исчистиме, си ги прибравме дома, па одзгора и пасоши им дадовме.

Во право е дарданиа, немавме храброст да се спротиставиме на НАТО.
Доколку не го прекиневме огнот ке завршевме како србија во 1999.

Албанците се поитри од нас.Нашите политичари се продадоа за ситни пари. Не изиграа албанците и политичарите, а сега можеме да јадеме бурек колку сакаме, никој нема да ги врати храбрите деца кои умреа ништо.

Ниеден аир да невиди од политичарите ни Бранко ни Грујо нит Љубчо све до 30 поколение дерман да невидат .
Од тој рат ми останаа само тешки трауми и неколку смрдливи признанија , затоа не верувајте многу во државата и системот се е труло скапано и продадено ....................................
 
Да имаа храброст да влезат во селото како што имаа за да уништат што повише куќи, можеби ќе влезеа.


А замисли, пак, да имаа храброст да земаат цивили за жив штит.

И јас не знам зошто воопшто коментирам. Си „изигравме“ фингирана војна, играта во позадина се изигра, сите ние тука изгубивме по некој/нешто, некои добија привидни привилегии и предности, а цената ќе си ја платиме пак сите, само уште не е дојдена сметката.
 
Битката во Арачиново е оружено судирање и борба помеѓу македонските безбредносни сили составени од АРМ и МВР и албанските терористи на ОНА во селотоАрачиново која се случила од 21 јуни 2001 до 25 јуни 2001 година[2]. Оваа битка помеѓу македонските безбедносни сили и албанските терористи се смета како најконтроверзна во целиот Воен конфликт во Македонија, 2001, бидејќи со вклучувањето на највисоките претставници на НАТО: Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Питер Фејт во запирањето на акцијата на македонските сили и извлекувањето на албанските терористи, се случил клучниот пресврт во воената криза кој значел дека таа понатаму ќе биде разрешена со политички средства и посредство на НАТО, наместо со воени средства.


На 21 јуни во 4:30 часот, македонските безбедносни сили ја започнале решителната офанзива за чистење на теренот од албанските екстремисти во селото, најпрвин била употребена артилеријата и за неполн час единиците на македонските безбедносни сили избиле пред Арачиново[2]. Во текот на ноќта во селото биле уфрлени дел од Шестиот одред и специјалната единица на МВР и тоа вдолж каналот од правецот на Сингелиќ, а еден тенковски вод ТТ-370 навлегол од Брњарци при што Арачиново било надвишено од северната страна[2]. Не очекувајќи напад од Брњарци и Сингелиќ, терористите не дале голем отпор, при што македонските сили навлегле во Арачиново се до гробиштата, а терористите се повлекле и отпочнале со засилување на одбраната кон новата џамија[2]. Нападот од источната страна (од правецот на Криви Дол) одел побавно, бидејќи месноста Бел Камен како добро организирана точка од терористите, на 1 км источно од првите куќи, упорно ја држеле. Меѓутоа со засилувањето на нападот од јужната страна отпорната точка била разбиена, вооружувањето заробено, а дел од терористите се извлекле кон Арачиново, оставајќи се од опремата[2]. Котата 354 била совладана во попладневните часови и за време на борбените дејствија во првиот ден, македонските безбедносни сили влегле во Арачиново од западната и северната страна, додека од јужната и источната страна се запрело пред селото бидејќи единиците имале таква задача, поради проценка дека е ризично со можност за сопствени загуби[2].
Следниот ден, двата борбени авиони "сухој" 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршиле првите извидувачки дејства над селото. Вториот ден нападот на македонските сили бил многу посилен и пожесток, тенковите ја совладале ТТ 354 и од источната страна влегле во селото Арачиново[2]. Од западната страна единиците веќе избиле до новата џамија, обрачот полека се повеќе се стеснувал, а терористите останале да го држат само централниот дел на селото[2]. Македонските сили брзо напредувале, нанесувајќи им големи штети на албанските бунтовници. Според генералот Панде Петровски, кој командувал со арачиновската операција, АРМ располагала со околу 18.468 војници со оклопни батаљони и професионални екипажи, 54 тенка, со 120-130 минофрлачи, 40 хаубици, 10 лесни ракетни лансери, 135 оклопни траспортери, хеликоптери „МИ-24“, „МИ-17“ и „МИ-8“ за воени дејства и доволно количество муниција за извршување на една завршна операција и целосно разбивање на ОНА[2]. Битката траела само три дена, откако албанските бунтовници, истакнувајќи бели знамиња, дале знак дека се предаваат[7]. Борбените дејствија траеле непрекинато се до 25 јуни во 13 часот, кога по наредба на врховниот командант и претседател Борис Трајковски, воените активности биле прекинати поради состанокот со високи лица од НАТО и ОБСЕ, со претходен контакт и договор со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.



--- надополнето: 22 јуни 2013 во 19:56 ---
Вечерта на 21 јуни 2001, после првиот ден на битката, на состанокот на државниот врв била прифатена идеата да се вклучи НАТО како посредник за да ги извлече терористите, а истовремено уште пожестоко да се продолжи со нападот. Ваквата одлука била прифатена бидејќи разбивањето и уништувањето на терористите било многу извесно и навистина немало потреба од натамошни жртви[2]. На 25 јуни 2001 на состанокот меѓу НГШ на АРМ Панде Петровски и тогашниот претседател Борис Трајковски, претседателот Трајковски го известил генерал Петровски дека генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја прифатил идејата за извлекувањето на терористите од нивна страна, при што му пренел да се прекине со акцијата на македонските сили бидејќи во Арачиново имало 30 луѓе на НАТО, за што ветил дека ќе даде список со нивните имиња[2].
 
На овој ден пред точно 12 години AТАНАС ЈАНЕВ, НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ и АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ, припадници на македонските вооружени сили, загинаа во офанзивата во Арачиново со цел да се заземе селото кое на 9 јуни 2001 година беше прогласено за слободна територија од страна на тогашната ОНА.
Тешко ранетиот ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ почина во болница шест дена подоцна.

Вие сте луѓе кои покажаа како се брани вистински една земја, знаејќи дека сте со пола нога влезени во гроб, знаејќи дека смртта ви дише во врат, тргнавте со една цел да ја браните земјата од непријателот.
И денес за жал вашите дела се заменети со други.
Љубовта кон татковината денеска се искажува преку ТВ и микрофон...
Но не застануваме тука, во Македонија сеуште дишат луѓе како вас кои ќе застанат на вашето место во секој момент...

Да се брани татковина е ЧЕСТ! ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР ЈУНАЦИ!


431794_384887138296074_1626169856_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom