Прашање за Христијанството III

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас сум убеден дека Откровението е Божја објава, така што сум силно убеден дека тоа ќе се случи, баш како што пишува таму.
Вака, ако Библијата е Божја објава, тогаш таа мора да биде вистинита. Ако е вистинита, тогаш предвидувањата за иднината мора да се остварат. Ако е така, тогаш Бог веќе има 100% извесно сознание дека ќе се остварат. Ако има такво сознание, тој ја знае иднината. Ако ја знае иднината, таа веќе се има случено. Ако се има случено, тогаш нема слободна воља.

Во право сум, или сум во право? :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Ако иднината се има случено, тогаш таа нема да се вика иднина, туку минато, бидејќи зборот „минато“ токму тоа значи: минат настан, настан што веќе се случил, што поминал.
Понатаму, во Откровението не се запишани одлуките на луѓето, не се запишани ни имињата на тие што ќе се покајат од гревот, ниту на оние кои ќе останат непокајани. Во Откровението не се опишани сите детали, бидејќи како што кажав, Бог не предодредил се. Тоа не значи дека Бог не знае како некој ќе одлучи. Па дури и еден врвен шахист (обичен човек) може да ти предвиди голем број од потезите у една партија, а ако играш неколку партии со него, потоа може и пола потези да ти ги предвиди. Денес постојат експерти кои можат да предвидат како и кога одредени акции ќе растат, а други ќе опаѓаат, колкава ќе биде цената на нафтата следната година, можат да предвидат како развојот на социјалните мрежи ќе влијае на трговијата, на туризмот, на понашањето на младите, можат да предвидат економски кризи, војни итн. Значи збориме за обични луѓе со малку повисока интелигенција од просечните, а камо ли Бог кој е многу неспоредливо попаметен од нас и кој уште подлабоко не познава, зар тој да не може да предвиди? Зар тој да не може да ја исполни својата воља и да воведе праведност онака како што Тој наумил?
Мислиш дека ценатата „слободна воља“ на нивното височество грешниците ќе го спречи да ја исполни Неговата воља на начин како што Тој си зацртал?

Сакам да кажам дека настаните опишани во Откровението ќе се исполнат до детал без разлика дали ние утре ќе одлучиме да купиме шпагети од Рамстор или од КАМ маркет, без разлика дали ќе одлучиме да силуваме некоја девојка или ќе му однесеме геврек на некој у болница, без разлика дали ќе се покаеме или ќе фрламе камења по Бог.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако иднината се има случено, тогаш таа нема да се вика иднина, туку минато, бидејќи зборот „минато“ токму тоа значи: минат настан, настан што веќе се случил, што поминал.
Нема така лесно ова да ти помине. Затоа и те прашав дали се согласуваш со таа дефиницијата за нетемпоралноста на Бог. Она што ние го доживуваме како време, односно минато, сегашност и иднина, за Бог е ништо. Тој е семоќен, ја има иднината заедно со сегашноста и минатото. (инаку изразот временски екстази е позајмен од филозофијата на Хајдегер)

Затоа и тој тврди дека настаните опишани во Откровението ќе се случат така како што се опишани. Предвидувањата на Бог ја имаат извесноста на научните докази, а не пробабилноста на предвидувањата на баба Ванѓа. Оваа извесност доаѓа токму од неговата нетемпоралност.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ништо.
Па не мислам дека незадоволството мроа да биде производ на немоќ. Бог се гневи на гревот, на неправдата, на злосторството, на прељубодејството, на идолопоклонството итн. Тоа е праведен и свет гнев кој е производ на Божјата светост и правда. Божјиот гнев е атрибут на Бог исто колку што е и љубовта, правдата, милоста итн.
Дали се што бог создал, создал со промисла? Дали постои дел од неговата креација кој е непотребен, кој е создаден без цел, кој е штетен?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е праведен и свет гнев кој е производ на Божјата светост и правда. .
„Праведен и свет гнев„?
Хммм, ова е заклучок „а ла Тома„ и „а ла Лутер„...

Тоа значи дека Бог стекнал човечки особини...некој чуден бог е тоа.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нема така лесно ова да ти помине. Затоа и те прашав дали се согласуваш со таа дефиницијата за нетемпоралноста на Бог. Она што ние го доживуваме како време, односно минато, сегашност и иднина, за Бог е ништо. Тој е семоќен, ја има иднината заедно со сегашноста и минатото. (инаку изразот временски екстази е позајмен од филозофијата на Хајдегер)
Знам дека затоа ме праша. Затоа и јас ти одговорив дека во целост не се согласувам и дека има многу работи што таму не ми се јасни што писателот мислел со тоа што го напишал.

Затоа и тој тврди дека настаните опишани во Откровението ќе се случат така како што се опишани. Предвидувањата на Бог ја имаат извесноста на научните докази, а не пробабилноста на предвидувањата на баба Ванѓа. Оваа извесност доаѓа токму од неговата нетемпоралност.

Некои филозофи кои што мислат дека можат да го сместат Бог во математичка равенка или во епрувета да ги тестираат Неговите својства можат се и сешто да тврдат и тоа со високо-филозофски зборови. Бог никаде не вели дека Неговото познавање на иднината доаѓа од Неговата нетемпоралност. Бог никаде не вели дека ги предодредил одлуките на луѓето. Напротив, како што ти посочив погоре со пример, а можам да ти наведам и многу други примери каде што Бог јасно кажува дека човекот има слободна воља, дека може да избере да не згреши, да биде послушен итн.

Концептот или своето сознание/размислување за Бог луѓето најчесто го добиваат (или велат дека го добиле) на три начини.

1. Преку разумот. Тие размнислуваат каков би можел, а каков не би можел да е Бог.
2. Од искуството. Луѓе тврдат дека на овој или оној начин го искусиле Бог во нивните животи. Многу е тешко да го негираш нечие лично искуство, макар тоа било и само емотивно.
3. Преку убеденоста во некоја објава која личноста ја смета за Божја.

Се разбира понекогаш е и комбинација од 2 или од сите 3. Во христијанството христијаните го добиваат сознанието за Бог преку Неговата објава која е укоричена во страниците на Библијата. Вистинскиот убеден христијанин е разумно убеден дека Библијата е вистинска Божја објава, а исто така ја има таа вистина искусено во својот личен живот. Па така зрелиот христијанин го осознава Бог преку сите три горе наведени точки, но ја темели својата вера во Библијата, понизно сфаќајќи дека неговиот разум е ограничен, а неговото искуство субјективно.
Најголема објава за Бог за христијаниниот е Исус Христос чие учење и дела биле сведочени и запишани од искрени сведоци.
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 02:43 ---
„Праведен и свет гнев„?
Хммм, ова е заклучок „а ла Тома„ и „а ла Лутер„...

Тоа значи дека Бог стекнал човечки особини...некој чуден бог е тоа.

Не, туку тоа значи дека човекот стекнал Божји особини, затоа што Бог е Тој што го создал човекот, а не човекот Бог.
Ако човекот направи робот што зборува течно (исто како човекот), дали тоа ќе значи дека човекот има роботски особини (затоа зборува исто како роботот) или пак дека роботот има човечки особини?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не, туку тоа значи дека човекот стекнал Божји особини, затоа што Бог е Тој што го создал човекот, а не човекот Бог.
Ако човекот направи робот што зборува течно (исто како човекот), дали тоа ќе значи дека човекот има роботски особини (затоа зборува исто како роботот) или пак дека роботот има човечки особини?
Чорба,
не си ги оправдувај Твоиве блаблалајки, у стилот „а ла Тома„.

Значи, претпоставка: Бог Е Свет, Бог Е праведен.
„Заклучок„, гневот Божји е свет, гневот Божји е праведен...

Причам ти причу...

За разлика од Твоево мудрување околу гневот Божи, кое не можеш да го поткрепиш со „...библиски цитат...„, па почнуваш своеглаво и „логички„ да изведуваш „заклучоци„ дека Божјиот гнев бил „свет„ и „праведен„, (исто како што не можеш со „..библиски цитат...„ да ги објасниш поимите „образ/лик„ и „подобие„), Св. Дамаскин вели дека гневот Божји воопшто не е гнев како што тоа го чини човекот, туку под поимот „гнев„ се подразбира Божјата одбојност кон гревот, кој е туѓ на Божјата природа.

Така, ако Бог навистина се гневи, тоа значи дека Бог стекнал човечка особина, која е последица од падот човеков во однос на Бога.Човекот е тој кој се гневи, поради злото во себе.

Бог не се гневи како човекот: Бог ниту „доцни„, Бог ниту „дреме„, Бог ниту „чекори„, туку тоа се описи со кои ги разбираме Божјото однесување, прилагодени на човековата природа.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Чорба,
не си ги оправдувај Твоиве блаблалајки, у стилот „а ла Тома„.

Значи, претпоставка: Бог Е Свет, Бог Е праведен.
„Заклучок„, гневот Божји е свет, гневот Божји е праведен...

Причам ти причу...

За разлика од Твоево мудрување околу гневот Божи, кое не можеш да го поткрепиш со „...библиски цитат...„, па почнуваш своеглаво и „логички„ да изведуваш „заклучоци„ дека Божјиот гнев бил „свет„ и „праведен„, (исто како што не можеш со „..библиски цитат...„ да ги објасниш поимите „образ/лик„ и „подобие„), Св. Дамаскин вели дека гневот Божји воопшто не е гнев како што тоа го чини човекот, туку под поимот „гнев„ се подразбира Божјата одбојност кон гревот, кој е туѓ на Божјата природа.

Така, ако Бог навистина се гневи, тоа значи дека Бог стекнал човечка особина, која е последица од падот човеков во однос на Бога.Човекот е тој кој се гневи, поради злото во себе.Бог не се гневи како човекот: Бог ниту „доцни„, Бог ниту „дреме„, Бог ниту „чекори„, туку тоа се описи со кои ги разбираме Божјото однесување, прилагодени на човековата природа.
А Мики тогаш би можело да е точно ова второво дека поради падот на човекот Бог се гневи врз гревот и неисправното живеење на луѓето.
Дали може и библијата да го докаже тоа како Исус Христос ги растерува трговците од храмот.
Тогаш што е тоа не е гнев?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За разлика од Твоево мудрување околу гневот Божи, кое не можеш да го поткрепиш со „...библиски цитат...„, па почнуваш своеглаво и „логички„ да изведуваш „заклучоци„ дека Божјиот гнев бил „свет„ и „праведен„
Тоа не е мое мудрување, ниту е своеглаво. А логички е да, бидејќи христијанството е логична вера, за разлика од православизмот кој е нелогичен и контрадикторен опиум за народите.

Зброот „свет“ буквално значи одвоен за посебна намена, одвоен од грев. Таков е Божјиот гнев, кој не е дело на грешен човек, не е дело на завист каков што беше Каиновиот гнев, ниту е гнев предизвикан од омразата на праведен човек каков што беше гневот на фарисеите кон Исус Христос, туку Божјиот гнев е гнев кон неправдата, гнев кон гревот, кон непокајаните безбожници особено кон оние кои ја знаат вистината за Бог, а сепак ја игнорираат, ја поттиснуваат и живеат безбожно, затоа што така им одговара за да си го живеат својот неправеден и грешен живот во темнината на својот грев.

„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат (поттиснуваат) вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.“ (Римјаните 1:18-20, Библијата)

„Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;“ (Исус Христис, ев. Јован 3:19-20, Библијата)

Од друга страна, човечкиот гнев може да биде и праведен и неправеден. Човек може праведно да се гневи, а може и неправедно да се гневи. Се разбира, најчесто е неправеден заради огревовената природа на човекот. Човекот може и заради праведна причина да чувствува гнев, а сепак неправедно да го истури својот гнев. Но Божјиот гнев е праведен затоа што Бог праведно ќе ги осуди непокајаните грешници и безбожници, секому според делата како што заслужува.

„И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец“ (1 Петрово 1;17, Библијата)

„Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,“ (Римјаните 2:5, Библијата)

„Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”“ (Римјаните 12:9, Библијата)

Апостол Павле ги советува христијаните во Рим да не се одмаздуваат, туку да му ја предадат одмаздата на Божјиот гнев, затоа што Божјиот гнев е праведен и само Бог може праведно да се одмазди.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа не е мое мудрување, ниту е своеглаво. А логички е да, бидејќи христијанството е логична вера,
Што мислиш за учењето за предестинацијата? Дали мислиш дека е логично?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што мислиш за учењето за предестинацијата? Дали мислиш дека е логично?

Има повеќе форми/верзии на тоа учење. Мене целосната и детална предодреденост не ми е ниту логична, ниту библиска.

Туку Ставрогрин, ќе ме извиниш мора да брзам накај работа, а и викендов тешко ќе бидам достапен на нет. Имај убав викенд и се читаме следна недела. Поздрав!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А Мики тогаш би можело да е точно ова второво дека поради падот на човекот Бог се гневи врз гревот и неисправното живеење на луѓето.
Дали може и библијата да го докаже тоа како Исус Христос ги растерува трговците од храмот.
Тогаш што е тоа не е гнев?
mountain,

Бог (Отец и Син и Свет Дух) Е дух и нема човечки особини кои се последица од падот Адамов, а Синот Божји пак, отелотворувајќи се преку човекот Исус, стана и Богочовек, односно еден лик, со двојна природа (Божествена и човечка) и две волји (Божествена и човечка), така да Христовата реакција кон оние евреи кои храмот го претворија во пазар е Богочовечка. Гневот кон пазарџиите е искажан од Христос со причина, но не и од Отецот и Духот Свет.

Ако ги погледнеш евангелијата, ќе увидиш дека Христос ја искажува својата двојна природа и волја повеќепати. Христос Е и Бог и човек, а Он Е човек во сите човекови особини, освен во гревот.
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 23:06 ---
. А логички е да, бидејќи христијанството е логична вера, за разлика од православизмот кој е нелогичен и контрадикторен опиум за народите.
.
Да беше логички, до сега сите философи ќе беа верници и наместо да мудруваат по својот ум, ќе Богомудруваа за вистинскиот Бог.

Протестантизмот пак, на народот може да му даде само бесплатен примерок од Светото Писмо, платен од своите ментори, а народот да си остане без Христа.
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 23:10 ---
Зброот „свет“ буквално значи одвоен за посебна намена, одвоен од грев.
Пак мудруваш...

Зборот „свет„ кога се однесува на свет човек, значи „сличен на Христа„. Светиите ја постигнуваат својата светост преку побожен живот, при што со дела ја покажуваат својата сличност со Христа Бога, а не дека некој нив ги одвоил од некоја причина и потреба...Црквата не познава живи Светители, туку светоста им се одредува после телесната смрт. Патем кажано, ни Светиите не се без гревови.

Зборот „свет„, кога се однесува на Бога, означува: непоседување грев и поседување се‘знајност.

--- надополнето: 21 јуни 2013 во 23:12 ---
Т
„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат (поттиснуваат) вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.“ (Римјаните 1:18-20, Библијата)

„Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;“ (Исус Христис, ев. Јован 3:19-20, Библијата)

.
...и нормално, следи серија од незибежните „...библиски цитати...„, кои сами по себе зборуваат нешто друго...
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 23:17 ---
. Но Божјиот гнев е праведен затоа што Бог праведно ќе ги осуди непокајаните грешници и безбожници, секому според делата како што заслужува.

--- надополнето: 21 јуни 2013 во 23:19 ---
„И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец“ (1 Петрово 1;17, Библијата)

„Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,“ (Римјаните 2:5, Библијата)

„Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”“ (Римјаните 12:9, Библијата)
..и пак серија од „..библиски цитати...„.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
жува.

„И кога Го наречувате Татко Оној, Кој не гледајќи кој е кој, го суди според делата секој поединец“ (1 Петрово 1;17, Библијата)

„Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,“ (Римјаните 2:5, Библијата)

„Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.”“ (Римјаните 12:9, Библијата)
.
Ако прочиташ што велат Светитие за Страшниот Суд Христов, ќе видиш дека тие никаде не споменуват гнев, туку просто одвојување на праведните од неправедните. Наградата или казната самите си ја навлекуваме уште во овој живот, живеејќи според Бога или според својот ум. На Судот, Христос ќе даде конечно одредиште. Рај или пекол.

Веќе напишав. Бог не поседува гневовна особина, туку одбојност кон гревот. Човекот пак, поседува склоност кон гревот од каде и произлегува човековиот гнев.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
...и нормално, следи серија од незибежните „...библиски цитати...„, кои сами по себе зборуваат нешто друго...
Не зборуваат „нешто друго“, туку го зборуваат баш тоа што ти го велам, зборуваат за „Божјиот гнев“ и намерно и ти го подвлеков тоа со здебелени букви, зашто знаев дека ќе се праиш наудрен и ќе премижиш низ тие стихови, како и обично што правиш кога не ти одговара Божјиот Збор согласно твоите православски догми.

Интересно како твоите тралалајки речиси никогаш не ги поткрепуваш со Божјото Слово, а мене ми велиш дека јас сум „мудрувал“, а ти си бил тој што „Богомудрувал“ :)

Ако прочиташ што велат Светитие за Страшниот Суд Христов, ќе видиш дека тие никаде не споменуват гнев,
Можеби тоа го велат православските „светии“, но не и Христовите светии. Очигледно твоите „светии“ или не ја прочитале последната библиска книга - Откровението на Христовиот апостол Јован, или пак своите човечки мудрувања ги ставиле над Божјата објава и ја потиснале вистината објавена од Бог.

За Божјиот гнев се збори на долго и широко и тоа најмногу баш кога се збори за Страшниот Христов Суд. Иди купи си Библија и отвори го 16-тото поглавје од Откровението и ќе можеш да прочиташ за седумте чаши на Божјиот гнев. Бидејќи веројатно немаш Библија при рака, бујрум читај за Божјиот гнев:

„„И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте ги седумте чаши на Божјиот гнев на земјата!” И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговата икона. И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето. И третиот ја излеа својата чаша во реките и во водните извори: и тие станаа крв. И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си бил, зашто пресуди така; зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, и крв им даде да пијат, тоа го заслужуваат!” И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сèмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!” И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги жари луѓето со оган. И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава. И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на Ѕверот и царството му се помрачи и ги гризеа своите јазици од мака. И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела. И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето...И седмиот ја излеа својата чаша во воздухот: и од храмот излезе силен глас, од престолот, велејќи: „Се заврши!” И настанаа молњи и гласови и громови, и настана голем земјотрес, каков што никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен. И големиот град се раздели на три дела, и градовите на народите паднаа. И големиот Вавилон се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со виното на Неговиот јаростен гнев. И сите острови побегнаа, и горите веќе не се наоѓаа. И голем град - тежок колку еден талант, падна од небото на луѓето, а луѓето Го похулија Бога, заради ова зло (беда, трагедија) од градот, зашто неговото зло беше многу големо.“
(Откровение 16, Библијата)

Веќе напишав. Бог не поседува гневовна особина,
Сакаш уште цитати од Библијата каде што се спомнува Божјиот гнев? Бујрум:

„И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето (Исус), зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”“ (Откровение 6:15-17, Библијата)

„Сега, откако сме оправдани во Неговата (Христовата) крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.“ (Римјаните 5:9, Библијата)

Еве ти неколку и од стариот завет, да не речеш Бог само во Новиот Завет се гневи :)

„Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите.“ (Наум 1:2, Библијата)

„Господ Бог зборува вака: „Плесни со рацете и тропни со нозете и речи: ‘Леле! заради сите гнасни злодела Израелевиот дом ќе падне од меч, од глад и од помор! Кој ќе биде далеку, ќе умре од помор; кој ќе биде близу, ќе падне од меч, и кој ќе биде опколен ќе издивне од глад! Така ќе го излеам гневот врз нив, и ќе сознаат дека Јас Сум Господ,“ (Езекиел 6:11-13, Библијата)

Итн. Оди на www.mkbible.net и напиши „гнев“, а потоа „гневот“ и ќе видиш над 300 стихови во Библијата во кои повеќе се зборува за Божјиот гнев, отколку за човечкиот гнев. А ти и понатаму слушај си ги твоите православски „светии“ кои ти ги скокоткаат ушите дека дека Бог не поседува гневовна особина и дека во страшниот Христов суд не се спомнува гнев.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom