Нереди во Бразил

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги оправдувате протестите во Бразил?

  • Да

    Гласови: 32 71,1%
  • Не

    Гласови: 5 11,1%
  • Незнам

    Гласови: 8 17,8%

  • Вкупно гласачи
    45

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Бразил гори: Не сакаме СП и ОИ, ни треба подобар живот!
Еден демонстрант загина кога автомобил налета на масата демонстранти затоа што возачот бил лут затоа што не можел да вози на улицата
Во Бразил е тотален хаос. Повеќе од милион луѓе се на улиците, протестираат против владејачката гарнитура,а причина беше Купот на конфедерации, фудбалски турнир кој е увертира на двете најважни спортски случувања на светот кои Бразил ги организира во следните три години- Светското првенство догодина и Олимписките игри во 2016 во Рио Де Жанеиро.
-Поради што се буниме? Подобро да ме прашавте зошто не се буниме. Ни треба политичка реформа, промени на даночниот состав, односно да се стави крај на корупцијата. Сакаме подобро училиште и не сме во позиција да трошиме пари на фудбал- вели 29 годишната демонстрантка.
Демонстрантите протестираат низ градот а десетина полицајци пукаат во нив. Изгледа како да се на стрелање. Во Сао Паоло почина 18 годишен студент, а во Бразил демонстрантите се обидоа да влезат во Министерството за надворешни работи. Во Рио Де Жанеиро повредени се најмалку 40 лица. Мирисот на солзавец се шири во повеќе од 80 градови.
Протестите започнаа поради поскапувањето на цените на јавниот превоз.

Протестите за скапиот јавен превоз во Бразил се претвориле во нереди во неколку градови во земјата која во 2014-тата година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, но и на Олимписките игри во 2016-тата година.
Пред почетокот на натпреварот помеѓу Италија и Мексико во рамките на Купот на Конфедерации, кое е еден вид на "загревање" пред СП во фудбал, повеќе илјадници демонстранти имале конфликт со полицијата.

До конфликтот дошло во близина на реновираниот стадион "Маракана" во Рио де Жанеиро, а полицијата користела солзавец и гумени куршуми против демонстрантите. Седуммина биле приведени, а повеќе лица биле повредени.

Пред стадионот се собрале повеќе од 500 млади луѓе кои се противат на високите трошоци за одржување на фудбалските турнири во време на недостаток на средства за јавни услуги.

"Ова се мирни демонстрации, само доволно трпеливите одат напред. Нема насилство, нема престапи, нема маски", изјавил Адолфо Таварес, 28-годишен студент.

Откако демонстрантите вооружени само со транспаренти биле нападнати од бразилската полиција, следеле двочасовни преговори во кои учествувале и новинари.

Најголеми нереди биле забележани во Сао Паоло, каде биле уапсени 19 лица, а десеттина биле повредени. Сведоците и медиумите изјавиле дека полицијата користела гумени куршуми, а демонстрантите давале пасивен отпор.

Властите наредиле да се спроведе истрага за евентуалното "преминување на овластувањата", кои ги осудил и министерот за правда. Сепак тој не пропуштил да го критикува и вандализмот на демонстрантите.

Нови демонстрации се очекуваат и денес во 23 градови во Бразил, тврдат лидерите на протестите.



21062013174323_brazil protesti3.jpgprotesti-vo-brazil-01.jpgprotesti-vo-brazil-02.jpgprotesti-vo-brazil-03.jpgprotesti-vo-brazil-04.jpg
 
Сите нешто протестираат се бунат не чини ,прво Турција после комшииве ( Бугарија ) сега Бразил само на нас све ни е рамно .Он топик имаат право што протестираат има луѓе што немаат леб да јадат , и така на светот му докажале многу пати дека се најдобри во фудбал .
 
Иако Бразил е доста голема земја со околу 192 милиони жители се доста сиромашни луѓето кои живеат во Бразил.

Протестите ги оправдувам бидејќи доста многу владее корумпираноста во Бразил исто така и немаштијата а власта се замара со фудбал и олимписките игри додека луѓето во Бразил што се вика гладуваат за леб можеби не се до тој степен, но секако после сите овие настани кои ги организира власта во Бразил доста ќе се одрази на луѓето кои живеат во Бразил.
 
Како да не ги оправдувам, повеќе од 1 милион луѓе протестираат, сиромаштија владее низ цела држава, немаат леб да јадат голем процент, живеат во беда. А, државата во рок од 4 години организира 3 огромни спортски настани(Купот на конфедерации сега, СП 2014 и ОИ 2016).
 
Нека го освојат купов на конфедерацииве, и се ќе се среди

„Излези бразилче право на тераса, па поздрави ја цела местизо раса“
 
Парите на народот ли ќе му ги дадат ?

Ај вуд радер шут мај селф ин д хед, megjutoa aj.

Не бре, на Хулк и пенЅија ќе му дадат, ке го прими оваа претседателкава со бугарско потекло, ке се изнасликаат, ке му даде доживотна пенѕија, па тамошниот приватен факултет за општествени науки ке му даде почесна диплома; ке го пречекаат во Бело Хоризонте во автобус на два спрата, и сите хепи, ко да им дале пари на сите.

Постои правило: парите кои се дадени на нашите херои кои го оставија срцето на терен, се и наши пари! Не можеме да купиме маргарин и леб од 16 денари, ама не е се во ... парите.

Житие по лоботомираниот Македонец 16:1
 
Сакам да им се заблагодарам на Хуго Вивинг, продуцентите, сценаристите и режисерот на V for Vendetta како и на цртачот на стрипот, што им дадоа еден симбол и идеја на протестантите ширум светот.
gal84422856-jpg.66600
Behind this mask there is an idea Mr.Creedy... and ideas are bulletproof!
 
Ова е ништо за оваква голема држава. Да се тера ваков отпор кај нас ќе биде изненадување. Ам Бразил држава од 200 милиони жители со тој стандард мизерен е мала работа... Да излезат во сите 200 градови по олку жители владата нема да има механизам да ги спречи нередите..
 
Да незнајш за кој повеќе да ти е криво. Дали за тие што протестираат или за полицијата. Кукли што висат на конец додека некој од горе си игра со нив. Ах да беа паметни луѓето во полицијата/војската и да се свртеа сите против кривците ( читај - ПОЛИТИЧАРИТЕ ). Една жртва немаше да има ( секако политичарите не ги рачунам за луѓе. Стока гнасна. )
Р.Ѕ. Тој што е неутрален е од страната на негативците.
 
Бразил е тешка беда. Имав прилика да се сретнам и да бидам неколку дена во друштво на еден бразилец од Рио и баш праевме муабет како е животот таму, платите, колку идат проститутките:pos: итн.

Кажуваше дека е тешка беда и криминалот е на највисок можен степен. Уопште не е безбеден градот.

Се поголем број на случаеви на киднапирање биле пријавувани. Начинот на киднапирање е таков што те пикаат у кола и те носат у банката кај што имаш пари за да ги извадиш и да ги дадеш. Така да уопште не ме чуди ова.
 
тоа е арапите го уништија фудбалод 40 м за хулк нејмар нешто без врска не играле 1 утакмица во лш од кај таа ценаа и овие бразилците бараат по 50 м за играч, затоа ја викам Кавани да го купат играл лш дава голови кај да игра и репрезентација со дрва што се повеке ама тоа е


Црнци у Паризу, шта си се то напричао, Бог те јебо ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom