Одавна не сум пишал нешто онака со желба и подолго ... ете видеово ме крена!
За прв пат после генерацијата на непобедливите осеќам дека сме многу влиску до Untouchables 2! Имам големи проблеми со варењето на А.В. последниве 4 години но конечно летово мислам дека е мноооо ... гу блиску до оформување на новата непобедлива генерација. Лани ли беше или преклани тука на форумов пишав дека на Арсенал му фали германска дисциплина и WTF А.В. ко гром од ведро небо ги сроди Метерчо и Полди. За Метерчо no comment тоа е тоа што ни требаше (осим за типуси кои бааат игла у влакно), а Полди мислам дека А.В. му ја згреши позицијата тотално или му фали партнер! Мислам дека тоа староно ја согледа грешката и годинава Полди ќе биде ѕвездата на Арсенал.
Артета е можеби најдоброто нешто што се мандала по среде терен у Арсенал после незнам колку време ... но некако ми се губи и тоа се почесто, накратко кажано навикнат си бев на Цеск последнине години. Не ме сфаќајте погрешно, 78-мо годиште сум и го пратам Арсенал, а богами и навивам за него кога 90% од енглески навивачи овде грмеа за единствениот клуб кој беше слушнат во СФРЈ - Манчестер Јунајтед ( а да не збориме за авионот што се изонаква па така дознаа ).
Санти Казорла ... можеби еден од најдобрите техничари кои Арсенал некогаш ги имал. Не ме сфаќајте погрешно, ниту сум Manager фанатик ниту пак некој си опасен стратег, но знам што сакам да гледам и што сакам мојот клуб да има. После 2004 Казорла е едноставно за нас совршенство!
Жиру .. се надевам дека ќе успее, сеуште сметам дека има потенцијал, но луѓе за мене Полди е нумеро уно!
Вилшир е можеби најсветлата точка во тимот, Џенкинсон го пцуев на форумов и клнев по неговиот прв автогол но детево се докажа дека е наш материјал.
Челото, Ремзи, Скуилачи, Фабиански дел од лугето кои треба да отпатуваат! На Верма сепак би му дал уштге една шанса, човекот направи през годините доста за клубот!
на Шчезни под итно му треба конкуренција инаку нема референтна точка врз основа на која би се воздигнувал!
Игуаин можеби и ни треба, но сепак мислам дека Полди и Жиру треба да се истакнат сезонава, имаат потенцијал ... Цезар, хмммм и за него сум пола пола, човекот имаше одлични моменти, но јас пре Леман би го донел ко тренер на голмани пред тоа бразилче да го запослам. Нани е тотална глупост .... го имаме Волчето, WTF ќе ни е друг.
Муабетот ми е дека мање више трансфериве ни се дебела утка.